Ниацинамидот може да ти создава акни. Јас два пати му дадов шанса , ама готово, се откажав. Многу ми е подобро лицето сега само со спф и крема отколку кога `шлапав` по лицето од овие серумите.. Не го користи некое време па види дали ќе се смири
Ниацинамидот се препорачува само еднаш дневно да се користи. Пробајте така. Барем кај мене супер делува.
Исто и јас го користев скоро 2 недели и буквално секој ден ми излегуваа нови подкожни болни акни, лицето ми се упропасти уште повеќе, еве скоро месец како го прекинав и лицето не можи да ми се врати во нормала И јас прекинав се да користам само миење со пена и спф ама џабе нема никаков ефект.. барем тоа е моето искуство на некој може стварно му помага
Ист случај, и јас да се пријавам, ми требаше буквално месец дена да се опоравам од една, две недели користење. А бев многу, многу внимателна. И не, не беше purging туку само кожата ми вриштеше дека не и одговара. Можда друга формулација би била подобра, јас го имав на ТО, ама не знам дали би се осмелила да пробам пак, трауми имам. А многу сакав да ми се допадне.
Леле фала ви, не сум знаела дека освен purging може да ми создаде проблеми. Некое време ќе го исфрлам , па ќе видиме
Ја би ти рекла тргни ја кремата на La Roche Posay, мене партал ми го напраи лицето, нијацинамидот само насабајле ставај го и земи си сона гел само тоа е спасот. А тие bioxine i shiseido не знам какви се за лице ама не трупај толку производи на лице. Јас ставам балеа пена,активен кислород,нијацинамид,сона гел,Спф кога идам надвор,тоник, пантенол крем.
mozno li bukvalno preku nok da ti se smeni tipot na kozata ili nesto dr e? celo vreme imav epten suva koza porite nevidlivi edvaj malku krema da se vpie eve ovie 2 dena mi e mrsna na celoto i delot podocite dopola obrazi , porite se vidlivi, ic ne mi se dopaga vaka kakva krema da baram sega za mrsna koza?
Сигурна ли си дека имаш(е) сува кожа? Да не имаш природно нормална кон мрсна кожа која била дехидрирана? Дехидрираната мрсна кожа се одликува со лачење на себум (како за мрсна кожа) и истовремено лупење или затегнатост на кожата. Ако ти е дехидрирана мрсна кожа, пробај со користење на немрсна, полесна крема за да не те мрси дополнително и хијалуронски серум (на влажна кожа) за рехидратација на кожата. Типот на кожа може да се менува во зависност од (годишното) време, со тек на годините (стареење) или вештачки да се влијае преку производите што се користат за нега на кожа (пример, ако се користат производи што ја сушат кожата, таа ќе стане посува за време на користење на производите), меѓутоа не сум слушнала никогаш да се промени големината на порите преку ноќ . А и веројатно ништо не си сменила во рутината што би ти ја предизвикала промената и ако знам добро, помлада си така што, освен можеби грешна проценка на типот на кожа или поради овие временски промени што нѝ се случуваат, не знам што да ти кажам .
Здраво, ќе споделам и јас искуство за оваа колекција. Пред некое време започнав да ја користам оваа колекција на Биодерма и сега за сега сум задоволна. Гелот е сосема океј ако имаш мрсна кожа, убаво чисти шминка, ме нервира само што не прави многу пена па обично ставам два пати, до сега не сум почувствувала да ми ја пресуши или затегне.... мицеларната вода е одлична, вистинско освежување и редовно ја користам пред крема за спиење и наутро пред шминкање. Е кремата на моменти знае така да ми предизвика чешање, инаку ми е супер не ми ја суши кожата и пријатна ми е за навечер. Ги користам два месеци и имам многу поголемо подобрување во споредба со сите предходно креми и чуда што сум ги пробала....
Мене La Roche Possay најмногу ми помогна, било што и да користев од нив. Значи залудно давате вакви мислења како од стилот "мајни го тој продукт мене ми го влоши лицето". На секого различно делува. Сона кремата мене ми го уништи лицето. Патем, La Roche имаат линии на продукти за буквално секаков тип на кожа. За shiseido можам да кажам дека се доста скапи, а и предобри. Квалитетен бренд се, братучедка ми ги користи, а и јас пробував флуид некој за мрсна кожа. Значи немам коментар предобра козметика. Штета што немам можност да си ги дозволам во моментот.
Ете ти се погодило, јас познавам многу луѓе што не се задоволни од таа крема,а јас го имам користено и гелот освен што ми го пресуши лицето ништо друго не добив.
Јас само да споделам искуство. Имав страшни акни, гнојаници на лицето. Одев по доктори, гинеколози и испробав 300 креми, пени и гелови за миење, маски. Ми дојде се преку глава, бев без работа, не одев никаде и решив малце да и дадам на кожава да дишне. почнав да се мијам со сапун. да да сапун, едннаш на сабајле, не многу само го триев и од пената ставав на лицето, на брзина го протривав и одма плакнев. Потоа си ставав кокосово масло, ама не многу, значи минимално. И толку беше. И требаше на кожата период да се навикне, покрај тие отрови што ги примаше дотогаш. Сега да не се заречам, ама немам повеќе проблем со лицето, и мие чисто. И што заклучив од мојот случај. Сум претерувала со козметика. е тоа...
За сапун викаат дека го сушел лицето ама па можеби премрсна ако е кожата да помага, кој го користеше? Иначе и за кокосово масло за акни не се препорачува, јас лично имав лошо искуство уште повеќе ми се нафрлаше ама сепак секоја кожа различно, се е индивидуално
И јас да се надоврзам за Биодермата.Ги имам сите креми на Биодерма Себиум линијата пробано и доста долго време им имам дадено за да видам како се однесуваат.Гелот е предобар,значи врв.Доволно е хидрирачки и ја чисти преубаво кожата и не ти ја остава кожата затегната како пресушена.Се согласувам дека не прави многу пена,но реално и другите гелови што ги имам пробано не прават којзнае колку.Мицеларната вода Себиум ја немам пробано бидејќи сум презадоволна од Сенсибио.Насабајле ја ставам моментално Биодерма Себиум Хидра и кремата е предобра исто.Лесна,хидрирачка,остава убаво чувство и баш ја хидрира кожата како што пишува.Само единствена маана и е што не е мат па баш ја ставам за денови кога не искачам од дома бидејќи светам како лампион.За крема со фактор,мене ми одговара многу Фотодерм Аквафлуид 50 фактор,има добра заштита не е како зејтин да имаш ставено и што е најбитно составот е многу убав и не ми ствара барем мене подкожни и не ми запушува пори.За навечер ја користам Биодерма Себиум Глобал и деевојки кремата ми го има направено лицево џам.Се мачам со флеки од акни и акни и од кога почнав да ја користам на лицево моментално немам ниту една акна.И флеките ми се избледени каде каде.Благодарение на Глобалот јас сега искачам надвор без ББ крема и кожата ми е преубава.Мене искрено не ми ја суши кожата бидејки ја користам во комбинација со Хидрата.Исто така кога искачам од дома наместо Хидра,ја ставам Биодерма Себиум Сенситив.Ја користев лани исто така и лани ми одговараше,ама ми се појавија флеките по некое време и ја баталив бидејќи мислев дека се од нејзе.Ама не беа од нејзе така да сега повторно ми одговара.Убава е,мат хидрира и е исто така лесна.На челото и на брадата после нејзе,ставам малку Биодерма Себиум Пор Рифајнер и ми ги матира тие места баш убаво и ми смирува било какви црвенила и да имам.Јас сум презадоволна од Биодерма,а особено Глобал
Дали некој има искуство со хормонални акни? Почнуваат да ми се појавуваат секогаш на истото место, околу брадата или челото, и секогаш пред добивање. Секогаш се како цисти, внатре со гној и се болни. Имам бензол пероксид и обично мачкам само на акната и се смирува за неколку дена, ама ми оставаат лузни и ме нервира. Некое искуство?
Јас ги користам производите на Леа. Ми имаат помогнато. Едното е лосион се мачка 3 пати во денот. Другото е гел и се става само навечер пред легнување. Се мачкаш 3 пат со лосионот за последен пат чекаш неколку минути и се мачкаш со гелот. Вака изгледаат ако некој го интересира.
Здраво, прочитав дека користиш активен кислород, па сакав да споделам мое мислење за активниот кислород. Мислам дека не треба да се користи за нега на кожа, бидејки 98% е вода и 0.04% има активен кислород, а со тоа кога на вода се додава активен кислород се добива хидроген. Хидрогенот прави дезинфекција, па може да ја оштети микрофлората на кожата. Сепак доколку ти одговара, се извинувам, но знам дека има многу со осетлива кожа па затоа пишав.
Обичен глицерински сапун. Не ни знаев дека кокосово не е за мрсна кожа. Јас ни не знам каква имам, ама не вервувам дека имам мрсна. Можеби комбинирана. Едноставно ми дојде се преку глава, еден куп пари за секакви препарати се изнадавав. И пресеков, нема ништо повеќе да ставам, па ни пудра. И сега чиста кожа имам.