Хај дечки, би сакала да ви ја кажам мојата рутина: Наутро -миење со пена на pulpe de vie(преку еден ден, бидејќи имам нормална кожа без поголеми проблеми, останатите денови се мијам само со вода) -тоник на афродита за нормална кожа -нивеа софт крем за лице, одамна го користам и е совршен за мојата кожа -spf sundance, го зедов пред една недела од дм, ич не ми се свиѓа премрсен е и претежок, остава премногу сјај, ваљда би бил добар за сува кожа, но за мојата ич, и сега сакам да земам на биодерма (Деновиве сакам да почнам да користам и ниацинамид после тоникот) Навечер -миење со мицерална вода на биодерма -миење со пената -тоник -после него на полу-влажна кожа хијалуронска киселина на ревокс(по 2-3 капки ставам и тапкам, прв пат користам ако сум нешто грешка поправете ме) и чекам да се впие добро -на крај нивеа крем 1 неделно користам пилинг на балеа од кајсија и sheet маска за лице на гарниер со калинка и хијалуронска.. кога ја користам неа после не ставам дополнително хијалуронска на ревокс значи нова сум со рутиниве, плс ако правам некоја грешка поправете ме или ако мислете дека треба нешто плус секако кажете Е сега, ми се јави еден мал проблем. Акни воопшто не ми се појавуваат, освен пред циклус по 2,3 ми се прават секогаш на исти места, инаку немам мака со тоа. Откако почнав со рутинава, тоа е некаде 2 недели, ми се направија 4,5 акни, а не сум пред циклус. Што мислете дали би можело да биде од некој од производите? Читав некои девојки имале проблем со истиот спф, па може да е од тоа, или нешто друго...
Ко за почетник- браво! Најверојатно ти е од СПФ-от или оф пилингот. Доколку тоникот од афродита си го користела до сега , тогаш нема друг проблем!
Мислам дека насабајле нема потреба од ставање на обична крема, па после спф-то.... можеби и затоа го чувствуваш како толку мрсно и сјајно лицето.
Фала ти се користам прв пат.. ќе го тргнам сега спф-то, да видам дали е до тоа прво, ако не ќе пробам да видам до што е друго со отстранување на производите на некој период Не не дефинитивно не е до тоа.. ја пробав и спф кремата сама, многу е мрсна и тешка за моето лице навистина.. почнав да ја трошам за тело и деколте колку да ја потрошам каде исто така е многу мрсна и сјајна, но нема галје за таму толку
Здраво девојки Да ми предложите препарат за чуствителна кожа со константно црвенило на неа? Во средни 20ти години сум. Пробав разни кремчиња од ДМ си изнададов еден куп пари за креми и за серуми секакви чуда.. nothing helps. По можност со СПФ.
Девојки дали некоја скоро купила Далацин Ц или Аирол, барав во повеќе аптеки но никаде нема, па доколку некоја знае каде можам да ги најдам
Здраво девојки да споделам со вас искуство јас долго време за акни го користам кремојт здравје(исклучиво само плавото паковање) вопсто не е скам а лично мене многу ми годи ми помага за акни чини 50ден. го има во секоја аптека и поголеми маркети(тамаро, рамстор, тинекс...итд)
Девојки, веќе долго време користам креми и серуми за лице од Vichy, ама ги земав од Бугарија, бидејќи многумина ми имаат речено дека се разликуваат во квалитетот од оние во Македонија. Е сега, ситуацијата е таква каква што е, а веќе ми се при крај кремите, од кои сум презадоволна, па сакам да прашам, доколку некоја има искуство со линиите кои се достапни во Мк, дали е задоволна, бидејќи не се баш ефтини и не знам дали да им барам замена со други производи.
Јас ги корестев кремите на Vichy и сум задоволна. Пудрата ја користам сеуште и исто сум задоволна. Сеа не знам дали се ист квалитет ама тие што ги земав ми беа ок.
Денес за првпат хемиски пилинг направив. Советот беше да не го мијам лицето вечерва, евентуално ноќна лрема само за да делува сеуште пилингот. Има некоја од вас искуство со хем.пилинг?
Да. И стави чиста навлака. Инаку, треба да почне да ти се лупи кожата, но не корни се. Остави сами да паѓаат сувите делови. И не излегувај на сонце. Обавезно спф.
Ја немам користено ама мислам дека би била океј за твојот проблем. Прашај во аптека, имаат попуст до крај на неделава.
Не знам каде да прашам, па решив тука. Нека премести модератор ако има некое посоодветно место. Дали има REN козметика во Македонија? Ме интересираат туѓи искуства во врска со неа.
Јас само би сакала да кажам дека во последно време многу гледам дека се актуелни блогеркиве кај нас, пишуваат за производи што воопшто не ги ни пробале а луѓето се лажат и се купуваат мислејќи дека ќе им помогне некој производ....најбитно од се е да се чита составот на производот и така ќе се спречат многу несакани ефекти. Според мене не само препарати за лице туку и исхраната влијае многу и исто така пиењето вода.
Доколку не користите,веднаш набавете "Dove" сапун.Многу помага а не е ни толку скап,го има секаде.Исто така баш пред некое време почнав да користам "Lea Anti Akni" од Фитофарм,многу помага но содржи алкохол така да не би препорачала честа употреба.