Јас од Србија го порачував, но еднаш така на среќа го најдов во Зегин имале залиха, прашај и во Виола, може таму има
Ова денес го купив. Гел за миење за многу чувствителна, сува и оштетена кожа склона кон иритации. Со нијацинамид е. Пишува дека и на бебиња може да се користи. Пред 15мин. се измив, го оставив на лице додека се капев. Резултат: Спојлер: Резултат И веќе пола саат ми е црвено лицето. Можно ли е да е од Нијацинамидот или дека подолго време го оставив на лице? Со оглед на тоа што е 800ден. и е за многу чувствителна кожа, не излезе баш така.
Zdravo , imam dosta cisto lice samo mnogu osetlivo no vo posledno vreme na celoto na hairline-ot potocno pocnaa da mi iskacaat bas golemi potkozni bubulici (vezbam pa najverojatno od sto se potam) ima li nekoe chare za pobrzo da se trgnat?
Пробај види значи само го триеш на лицето нормално како се мие и толку. Па види разлика .. Ако не ти годи, исфрлај го. Од потење се тие. Тоа место редовно чисти го со тоник , јас после вежбање на сабајле си ја нанесувам дневната рутина, во која е и чистење со тоник , значи ПОСЛЕ вежбање го чистиш лицето. Истотака, можеш редновно(2-3пати во денот) да си го чистиш лицето на тие местиња со розина вода и тоа многу ќе ти помогне.
Не знам што да правам со моето лице, имам многу црвенило, дерматит. Порано имав околу носот и веѓите, почна секаде да се шири, имам на челото, на образите. Се мачкам со келулал дс, помага ама привремено. Пример ќе нема ден два пак ќе се појави или пак помалку од тоа. Навечер највеќе имам се мачкам и утрето ништо нема. Порано имав само во зима сега еве и во лето имам. Не знам што да правам, ми смета многу, ме чеша. Чаре некое?
На едно место на лицево, од акна ми се направи модринка. Баш е модро,приметливо,дури црно, и болно на допир Што да и ставам да избледне, да не боли? Ко да сум со удрила таму..
Препорака за некои производи од Дм за мрсна кожа ( мицеларна , гел ) не прескапи дома имам добри ама сега во бременоста ми треба нешто полесно или на природна база , сега од хормоните пак склоно кон акни Овие од алверде кои беа за мрсна кожа , знам оние со роза беа за сува ..
5 недели терам вака но веќе забележувам порите ми се ептен зголемени на образите, црнките на носот никогаш не ми се приметувале а сега се доста видливи и на површина. Исто така забележувам текстурата на кожата не е рамна туку се појавуваат како ситни ситни бубулици (?) Дали е ова нормален резултат после користење на серумиве или нешто грешно правам? А баш се стремев кон glass skin
Ако си ги вметнала сите (или голем дел на) производи истовремено, тешко би било да се каже од што ти е. Кај некои луѓе нијацинамидот има такви реакции, а и кремите и СПФ кремите знаат доста често да прават проблеми. Според ова што го користиш, претпоставувам дека имаш комбинирана или мрсна кожа (склона на акни). Мој совет е да одиш целосно минималистички, односно да се посветиш на што е можно помалку производи истовремено додека не откриеш што ти прави проблем. Ко за почеток, основни работи што ќе ги користиш нека се средствата за миење лице и една крема. Пример, една седмица само миј го лицето, и ставај од хијалуронската киселина (како состојка што ретко предизвикува иритации - најчесто кај луѓе кои се алергични на неа) и од кремата на Revuele и види како ти реагира кожата. Следната седмица додај ја кремата на Carroten. Ако се случува нафрлување, потоа пробај наутро да ја ставаш само неа, без таа на Revuele, бидејќи можеби одделно двете се во ред, но заедно да не ти функционираат, особено ако си со помрсна кожа и ставаш ноќна крема (која често е помрсна од дневна крема) и плус СПФ крема која по природа е помрсна. Ако и вака ти одговара, на крај додај го нијацинамидот, па дури тогаш ќе видиш дали е од него (или негова комбинација со другите производи). AHA серумот не би требало да ти прави проблеми, особено не вакви. Салицилната исто не би требало да ти прави проблеми, бидејќи би поминал периодот на purging, а и баш со салицилната би требало да ти се „намалат“ порите и да ти се исчистат црнките. Затоа и мислам дека или имаш реакција од нијацинамидот или некоја од кремите ти ги „полни“ порите. Проблемот со ова е што еве можеби ќе поминеш една седмица без СПФ крема, особено во жештините и кога UV индексот е поголем, ама навистина не знам како поинаку да „изолираш“ кој производ (или комбинација) ти прави проблеми. Евентуално можеш првата седмица наутро да користиш само хијалуронска + кремата на Carroten, а навечер само кремата на Revuele. За жал, мора да експериментираш и уште поважно, да имаш трпение за да експериментираш. Патем, би ти рекла уште неколку работи: 1. Не користи facial scrub. Ако веќе го користиш (или барем дотроши го тој што го имаш), биди нежна кога го триеш од лицето, и покрај тоа што ти изгледа како да има фини, мали честички. 2. Ако не ставаш една седмица СПФ крема, можеби и немаш потреба тогаш да го користиш маслото за миење лице. 3. Ако не ти е премрсно/нечисто лицето наутро, не мора да го миеш со средство, можеш и само со вода. 4. Тука ќе напишам уште неколку потточки поврзани со салицилната киселина: - ти всушност, и без серумот од салицилна киселина ставаш два пати дневно салицилна киселина: двата производи на Neutrogena се со салицилна киселина. Ова значи дека не ти е неопходен засебен серум од салицилна киселина. Dr. Dray (од youtube) смета дека салицилната киселина може да е добра и во wash-off product (како овие што ги имаш), само да го подоставиш средството на лице некоја минутка, за да добиеш максимална придобивка, односно да ти се впие поголем дел од салицилната киселина, наместо биде измиен. Така што, можеш да пробаш и само така, а да си го чуваш серумот за период кога ќе користиш средство за миење на лице без салицилна киселина. - ако мислиш дека имаш congested skin, не е проблем и да ставаш салицилна два пати дневно, не е иритирачка состојка и баш е anti-inflammatory (така и ги смирува мозолчињата). Fun fact: салицилната киселина се добива од иста состојка како и аспиринот: салицин, која се добива од природата. Затоа и има слично дејство како него. - кога ќе сметаш дека кожата ти се подобрила, доволно е и да ја ставаш еднаш дневно, а понатаму ако сакаш можеш да намалиш и на неколку пати седмично. Се надевам дека ти помогнав некако .