Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    И јас почнав веднаш со тој на Ревокс, немам несакани ефекти, четврти месец како го користам.
     
    На poppie, ludamaja10, kostovaivana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    @Elence93 @Aschenputtel
    Супер фала ви. Ќе пробам со Ревокс па ќе видиме.
     
  3. Đanaa18

    Đanaa18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2020
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Има подобрување?
     
  4. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум имала чисто лице секогаш сум имала проблеми со акни, но не како последните 6 месеци. Знам дека прво треба консултација со дерматолог, но никогаш досега не ми помогнале, не зборувам само за проблемот со кожата на лицето, туку генерално. Не се воопшто посветени на проблеми како што се акни и не прават испитувања да откријат што е причината за нив. Не сум во Скопје, па и немам некој избор на дерматолог, инаку сум била и во Скопје. Може ли некој да сподели искуство и да ми каже како да го намалам воспалението? Мислев да пробам цинквитаминска маст или флогодерм маст. Имам комбинирана кожа, а акни имам само во пределот на долната вилица и во пределот на слепооцницата. Во моментот ја користам Балеа розевата пена за лице, Биотен крема за нормална до комбинирана кожа, млеко на Нивеа за чистење лице, кое го користам само кога имам спф. Ви благодарам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Sanci92, ludamaja10 и Sahlene им се допаѓа ова.
  5. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    За аκни, хлорамфениκол од Тинеκс. Навечер ќе го нанесеш на чисто лице а, потоа може и гел да нанесеш, против аκни, нормално. И не го допирај лицето со раце и не ги притисκај.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Потрошив едно шишенце хлорамфеникол пред една недела, го користев секоја вечер и врз него ставав пантенол за да не ми ја исуши алкохолот кожата. Воопшто немав подобрување. Сепак ти благодарам многу.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    @Anod10
    Девојкава имаше доста проблематична кожа и гледам сега лицето и е скоро чисто, па можеби ќе ти помогне и тебе.
     
    На poppie, Anod10 и Sahlene им се допаѓа ова.
  8. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Лицево ми се направи катастрофа. Немам акни но огромен број на црнки, проширени пори и белки (? whiteheads де) водат војни на моево лице. На допир ми е како Брајова азбука.
    Имам комбинирана кожа но сега што и да ставам изгледа како само да се таложи на површината на лицето а всушност е дехидрирано. После миење ми е доста суво.
    Цела рутина што ја имав веќе не функционира, од серумиве на Revox само AHA кој го користам еднаш неделно си ја врши работата. Некоја страница наназад имам пишувано, некоја од вас ме советуваше да намалам со серумите или да ги распределам различно. Тоа и го направив но сепак нема никаков резултат. Можеби е моја грешка што сум почнала со сите серуми наеднаш или пак кожава ми пресушила од салицилната. Во секој случај, лицево ми плаче за помош.

    Ве молам, доколку некој навистина се разбира на тема скинкер и доколку може да си дозволи да одвои малку време да ми помогне, нека ме контактира во ЛП. Ќе пратам и слики и претходна (сегашна) рутина. Ви благодарам однапред :hug:
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала да се консултираш со дерматолог. Исто би ти ја препорачала докторката (извини, не се сеќавам точно на името) од Пикасо (ординацијата се наоѓа позади салонот на Афродита С во Ново Лисиче, во близина на Капитол и Бисер. Мислам дека преглед беше 500 денари. Ќе те прегледа, ќе и кажеш што користиш и ќе ти објасне она подобро. Ако не сакаш да правиш никакви козметички третмани не мораш, чисто отиди на муабет со стручно лице.
     
    На ludamaja10, Sahlene и DojaCat им се допаѓа ова.
  10. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Да, многу.
    Лицето ми беше ужас, не од акни, не сум имала проблеми со нив, по некоја брунка пред циклус, ама проширени пори и црнки насекаде, најизразени чело, нос и брада.
    Сега лицето ми е многу подобро, црнките освен на носот по некоја, на образите скоро и да не се познаваат, порите се доста намалени и кожата ми е измазнета.
    Јас користам хијалуронска, па ниацинамид секое утро.
    Понеделник и петок салицилна, среда АНА, недела гликолна.
    Вторник, четврток и сабота одмарам од ова, завршувам чистење со тоникот на Афродита.
    Вака ми е супер досега и ќе си продолжам.
     
    На ludamaja10, Đanaa18 и Sahlene им се допаѓа ова.
  11. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека производите кои моментално ги користиш не се многу добри за проблематична кожа. Мој совет е да се ориентираш повеќе кон поприродна козметика која нема да ти ја иритира кожата на лицето. Од мое искуство кога мене ми беше воспалено лицето, заминав на дерматолог и ми предложи да користам антибиотик крема Фуцидин која требаше да ја нанесрувам на лицето 2 недели и нон-стоп да ја имам на лицето. Оваа крема ми помогна за да се смири кожата . Потоа ми препорача биодерма себиум глобал од која не сум многу задоволен бидејќи покрај тоа што го регулира себумот, многу го суши лицето и кожата полесно се иритира. Затоа преминав на Логона флуидот со органско нане кој е поприроден и тој ми помогна да ми се стабилизира кожата. За миење на лицето би ти го препорачал мицеларниот гел или пена од Оливал кои се скроз природни и со минимален состав, не ја сушат кожата како останатите гелови или пени. Јас приметив дека од другите гелови ми се појавуваат многу акни, а имам користено од еуцерин, биодерма, авон, орифлејм. Никако немој да користиш клиндицин, хлорафминикол и сл. кои се чист алкохол и само ја сушат кожата и го иритираат лицето.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Може ли да ми препорачаш добра крема ?
     
  13. Đanaa18

    Đanaa18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2020
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за препораката

    А серумот витамин ц за акни и за црвенило од нив дали помага, некој искуство со ова за колку периодично помага?
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 12 август 2020
  14. girly.cute

    girly.cute Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој знае каде можам да најдам маски за лице (слични како оние во Dm дрогериите што ги има, против акни, за чисто лице, за една употреба што се) дали можеби има такви во зегин аптеките?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    За крема што ќе ти го смири лицето би ти ја препорачал Сона гел, иако тоа треба да се дава со рецепт и по препорака на дерматолог, кај нас во аптеките ја даваат без никаков проблем. Се нанесува на деловите со акни и треба постојано да ја имаш на себе, преку ден над неа мора да ставиш заштитен фактор 50, а навечер ако е потребно хидратантна крема. И би ти препорачал профили на инстаграм кои имаат многу совети за проблемот со акните и разни препораки @magnolia.glamour и @serumsociety.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Има во Зегин апетеκите, од Авон, од Орифлејм, Фармаси...а, зошто не употребиш зелена глина??
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    16.509
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е соодветна темава за тука, имам чисто лице никогаш сум немала проблем со акни и слично, во последно време забележав на лицето светло жолто-кафеави точки како пегички под очите кај јаболчниците. Дали некоја имала сличен проблем и дали може да ми препорачате некој производ што би го спречило појавувањето на истите.
     
  18. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Сона ,ако не си ставала до сега,гел клиндамицин САМО на акни,земи си за миење лице балеа мед гелчето и балеа мед дневната крема за комбинирана/масна кожа,тие се без иритантни состојки,има и млеко за чистење од истата линија,батали нивеа.
    Евентуално од серумиве да пробаш ниацинамид,и како тоник активен кислород,значи ептен слична бев и јас,со оваа рутина скроз се исчистив.
     
    На Anod10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    Тие ти се од сонцето, затоа мора секој ден крема со спф 50+. Може да ти помогне вит ц во комбинација со хемиски пилинзи. Или ретинол.
     
    На Panda girl, pdb123 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    @Guns N` Roses

    Само да се надоврзам: покрај сѐ ова, ќе ти помогне и нијацинамид и azelaic acid :).

    Јас моментално оваа комбинација ја користам + неколку пати седмично хемиски пилинг (lactic acid 10%). Од големината и „темноста" на флеките ќе зависи и колку време ќе ти биде потребно за да ги снема. Во глобала, не очекувај брзи резултати, потребна ќе е редовна употреба со месеци или повеќе за да имаш подобрување или целосно да ги снема, така што не се демотивирај ако не видиш инстант резултати. Фрустрирачко е, ама тоа е. Флеките и се создавале долго време (иако не биле видливи), па потребно ќе им е и долго време да ги снема.

    И да, без ставање спф крема секој ден џабе користиш било што бидејќи правиш контра ефект :).
     
    Последна измена: 13 август 2020
    На poppie и Guns N` Roses им се допаѓа ова.