Зошто не го смениш клинсерот? Земи го на биодерма себиум тој плавиот. Леле кога ќе ми текне какво лице имав сега џам сум.
Со сите серуми одеднаш почнав... Инаку имам комбинирана кожа. Баш приметувам дека порите најмногу ми се забележуваат преку ден односно откако ќе завршам со сабајлечката рутина. А и приметувам каротенов некако допринесува во затнување на порите и баш ми предизвикува црвенило. Изгледа многу му доаѓа на лицево дневната рутина, одеднаш шлапање со серумите и кремите едно по друго. Ќе намалам дефинитивно. Вчера за прв пат го тестирав ниацинамидот без хијалуронска и искрено не изгледаше баш најдобро. Како уште толку да ми се затнаа порите. Ќе го исфрлам и него и каротенот па ќе видам каков ќе биде резултатот. Инаку планирав да зголемам користење на салицилната и AHA ама не знам дали смеам сега да експериментирам. Овие две ми се супер инаку. Знам дека не е од нив! Уште нешто, тука читнав дека кога користам вакви киселини без разлика што ги ставам навечер, дека морам СПФ да користам преку ден. Се придржував до тоа но сега кога планирам да го исфрлам каротенот, не знам дали да паузирам со СПФ една недела или пак да најдам некое подобро за мојот тип на кожа (не сакам мат, но не сакам баш и да светнувам). Доколку некој има некаква препорака со пристојна цена, слушам. Исто така, дали би можела да ми препорачаш некоја замена за ниацинамидот, доколку тој ги прави сите овие проблеми? Баш има одлични бенефиции Имам прочитано нешто за ретинол, но сепак не сум доволно едуцирана за тоа ниту пак знам како би го вметнала во рутинава. Фала ти премногу за одвоеното време, вечно благодарна. Буби јас би да ги сменам сите кленсери но моментално не би да експериментирам, плус сум на буџет. Сепак би сакала да знам каде може да се најде твојов, а и ќе читнам нешто повеќе за него.
Можеш да паузираш и со киселините во текот на таа седмица кога нема да користиш СПФ крема. Поевтина СПФ крема што сум ја пробала од аптеки е таа од Frezyderm, 700 денари е. Другите се поскапи. Што се однесува до замена на нијацинамидот, и од The Ordinary се жалат луѓето за такви реакции. Можеби можеш да разгледаш од The Inkey List? Лично и јас не сум почнала да користам ретинол, ама мислам дека тој од The Inkey List се смета за добар почетен ретинол. Може да се користи било кога (иако пожелно навечер, а ако се користи наутро, задолжително да се става доволна количина на СПФ крема). Во зависност од јачината, може да се става пред или после крема (ставањето по кремата го намалува ризикот за иритации поради тоа што ќе му е потешко да пенетрира, односно и побавно ќе пенетрира во кожата). Технички може да се комбинира со сè, но се смета дека можноста за иритација би била поголема кога се комбинира со AHA/BHA или витамин Ц, бидејќи и тие се помоќни состојки. Сепак, тоа зависи од сопствената кожа: некој може да го поднесе, некој не.
Секое утро и вечер го користиш? Во кои чистачи спаѓа овој? На база на масло или вода? Сеуште лутам и учам околу skin care, сеуште не применувам double cleansing, па барам производи и тоа да го решам. Како што читав прво се чисти со маслен чистач па со чистач на база на вода. Јас до сега само со Биодерма црвената го чистев и почнував со серуми. Можеш нешто околу ова да ми помогнеш?
Јас користам мицерална вода, потоа со пена од Балеа измивам, сината, тапкам со пешкир, тоник од dr.Konopka’s (3 дена веќе го користам) потоа серуми,хидратанта крема. Мислам дека вака е во ред,барем од тоа што читав. Овој од Биодерма го меркам,ама не сум го пробала,но сега за сега сум задоволна од мојата рутина.
Овој всушност го регулира себумот(мрснотијата) да не ти е над граница. Многу убаво чисти,шминка вади одлично со само едно измивање. Го користам наутро и навечер. За маслен чистач не знам дали смее да се користи за мрсна кожа ко мојава. Ама дека е феноменален тоа не го оспорувам.
На база на вода се ваквите типови на чистачи - пени, гелови или млека и да, се користат после маслените чистачи. Маслените се баш (мешавина од) масла и се или течни како нормално масло или се тврди, во вид на балсам (како балсамите за усни). Не знам за аптекарските брендови, ама во dm има масло од Balea и два типови на масло од Nivea. Можно е да има и од Alverde и/или Olival, ама не сум сигурна. Двојното чистење е доволно да се прави само навечер, особено ако носиш шминка. Наутро можеш или само пена/гел/млеко или, ако го чувствуваш чисто лицето кога ќе станеш (и особено ако имаш сува кожа), можеш да се исплакнеш само со вода. Смее да се користат маслени чистачи и за мрсна кожа, само треба да внимаваш да не е некое комедогено масло (како на пример: кокосово). Нема да го оставаш да ти стои долго време на лице, односно ќе го измиеш, па дури и да е комедогено, не би требало да ти направи проблеми, ама подобро е да одбереш посигурно, за секој случај. Hyram и James Welsh на youtube имаат мрсна кожа, сигурно ќе најдеш нешто што го предлагаат што го има во ЕУ или барем е полесно за порачување таму, ако сакаш да пробаш маслен чистач. Во најмала рака, Balea маслото од dm е многу лесно и течно и е на база на сончогледово масло (потечно е од класичното сончогледово масло, има повеќе конзистенција како вода).
@buba4e јас имам масна кожа и користам маслени чистачи,не ми ја мастат дополнително кожата Имам користено од балмовите на Lush, The body shop i Clinique Денес купив на Caudalie ама во вид на масло е, кога ќе го пробам ќе пишам
Јас па од Балеа кленсерот (мрсна кожа) имам меххх искуство. Како да ми наполни порите, ми стои на полица сега. Иначе фантастично искуство имам со Freezyderm зелениот кленсер за мрсна кожа склона на акни (какви било, тоа им го пишува на амбалажата) со АHA-BHA состојки е (околу 600 700 во Зегин). Ама имам приметено нешто чудно: купувам гел за миење лице La roche (за иста намена) и ми функцуонира топ. После 5 месеци не. Сега и со Freezyderm како да почнува истото, како да се презаситува кожата и веќе гелот не ги дава истите резултати. Му се случило на некој?
Девојки дали некој знае каде може да се побара козметиката на CeraVe Sa косметиката? Дали е достапна во Македонија и каде? И дали познавате гел за туширање, пилинг, кој содржи салицилна киселина?
Кога се работи за активни состојки (AHA, BHA, benzoyl peroxide, ретинол), секогаш најголеми резултати ќе имаш на почетокот, кога имаш најголема потреба, т.е. кога најмногу работи треба да ти се „средат" во кожата. После тој период ги користиш производите само за одржување на состојбата на кожата. Не е презаситена, туку едноставно редовно си ја врши работата (можеби глупав пример, ама нешто како кога ќе направиш дома генералка, па потоа само ја одржуваш состојбата ). Тогаш дури и може да се намали со употреба на таквиот производ или да се користи производ со поголема концентрација. Во твојот случај не се работи за серум, па нема што да зголемуваш концентрација, а и не можеш да намалиш со употреба (пример: 3 пати седмично наместо секој ден), бидејќи мора секој ден да си го миеш лицето. Всушност, можеш да намалиш, ама ако имаш и друго средство за чистење лице кое не содржи AHA/BHA, туку е скроз обично. Така, можеш да го користиш тоа да речеме 4 пати седмично, а ова 3 пати. Или, ако се миеш 2 пати дневно, наутро да почнеш да се миеш со едното, навечер со другото, па понатаму да го намалиш AHA/BHA средството на неколку дена. А, ако продолжуваат да се појавуваат акни или не може да ги доисчисти целосно, тогаш или ти треба посилна концентрација или се хормонални/цистични, како и да се викаат, кои можат да се решат со производи што ги препишува дерматолог. Всушност, тие производи пак се поголема концентрација, само се со рецепта бидејќи во козметичките производи не е дозволено да се користи повисока концентрација од некоја определена за состојката. Тоа е така, бидејќи може да има лоши side-effects и не се дозволува било кој да си ги зема на сопствена рака, мора професионалец (дерматолог) да процени дека навистина ти треба толкава концентрација.
Дали има кај нас Роакутан од 20мг и која цена се? Пијам 2 апчиња по 10мг, па да видам дали ми е вака поисплатливо.