Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Пробајте со Дермогал ако имате некој мал проблем со акни , мене ми помогна .
    Го имате во сите аптеки околку 100 денари е .
    Не сум имала посериозни проблеми, но за нормална кожа со акни чат патшто излегуваат е топ
     
  2. Butterfly522

    Butterfly522 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Гледам има многу поделени мислења во врска со киселините и сона и мое мислење е дека секоја кожа има различни потреби и различно реагира. Еве во мојот случај два-три месеци имав вметнато во рутина сона( соната ја користев претходно и немам проблем со неа) и киселини и јас секојдневно се будев со огромни и болни акни, состојбата значително ми се влоши и не беше во прашање purging фаза во мојот случај и затоа почнав со третмани. Кога видов подобрување на состојбата после еден месец ставив пак киселини и пак се вратив на почеток се разбудив со големи акни. Колку и да ги форсирав киселините во мојот случај не делуваа и не ми одговараа. Значи се е индивидуално нешто што им одговара на поголемиот дел на мене не ми одговара. Затоа е најдобро да си ја слушате вашата кожа. Моментално користам само гел за миење (la roche posay effaclar gel) мицеларна (pulpe de vie) и креми за хидратација (bioderma hydrabio spf30 наутро и purito deep sea water cream навечер) и мене нови акни не ми излегуваат а производите што ги користам се далеку од природни и органски освен мицеларната. Еве кај мене само хидратација помага и ништо друго очигледно дека бариерата на мојата кожа е оштетена и не поднесува ништо друго освен хидратација моментално. А мојот проблем со акни не е воопшто минимален а ми се појавија поради носење маска иако до тогаш имав чисто лице па еве со хидратација и третмани полека полека се решава. После неколку месеци ќе си ги вметнам пак во употреба и другите производи што си ги користев вит. Ц хијалуронска, ниацинамид но моментално мојата кожа не ги поднесува и тоа е тоа. Бирам да си ја слушам сопствената кожа.
     
    Последна измена: 16 септември 2020
    На ludamaja10, Havana!, DaftyCrafty и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    5B66BE2A-70DA-4081-A6FF-1EF78467FD60.jpeg
    8DB38ABB-011E-4F2C-9F24-A72ED51372B6.jpeg Ова се life saveri.
    Некоја феминка ми го имаше препорачано тоникот и прво него го купив пред околу 2 месеци па и повеќе и ефектот се виде после недела ипол користење. Пред 2 месеци челото ми беше вакво
    B0339088-50B0-48D8-98E2-C14615030199.jpeg
    денес (во моментов) ми е вакво
    AD8ACE0C-CD18-4432-A857-7F5BF43FEE75.jpeg
    ептен ми помогна.
    Се нервирам само што порано ги стискав и сега имам флекички или дупки.
    А маскава ја купив пред некои 8-10 дена и досега некои 5-6 пати ја имам користено и ко маска и ко пилинг и супер е.
    Само што порите ми се широки и за брзо време ми се полнат пак со ѓубре
    Препорака ви се овие од мене.
    Веќе ни Т-зоната не ми е толку мрсна.
    Порано зејтин бев.. :worried: :|
     
    На Anod10, buba4e89, Lollipop_123 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга апсолутно си во право. Јас не сум против киселините, ја сум против неправилно користење на истите. Луѓе кои во рок од недела дена менуваат по три киселини, ги комбинираат една вечер една, друга друга како да се света вода. Ги ставаат на оштетена или ослабната кожа. Инаку доколку правилно се користат киселините може да бидат од огромна корист кај здрава и функционална кожа. Да речеме моја омилена е манделинската која за жал ја нема кај нас, бидејки е една од најнеагресивните киселини и единствена која може да се користи и во лето (другите не). Друго нешто важно е како се формулирани киселините во самиот производ не се сите производи исти. Некои серуми се многу агресивни бидејќи состојките не се убаво избалансирани, а некои се убаво избалансирани значи сѐ зависи од формулата. Потоа од огромна важност е пХ вредноста на производот. На пример салицилната киселина различно дејствува на разлина пХ вредност, одноно со различен интензитет. Не е исто производ со пХ4 и пХ 5,5 или пак хемиски пилинг на дерматолог со пХ 3,5. Друго нешто многу важно по употреба на киселини мора да се хидрира и тоа со одличен функционален крем со перфектно избалансирани состојки, затоа што ако после киселината ставаш дополнително крем кој е агресивен се добива контра ефект. Да знаеш се мислам сега да ги земам сите киселини кои ги има кај нас (серуми или креми ќе разгледам сѐ што има и што е со добра декларација секако) за да направам една статија за правилно користење на истите. Поздрав :hai:
     
    На dayla, Luminary, Butterfly522 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka би сакала да те прашам дали доколку секојдневно се користи гел за миење на лице со салицилна киселина ( поточно еднаш дневно, навечер) има негативно влијание и има шанси да наштети на бариерата? После тоа ставам тоник и убава крема и само на воспалените места крем со салицилна и цинк, како spot treatment...кај мене ова функционира најдобро од се до сега пробано, дали правам нешто погрешно?
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга зависи од декларацијата на производот. Стави ми декларација да го видам миксот на сурфактанти и секако количината на салицилна. За производи на измивање не е страшно, не ги оставаш да делуваат на лицето, ама сепак зависи дали формулата е добро избалансирана. Постирај слободно и ќе ти кажам.
     
  7. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Се работи за овој гел за миење лице од Балеа

    20200918_194101.jpg
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга формулата е многу убаво избалансирана. По водата на втора позиција има коко глукозид кој не претставува сурфактант во вистинска смисла на зборот, туку се користи за ублажување на сурфактантите кој во случајов се содиум лауроул саркозинат (кој е одличен) и кокамидопропил хидроксултаин. Коко глукозид се користи од 3 до 5% најмногу. Останатите два сурфактанти се во многу помала количина. Има глицерин кој додатно хидрира и омекнува. Салицилната поред мене не е повеќе од 1%. Според мене пХ вреднота е 5,5 и не би рекла воопшто дека салицилната е проблем. Како знам дека е пХ 5,5 ??? Поради фактот што содиум лауроул саркозинат се згунува на пХ 5,5 (кога правилно се комбинираат сурфактантите се комплицирани за работа, малку да ја згрешиш пХ вредноста и одма ќе преминат во водичка, нема да бидат густи туку ќе се разредат). Овој производ според мене прави пена (поради бетаинот кој ја подобрува пенливоста) иако не претерано, убаво измива не дава чувство на затегната кожа (ова ти ќе ми го потврдиш) и што е најважно има благо антибактерико дејство. Можеле да избегнат да стават акрилат, ама ајде да не му ги гледаме забите на коњот, сепак станува збор за функционален производ. Слободно продолжи да го користиш.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  9. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одговорот :) Долго време се двоумев дали да го користам поради салицилната во него, те не бев сигурна дали е за долгорочна употреба:) Потврдувам за се напишано, одлично чисти, пени солидно и не затега отпосле؛ Имаат и крем од истата линија кој повремено го ставам на цело лице пред ноќната крема а секојдневно го нанесувам само на местата каде што има потреба како последен чекор од рутината, ова е составот
    20200918_204358.jpg
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга не е лош морам да кажам. Повторно не е комплетно природен, ама убаво е искомбиниран. Ми се допаѓа комбинацијата на масла. На горна позиција дикаприлил кој е одличен за комбинирана до масна кожа бидејќи е многу лесно масло, ама перфектно искомбинирано со малку потешки масла како на пример масло од семки од кајсија, токоферил ацетат (една форма на Е витамин) кој не е антиоксиданс туку има огромно омекнувачко (емолиентно) дејство врз кожата и каприлик каприк. Е сега не ми се допаѓаат некои состојки како ЕДТА, исто така и Карбомер кој е синтетички итн. ама сѐ на сѐ земено не е лошо. Има смисла формулата. Во последниве неколку дена видов 4 производи од Балеа кои не се комплетно природни нормално ама не се лоши, што ме тера да мислам дека како фирма се подобруваат (некои поранешни производи не би ги рецензирала ни во лудило).Системот на конзервирање е ок феноксиетанол и етилхексил глицерин кој скоро секогаш одат во пар. Тоа е тоа, не знам што повеќе да кажам.
    Поздрав
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  11. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Сега приметив дека тоа е стариот состав на гелот, сега е променет
    За кои производи станува збор, баш би било убаво доколку ги споделиш :)
    20200918_212408.jpg
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга овој за жал не ми се допаѓа (барем мене лично)...Има многу поголема измивачка моќ од претходниот...Примарниот сурфактант убаво е избалансиран базата не е агресивна, ама оној МИПА...уф.. преку него навистина не можам да преминам. Ставиле алкохол за да ја растворат салицилната, која во производов е уште помала количина од претходната формула...Многу повеќе ми се допаѓаше претходната. Ме чуди само што велиш дека малку пени, ова би требало многу да пени според декларацијата, да прави убава богата пена. Ако велиш дека не суши во ред ти верувам, сепак ти ја корисиш. Има многу подобри доколку сакаш некоја за твојот тип на кожа ќе ти препорачам. Мислам дека рече комбинирана или масна кожа...

    п.с. а таман ги пофалив од Балеа ахахахаххаха другпат ќе си ќутам...

    п.п.с инаку производите од Балеа кои беа убави се еден балсам за коса Balea professional мислам дека беше
    потоа пената за лице една розева со лотосов цвет и овие два ти шти ми ги покажа, ама сега само еден оваа вторава формула не ја рачунам. Мислам и дека уште нешто ми покажаа од балеа некој шампон можно е исто да беше од Balea professional, ах и едни памукчиња за читење на шминка...

    Ете тоа е тоа. Поздрав
     
    На simoncelicius, poppie и UnordinaryOne им се допаѓа ова.
  13. Marina1712

    Marina1712 Нов член

    Се зачлени на:
    20 септември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Каде може да се купи третинион кремата, не гелот и која цена е?
     
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не користи крема што има алхокол во неа, џабе и 10 креми да користеш ако содржат алкохол, алколохо лицето го прае решето
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга ако ми дозволиш да се вмешам, сѐ зависи од декларацијата. На пример Др. Хаушка во некои креми има алкохол ама со оглед на тоа што става многу масла во кремите (како и многу германски компании) со алкохолот на некој начин прво ги олеснува маслата кои би го направиле производот помасен (го прави самиот производ полесен), а потоа го корегира и ситемот за конзервација (става помала количина на конзерванси). Проблемот е кога има алкохол во производи без масла на пример тоник, гел, серум итн. Во тој случај алкохолот прави еден вид на разредување на заптитниот филм на кожата (ова секако зависи од количината во која е употребен во производот), а најважно како што веќе напоменав декларацијата. Зависи од производ до производ. ПОздрав.
     
    На Luminary и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Во дм ги има? Исто ми е челото, цел живот. Користев доолг период хлоракол, лицето стакло ми беше ама има антибиотик во него и престанав. Која цена се?
     
  17. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Може е надвор од темава ама морам некаде да прашам, дали некој ја видел маркава кај нас и ако да каде :)
     

    Прикачени фајлови:

  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Од Дм се да.
    205 им е редовна цена
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marina1712

    Marina1712 Нов член

    Се зачлени на:
    20 септември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Зависно од тоа за кој алкохол станува збор. Ако е етанол или нему сличен, не би се сложила дека ги “олеснува” масните киселини, всушност алкохолот ги раствора липидите. Има многу други супстанци кои го намалуваат мрсното чувство во една емулзија. Впрочем, ако производителот сака постигне помала вискозност и да го избегне мрсното чувство ќе направи уље во вода емулзија, наместо да ги раствара со алкохол. Точно е дека го зајакнува конзерваторскиот систем, ама тоа не е дозволиво во органската козметика, а не е препорачливо ни во конвенционалната. Денес постојат стотици широкоспектарни органски и синтетички конзерванси, кои се дадеку побезбедни од синтетичките алкохоли.
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга јас не реков дека не постои друг начин...реков дека не е за многу секирање доколку производот има добра маслена фаза. Многу се поопасни според мене серуми каде на висока позиција има пропилен гликол отколку креми со поголем процент на масла и тампонирани со алкохол. А такви серуми има еден куп во продажба...
    Алкохолот заедно со водата во еден производ создава една форма на azetopo (не го знам македонскиот збор за жал јас учам на италијански), односно ја намалува тензијата на испарување на водата и дозволува побрзо испарување со што на емулзиите им дава едно чувство на леснотија. Иако според својата природа алкохолот претставува еден вид на солвент, (односно ги раствора липидите), во една комплексна структура како што се емулзиите кај кремите (направени со вода, масла, емулгатори, згуснувачи итн.) неговото големо обезмастувачко дејство е на некој начин отежнато. Ова секако не може да се каже во случај на тоници или серуми на водена база секако. Поздрав.
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2020