Мислам дека доволно беа коментари на оваа тема со сапунот и водата. Си кажавте сите мислење и тоа е тоа, нема поента да се препукуваме со овие работи. Ќе ве замолам да се прекине тука, а во иднина ќе се филтрираат вакви коментари уште од самиот почеток.
Здраво Некоја препорака за избелување на црвени точки останати од акни? Користев крема 4 месеци препорачана од дерматолог нема никакви промени сеуште е видливо црвенилото
Ja ima nekoj koristeno tonalnata krema od freezy derm? Dali e mat, i dali predizvikuva nesakani pojavi?
Ми беше чисто лицето едно време со понекоја акна пред да ми дојде, ама во последно време ми се појавуваат само кај долниот дел на образот т.е и на двата и на муцката исто, ме болат и ме чешаат. Читав дека тие акни на тој дел од лицето се хормонални, пиев едно време такви апчиња, ама не сакам повеќе, се изморив. Ако сака нека има акни не можам повеќе да се борам со нив.
Мене ми се јавуваа големи, болни акни во пределот на левиот образ, виличната коска и вратот. Откако ги користам серумите на Ревокс (салицилна киселина и нијацинамид), пропратено со темелно чистење на шминка и примена на тоник (претходно никогаш не сум употребувала тоник) ниедна нова акна не ми се појави. Исто и флеките од акни ми се избледени, имам уште една што уште се познава, ама сигурно ќе избледи и таа . Единствено мислам дека за дупчињата нема спас...
Женски, Некоја да користела производи на Yves Rocher за чистење на лицето? Конкретно ми треба некој убав гел за миење. Сега за сега користам само серуми на Revox и Oridinary, ама бидејќи уште малку имам од вторите, сакам да преминам целосно на Revох, иако сум малку скептична дали се исто толку квалитетни... Од моето искуство, најголемите проблеми со лицето ги имам кога не го чистам доволно.
Дали некоја девојка шо има мрсна кожа, еднаш засекогаш се решила од проблемот? Мислам од црнки, проширени пори и мрснотија на лицето. И шо ви помага, кои производи?
Имам мрсна кожа т.е. имав и откаков почнав подобро да се грижам за моето лице ми се среди мрсното лице, а за проширени пори и црнки треба подолг период.. за тоа користам салицилна кислеина од ревокс па за многу видливи резултати има време.
Девојчиња ви се десило од салицилната да ви искочат плус бубулици? Ми искочија две на образот каде што порано се исфрлав.
Да, да, таква и е функцијата ќе ти се средат воопшто не се оптеретувај, тие акни што требало да ти излезат за 5-6 дена ти излегле веднаш
Од кај ги тие производи? И јас имам такви акни исто на тие места што ги кажа ти, мене ме чешаат и ме болат дури и на шијата имам. Еве какви се