@Lovelynne од кај ги зема производите? Горе погрешно сум напишала, а не можам да го редактирам мислењето.
Јас имав паузирано некое време и ставив последниве два дена и се исфрлив. Ќе си останам верна на ниацинамидот, од него сум најзадоволна.
Вака, знам дека претежно членовите се од понежниот пол ама многу ќе сум ви благодарен ако некоја ми помогне. Конечно се решив да почнам со секојдневна рутина за да си го средам лицето, па сега вака, имам нормална кожа и сакам да ми препорачате добри продукти за основна нега на лице. На пример face wash/cleanser, хидратантен гел или лосион по можност со спф, денски, и ноќен регенеративен,исто така и ексфолиант scrub или хемиски? Мислам дека ова е добро за почеток па ве очекувам кои брендови и продукти ќе ми ги посочите како најдобри. Фала однапред☺️
Најдов страница на инстаграм каде што продават skincare производи и шминки од многу добри фирми што ги нема во продавници во Македонија, ама не знам дали ми се сигурни да порачам па ај си реков да прашам тука. Дали некоја од вас има порачано од @makeuponlineproduct и ако има какво ви било искуството?
Наутро: 1.Го мијам лицето со гел.Јас го користам од dm тој со краставица и мене лично ми е супер. 2.Поминувам со тоник. Јас го користам Natura Siberica(портокаловиот) од Bellina 3.Ставам серум Витамин ц.(2,3 капки и го мачкам целото лице) 4.Ставам крема со заштитен фактор. Навечер: 1.Поминувам со мицеларна вода. 2.Го мијам лицето со гел 3.Поминувам со тоник(истиот што го користам наутро) 4.Бекутан крема. Јас имав многу проблематично лице.Веќе месец дена ја користам оваа рутина и лицето ми е многу чисто што не ставам ни пудра.
Девојки ми треба ваша помош , значи имам комбинирана кожа , мрсна ми е на Т зоната , сува под очи и мрсна на образите. Проблемот ми е следен на Т зона имам црнки а кај образите whiteheads дали може да ми препорачате нешто НАВИСТИНА ЕФЕКТИВНО што ќе ми ги исчисти порите. Одам на третмани но премногу пари ми се со оглед дека одам секој месец и се на се според калкулациите трошам околу 16 000 годишно а не е некое трајно решение за овој мој проблем. Ви благодарам многу
Јас искрено најголемо подобрување на кожата имам од ниацинамидот на Ревокс и Акнефуг. После Акнефуг кожата ти е баш чиста, но малку ја суши, а ниацинамидот во исто време ја хидрира и ја држи мат. Врз него нормално кремата што си ја користиш секојдневно.
Акнефугот е совршен за акни зошто одма ги суши затоа и не се остава повеќе од 5 мин зошто ја гори кожата. Мене поголем проблем ми се црнките и whiteheads кои не можам да ги решам со Акнефугот
Девојки како се справувате со психолошкиот момент на нечисто лице, пробување производи, менување дерматолози, ново исфрлување од нови производи и на крајот пак нема ефект. Јас не се справувам долго, барем според искуства од девојки, моево трае околу 7,8 месеци, ама веќе....попуштам. Секое утро мислам леле се случи магија и кога ќе се погледнам.... И постојано сум на праг да се откажам и ако треба и "гомно" ќе ставам само нека помини. Некако to much ми дојде, како опседната станав, константно читам, барам, се анализирам во огледало. Последно што сметам е да сменам исхрана целосно, само овошје и зеленчук, ама не може цел живот само на тоа да сум
Убаво си кажа психолошки момент.. јас би ти препорачала да не се оптоваруваш многу,опушти се малце,кажувај си дека имаш убаво лице,не се гледај на огледалцата што зголемуваат и најважно не се стискај. Секако применувај си некоја рутина на чистење на лицето,вадење шминка обавезно,гел,тоник и крема,биди среќна со самата себе и ке видиш ке има промена. Исхраната нема голема улога,и со тоа не се оптоварувај,јади си нормално.
Пеρиодот е. Во пубертетот хормоните се поаκтивни и тоа се рефлеκтира на целиот лајфстајл а, со тоа и на лицето. Подоцна, во адолесценцијата, овој проблем се надминува и фунκциите во организмот се нормализираат. Аκо и со тоа не се среди лицето, после првиот пораѓај мислам ќе е оκ.
Мене дерматологот ми препорача јога и доколку шминката прави да се чувствувам подобро слободно да се шминкам. Пробај со намалување на шеќерот до минимум, тоа најчесто прави штета.
Здраво. Читам доста девојки користите ниацинамид. И сакам да знам со колку % сте почнале. Дали од 1-5% или повеќе? Некаде читав дека за почетници било подобро од 1-5% ама не можам да најдам со толкав процент. Само тој на Ревокс од 10%. Дали може одма да почнам со тој, или да си барам од другиот со помал процент?
Секоја кожа различно реагира, но мислам дека не би требало да имаш никакви проблеми со овој на Ревокс. Општо ниацинамидот е доста безбеден и мали се шансите за иритација. Доколку баш сакаш да бидеш претпазлива можеш да почнеш со тоникот на Афродита со ниацинамид, па после преку еден ден да почнеш со серумов и на крај можеш секој ден.