Девојки, не знам каде го гледав коментарот за ножињата за мазнење лице од влакненца, па слободно модераторите нека го префрлат постов. Сега видов дека ги има во каталогот на Авон околу 180 денари.
Девојки на брадата имам премногу whiteheads, кажете ми како можат да се исчистат? Кога ќе видам некоја поголема ја стискам ама најчесто само ми се зголемува и проширува наместо да ја исчистам.
Генерално, никогаш не сум имала константен проблем со акни, но има периоди кога знае да се појави по некоја, исто така на брадата (најчесто во ПМС ми излегуваат). Почнав да користам пилинг на лицето редовно (1-2 пати неделно), исто така и тоник, и можам да кажам дека состојбата ми е многу подобра од претходно. Речиси да немам ни една акна. Само сакав да споделам лично искуство, можеби ќе ти биде од помош.
Ла рош е во принцип добра козметика за справување со акни, но има и многу подобри а и поевтини. Нема да ти донесе некоја огромна разлика, а и не се евтинки за да се расфрлаш за 'проба'. Биодерма истотака.
Јас го имам користено гелот , гел како гел ништо посебно не е многу ми го сушеше лицето онака добро ја чисти кожата . Додека од нивните креми ниту една не ми се погодила ..
Мене гелот фантастично ми влијаеше 2 месеци, таман се израдував- и после тоа не знам што се случи. Испари некако, како да му пројде дејството, ништо не се случуваше на кожата
Дали активен кислород може да се користи како тоник? Или потребно е во секој случај да се користи тоник?
Да може,дури и најдобра опција ти е Женски соната делува на флеките и лузните од акни или само на активни акни?
Јас ја ставам на цело лице месец дена и на активните акни леа гел и имам големо подобрување, соната сигурно ми помогна за флеките видно ми се намалени а за активните акни мислам дека повеќе ми помага леата
Здраво девојки, дали некоја од вас има користено пантенол крема? Ме интересира како делува таа крема и која и е функцијата. И ако може цена?
Ако имаш сува кожа на лицето да , јас ја користам но не многу често . И за раце е супер, функцијата е хидратација . А за цена не знам бидејќи ми ја дадоа во бети аптеки гратис со поголема сметка ( оддамна беше ова , некоја акција имале) ама не би требало да е поскапа од 150 - 200 ден
Јас имав спреј пантенол минатото лето и ми беше спас за иритирана кожа, црвенило, после сончање и сл. Го имав купено од Еурофарм.
Дали пантенол растворот 5% директно го ставаш да лице? Јас го имам користено за нокти и навистина помага и за во шампон, а за на лице малце ме зачуде.
По аптекиве никаде не можам да најдам Скинорен крема. Знае ли некоја од вас девојки што ја користи/користела некоја слична на неа ,со азелаична киселина во состав?
Да да на лице директно, го имам тој во шишенце како од сируп, ставам на туферче и го пребришувам лицето. Многу ми дава свежина на лицето, го ставам секоја вечер пред крема да нанесам. Kattzia го препорачува да се користи како тоник Btw. Како го користеше за нокти? Многу ми се кршат..
Zdravo. Sakam da prasam dali e ok koristenje na ovie proizvodi I ako ne e sto bi trebalo da promenam.. Nautro:mienje so olival pena za lice..serum c vitamin.i alverde krema spf 30.. Navecer: mienje so olival pena za lice..serum hijaluron hidrator na olival..@biodevojka
Јас сакам да ве прашам нешто, а ќе ви кажам што користам јас за да одржувам чисто лице. Дали некој од вас има мислење и искуство за производите на биотрејд, конкретно за акне аут колекцијата? Јас инаку гледам да не користам многу работи за лице, посебно не такви што не се измиваат и што се оставаат да делуваат подолго време. Моментално користам пилинг со AHA и BHA киселини неколку пати неделно и го користам регенеративниот крем од биотрејд кој има многу активни состојки и мене ми одговара, ми го смирува лицето, ги избледнува лузните и за сега немам некои негативни ефекти од него, ама гледам дека не е до толку популарна колекција кај нас па ме интересираше дали некој друг го има пробано. Кога користам пилинг после тоа користам и хидратантен крем. Инаку си користам и “природна“ козметика, си правам маска со зелена глина и масло од чајно дрво или масло од кантарион неколку пати неделно, и користам и активен кислород скоро редовно, и нели си практикувам и редовно чистење на лице наутро и навечер со некој гел, лосион - ама со што и да чистам лице обавезно плакнам со вода на крај. Активниот кислород според мене е страшно добра работа (со навистина ниска цена), барем за мојата кожа.