Па добро,има различни видови кожа,јас имам комбинирана така да ми служи добро.Овој сапун е доста кремаст така да не ја суши толку кожата.
Bioderma, ја имаш како Rich и Light, зависно каква кожа имаш. Мидлам нема СПФ, но за чуствителна кожа е одлична. Има и ББ крем од истата линија, тој е со СПФ 30
Еве јас ќе ти одговорам, иако не сум во Мк. Козметиката на REN ми ја препорача другарка, ми требаше пена за измивање на лице и крем за околу очи. Кремот го користам еве 3 месеци веќе, разлика и не осетив некоја во околуочната област во однос на фините линии но еве да речам ми го хидрира тој дел затоа што ми е доста сув. Пената ми се допадна, нежно ми го измиваше лицето, немаше мирис и јаки состојки. Би ја споредила со многуфалената од Оливал со смил што е.
Дали витамин ц може да се користи два пати дневно? Досега го користев само навечер, ама пошто знам дека од прилика има рок на траење околу 3 месеци откако ќе се отвори, а со ова темпо ќе треба 70% од производот да го фрлам, сакав да почнам наутро и навечер, чисто за економичност
Здраво Дали би можел некој да ми предложи некоја нега за лице бидејќи не се разбирам многу. Имам најверојатно мрсна кожа со проширени пори и цркни и знае да ми се појавуваат како бубулици ( и како поткожни бубулички), кои кога ќе ги стиснам најчесто знае да излезе проѕирна течност. Користам само мицеларна вода детокс за вадење на шминка и толку.
Јас мислам дека еднаш на ден може. Барем на децием како што имам читано пишува am or pm. Сепак пребарај на интернет можеби ќе најдеш некоја информација.
Здраво. Имам доста чувствителна кожа, често после бањање ми се појавува црвенило кое трае со саати, заедно со лупење. Општо кожата ми е доста сува, со акни по образите, а повеќе и на муцката. До сега никогаш не сум користела никакви препарати, но би сакала да започнам со некоја рутина којашто би ми помогнала против акните. Ако може да споделете што и колку често користите за негување на лицето. Фала.
Ајде некоја феминка да не’ просветли како го решила проблемот зо затнати пори? Ги решив акните кои ми излегуваа од несоодветна козметика, сега ми излегува по некоја пред да добијам, ама порите ми се затворени и ми се полнат, па ми излегуваат whiteheads. Години мачам со ова... П.С. во моментов користам Revox салицилна и ницијамид за кои можам да кажам дека не направија никаква драстична промена за мене, но сепак ги користам само еден месец. Исто така ги имам дома производите на Revuelle- скработ и маската и nourishing серумот кој навистина го мрси моето лице, ама немам purge или сл. Ве молам препорачајте производи кои вам ви помогнале со најдосадните затворени пори.
Да разјаснам нешто, не знам колку има врска НО , СКРАБ(scrub) ми ствара проблеми на лице , додека ПИЛИНГ (peeling) не. Земав од Нивеа скраб но не го читав многу дека на него пишува дека е скраб дека на македонски го превеле како пилинг. Од 3 користења лицето ненормално ми се уништи. А од пилинизи ( што пишувало на нив peeling) што сум користела никогаш така не било.
Девојки дали некој има користено производи од FrezyDerm од Зегин за акни ? Многу сум задоволна од спф кремата па би сакала нешто и за акните да пробам
Мене еднаш ми ги понудија во Зегин како замена за Vichy пошто немаа, као исто биле добри а поефтини, но не зедов. Сега зедов нивна спф обоена и ок ми е, ни фантазија, ни лоша. И кога ја земав спф исто аптекарката ги испофали многу биле добри...
Дали практикуваш двојно чистење на кожата? Без разлика дали имаш шминка или не, на вечер прво со некое масло или маслен чистач па потоа со гел или пена се миеш. Незнам дали ќе ти помогне колку што очекуваш, но ова е една рутинка која добро се чистат наталожените нечистотии и спф кои ги имаш на лицето во текот на еден ден.