Зошто сарказам кај шо не треба? Темата е како до чисто лице? Најчесто тинејџерки пишуваат, па сега треба да се научат како да ја чуваат кожата. Јас многу пати како помала спиев со шминка. Огромна грешка. Дерматологот ми ги кажа овие работи плус кремче ми даде, што не помогна многу.
Зашто ако добро прочиташ во овие 477 страни ретко која страда од што не чисти шминка. Претежно се дискутира за проблематични кожи со акни, мозолчиња, флеки и сл. што не баш се решава со бришење шминка и пиење вода. А за гените џабе да дискутираме кога не можеме да ги смениме. Затоа сарказам.
Не ги прочитав мислењата, туку само насловот, никогаш не сум имала проблем со акни. Ако насловот беше “Третман на акни” ќе пишев друго. Акните најчесто се појавуваат како резултат на затнати пори, затоа се препорачува чистење на лицето 2 пати дневно на сабајле и пред легнување. Еднаш неделно се прави и пилинг. Настануваат за време за пубертет како резултат на зголемено лачење на хормони. Водата и дава еластичност на кожата. Исто, доколку имаат предиспозиција за акни треба да се почне со третман порано. Се избегнува чепкање на лицето. Дерматологот ќе одреди терапија, најчесто еритромици , тетрациклин и кортизон. Спремам дипломска поврзана со дерматологија, така да немој.
Во дијагностички правеше или на друго место? За сега само кај нив знам дека се прави, ама некако далеку ми се во ова време-невреме.
Го прават низ повеќе салони низ Скопје, знам дека во Дермабела го има. А јас го правев во мојот град.
Здраво, Машко сум и имам масна кожа, лицето го мијам со Neutrogena oil free гел, но потоа не ставам никаква дневна или ноќна хидратантна крема, по препорака на дерматолог. Ги прочитав поголемиот дел од мислењата, па би сакал да ве замолам да ми препорачате дневна и ноќна крема која би помогнала да се намали маснотијата на лицето. Ви благодарам.
Си немала проблем, тогаш ти немој. Не знаеш што значи да се соочуваш со акни и мрсна кожа. Едно е напишано во книга, друго е секое сабајле да се будиш и да гледаш хорор во огледало, да имаш дадено мало богатство на терапии, да не можеш со вода да се измиеш зашто те болат акните, да имаш слушнато милион мислења од дерматолози, да имаш направено секакви можни испитувања и пубертетот да е одамна зад тебе, но акните да ти се секојдневие. Јебала те дипломска, немој кога не минуваш низ таков пекол да се пикаш кај шо не те збира.
neutrogena cleanser-от најпрво фрли го, извини ама кој дерматолог може да ти го предложи тоа - нека си ја фрли дипломата. Второ, Bioderma имаат супер креми за регулирање на себумот на лицето, а и drugstore Балеа се супер. Хидратацијата на лицето е многу битна. Кога со гелот за миење на лицето си ги отстрануваш сите маснотии насилно , тогаш е исто ко да на лицето му се пали црвен аларм дека ти е суво и дехидрирано и сака уште повеќе себум да лачи лицето. Затоа кремата ја имаме, таа е тука за да го хидрира лицето и тогаш тој црвен аларм не се пали, и лицето да не лачи премногу себум ( мрснотија ), туку онолку колку е потребно. Јас користам пена за лице од Балеа- сината , таа не ми ги strip away the natural oils не знам кско точно ова да го кажам, но сепак после нејзе хидрирам и СПФ. И лицето дури после 8-10 саати знае да се измрси ама не многу. со среќа
Ја користам колекцијата на Biothrem за сува, осетлива кожа. Веќе ми е при крај, а тука во Мк ја нема. Многу пазам што редам на лице, пошо знае одма да ми се изритира. Avene исто така ги повлекле од продажба тука во Мк, па не знам што да земам. Препорака од вас за мицеларна вода и крем за сува,осетлива кожа? После бременост уште толку ми се исуши.
Иста е и мојата, најпогодени ми се мицеларната вода со смил од Оливал, кремата за лице Балеа Сензитив.
Мене во карантинов ми се исчисти лицево, скоро и да не ми излегуваат акни а од 6то одд. се мачам со нив. 1. Имам комбинирана кожа, па мрсни креми не ми одговараат. Друго, не мора да мислите дека ако фрлите над 500 ден за крема повеќе ќе ви помогне отколку некоја поевтина. Важно е да ви се погоди за вашата кожа. Јас ја користев оваа на Bioten за хидратација на кожата, воопшто не е мрсна и мислам дека беше клучна за подобрување на моето лице. Не значи дека по дифолт и на вас ќе ви одговара секако, но според мене може да ја пробате доколку имате комбинирана кожа. 2. Некористењето шминка исто така мислам дека имаше голема улога во подобрувањето на мојата состојба. 3. Менување навлака на перница на секои 3-4 дена. Ова е исто така многу важно, како и спиење на понова и почиста перница.
Мислам дека во ДМ ја гледав. Искрено не би ти препорачала бидејќи и оваа крема како и повеќето нивни е со доста алкохол и неколку различни парфеми (7 мислам) што може дополнително да ја иритираат кожата. Јас лично до сега сум пробала 3 и од сите се исфрлив дополнително.
На lookfantastic, кај нас нема нивни производи. https://www.lookfantastic.com/dermalogica-daily-microfoliant-74g/10362640.html