Можам ли пак да почнам контури да ставам? Не ставав ништо ради акните што ги имав на образите но сега ми се исчистија. Ми е страв да не ми се појават пак од шминката Порано кога ставав немав ништо ама секако си мијам четките редовно.
Имав лошо лице со акни и одличив да не јадам шеќер и глутен. Сега косата ми паѓа и не знам што да правам.Ако јадам повторно шеќер ке ми излегуваат акни, ако не косата ќе ми паѓа...help);
Zdravoo. Dali moze da mi preporacate dobar dermatolog za tretmani na cistenje na luzni i fleki od akni?
Мене кремата на Балеа ме нафрлаше. Не верувам дека косата би ти паѓала затоа што не јадеш шеќер и глутен. Веројатно се работи за нешто друго.
Дали некоја има користено roacutane? Брат ми ги пиеше секако препишани од дерматолог. Сега не знае што да прави со тоа што му е ептен суво лицето. За флеките користи ниацинамид. Има некој спас за да си ја "врати" претходната кожа нормална до комбинирана?
Пантенол крема земете многу убаво хидрира и нека се мачка сабајле и вечер. Мене не ми е суво лицето и не ми се лупи од киселините што ги ставам кремата е топ
Не, го немам најдено во Мк... знам дека го нема кај нас, ќе го барам странство ако се одлучам, но имам 19 години и не знам воопшто дали да го користам бидејќи некаде пишува дека се препорачува за повозрасни. Ми се смачи од хемикалии... сакам нешто поприродно и да не ми ја суши кожата, а сепак да делува
Драга ако користиш силиконски шрпизводи ништо живо нема да те спаси...Цела ќе се направиш со акни. Не знам зошто правите контуринг на лицето, секој е убав онаков каков што е. Најди убав ББ крем на пример Натура Сиберика или ако повеќе сакаш пудра тогаш на Хаушка која е фантастична иако е поскапа или од поевтините варијанти на Алверде. Немате потреба од толку многу маскирање. Оставете ја кожата да дише. Доколку користиш убави производи за нега кожата сама ќе се нормализира и регенерира.Верувај ми, најважно е да се оддржува правилниот баланс и да се помогне природната бариера на нашата кожа. Драга исхраната е важна ама не мже комплетно да исфрлаш шеќери, треба да јадеш квалитетни шеќери. Јас сум за да изфрлиш бел шеќер и претерана кознумација, ама запомни дека организмот има потреба од сѐ за правилно функционирање. Повеќе зеленчук и овошје и секако правилна козметика. Не ги потценувај работите кои ги мачкаш надворешно важни се исто толку како и оние кои ги внесуваме внатрешно. Поздрав
Ако проблемот е од скоро, посети секако дерматолог или матичен лекар како алтернатива за да ти каже дали смееш и што смееш да користиш како производ. Ако имаш промени во исхрана, исто влијае, и тоа најмногу. Во однос на маските, неколку пати бев принудена да носам хируршка маска за еднократна употреба, катастрофа. Си направив неколку маски од памучно платно, секогаш носам со мене една за резерва, ги превривам и пеглам секој ден и многу ми е полесно. Тие пластиките, нема веќе шанси.
Драга во случај на акни киселини, пилинзи и серум на база на киселини се најлошо нешто кое може да ставиш на лицето. Кожата и онака е слаба и оштетена заштитната бариера е алтерирана и последно нешто од кое има потреба е додатно дасе ослабнува и ексфолира. Потребно е да се користат креми со хидратантно дејство кои ќе ја воспостават парвилната бариера на кожата и ќе ја зајакнат и верувај штом првата заштита на нашата кожа функционира кожата сама ќе се нормализира. Акните се појавуваат како резултат на неправилната работа на едно ензими на површинскиот слој на нашата кожа. Кога кератинот е подготвен да се оддели од кожата (оние нртви клетки што ги нарекуваме) тоа е благодарение на работата на тие ензими. Овие ензими функционираат доколку се исполнети два услови: правилна хидратација, правилна пХ вредност. Доколку еден од овие не функционира ензимите не успеваат да го одвојат кератинот кој останува врз кожата и ги запушува каналите на порите. Во недостаток на кислород се јавува една бактерија која успева токму во овие услови и е појавуваат акни и бубуљици. Ви оставам на сите видео на оваа тема. п.с. третмани со стискање се втора најлоша работа која може да ја направите. Непотребно се прави стрес на кожата. Само нормализирајте и зајакнете ја природната заштита и кожата сама ќе се нормализира. Верувајте ми.
Овој одговор ми е многу корисен да знаеш сама се уверив во ова што го пиша. Направив третман со стискање и во меѓувреме две недели користев само гел за миење и хидратантна крема и таман се израдував дека не ми излеваат нови акни вчера ставив од серумот со киселини и одма нови големи болни и воспалени акни. Не знам зошто но ми излегуваат на исто место цело време на левиот образ имам само.. Освен хидратантни креми и гел за миење дали да користам и нешто друго (сона, акнефуг) или нема потреба?
Јас лично сум многу против сона, акнефунги и компани...премногу се агресивни...ова е мое лично мислење. Според мене ако хидрираш и ја поддржуваш функцијата на кожата сама ќе се нормализира. Бариерата е наша прва одбрана и ако таа не функционира како што треба кожата од внатре смислува план Б за да се заштити кој не секогаш ни се допаѓа (вишок на себум итн.). Поздрав и благодарам драга.
Девојќи препорачајте ми нешто за акни. Имам ситни акни само на челото, сега почнаа да ми излегуваат пред месец-два. Инаку не сум имала никаков пролем. Имам многу суво лице. Ви благодарам однапред.