Од годинава, штом ги забележав флеките почнав да користам крема со спф, касно сфатив колку е неопходно да се користи спф особено ако имаш светол тен. Ќе земам и од другите продукти, се надевам дека ќе помогне, не очекувам брз резултат знам дека тоа не е воможно, барем да го спречам дополнителното појавување. Ако може конкретно да споделиш кои производи ти ги користиш. Фала многу за инфо.
Не ми кажувај, колку сум се сончала низ годините... Флеките ми се чини веќе со години имам, не се сеќавам кога сум ги немала . Моментално го користам Niacinamide 10% од REVOX и друг производ со azelaic acid, но не е баш достапен за Македонија и го купив кога бев во странство. Кога ќе го потрошам, планирам да продолжам со Azelaic Acid 10% исто од REVOX. Ги користам овие бидејќи само тие ми се лесно достапни, односно не бараат онлајн порачка од странство (што е отежната и поскапа заради ситуацијата), а не знам кои други производи кај нас освен тие на Purito ги содржат овие состојки. Нијацинамидот во производите на Purito е со помала концентрација и производите не се во вид на серуми, како од REVOX. Освен во Deep Sea Pure Water Cream, не знам во кои други нивни производи го има, така што ќе мораш да провериш во состојките. Нијацинамидот го користам наутро, а azelaic acid навечер, меѓутоа можеш да ги користиш како сакаш, дури и истовремено. REVOX производите ги има во dm, а можат да се порачаат и онлајн. Ако сакаш да разгледаш производи и од Purito, ги има овде, а како да прочитав некаде и дека имаат продавница или сл. во City Mall. Lactic acid 10% ми е од The Ordinary, ама повторно, го купив кога бев во странство и уште немам најдено чаре што кога ќе го потрошам, освен ако не се олабави ситуацијата со шипинг . Се надевам дека ти помогнав .
Мене ми се појави сега нов проблем. Почнав да го користам хидро флуидот на Логона со алое вера и мислам дека од него ми се појавија многу ситни акни на брадата и околу образите, се прашувам дали е тоа поради некоја од состојките, се сомневам во Алкохол денат кој е на второ место или хијалуронска киселина. Во некој од постовите на инстаграм имав прочитано дека хијалуронска киселина е возможно да создава акни. Што мислите вие?
Мислам дека е алкохолот. Јас имав ист проблем кога користев Алверде козметика. Исто е со алкохол на први позиции и ми сметаше. Иако се природни козметики, не одговараат на секој. Никако на чувствителна кожа.
Дали има шанси да ми се појават акни при користење на некој од овие два продукти? Гледам фалени се, и со добар состав, но само што ги купив пред 2 дена и почнав да ги користам на чело се нафрлав со повеќе мали акни.. не знам дали е до некој од овие два производи, или до нешто друго.. инаку немам акни постојано, ми се јавуваат пред циклус, кога сум нервозна, при некои промени во организмот итн
Дали го миеш лицето со вода после мицеларната? Обавезно тоа, бидејќи содржи масла кои можат да ги затворат порите. За секоја мицеларна вода важи тоа дека треба да се исплакне. Најдобро исфрли еден и види дали ќе ти биде подобро, ако не пробај без другиот некое време и така...
Јас се имам исфрлано од мицеларната вода на оливал, само од таа другата не од оваа. Исто имам читано и други членки дека се исфрлале.
Кремата ми е погодена, 3 пакување како трошам, имам комбинирана кожа. Мицеларната на Оливал исто ја имам користено, ама како што си пишува на неа, погодна е за double cleansing. После тоа, мора миење со гел или пена за лице, зависи што користиш. Инаку, супер ми беше за чистење на шминка и спф, ама обавезно после миење со пена на Балеа за комбинирана кожа. Сега го користам маслото на Балеа, може да го пробаш, супер е, а доста поефтино од Оливал.
Има ли некоја искуство со хидроциклин маст за акни? Како можам да ја вметнам во рутината, бидејќи користам и салицилна и нијацинамид?
Нијацинамидот колку време го користиш дали ти помогна за акните нешто? Затоа што го земав вчера не знам дали да почнам да го користам навечер, а од сабаље серум витамин ц
Од кога ќе ја нанесам кремата за хидратација по некое време чуствувам како да ми се затега лицево или како да се скаменуе не знам да објаснам. Нормално ли е тоа?
Е па веројатно имаш посува кожа или пак дејството на алкохолот е појако, односно веројатно алкохолот се наоѓа во првите состојки (има поголема количина од него во кремата). Аlcohol denat. ја суши кожата, па затоа го чувствуваш лицето затегнато, што е спротивно од тоа што сакаш да го постигнеш со хидратантна крема.
Што ставате на поединечни акни? Последно време скоро чисто лице имам ама знае од време на време да ми излезе накоја грда. Масло од чајно дрво не ми помогнало, користев порано кога имав поголем проблем ама никакво фајде не видов.