На братучетка ми и ги препишаа да ги пие на 12 саати еден месец. Зар еден месец не е долг период да си на антибиотик? Затоа прашувам тие што пиеле како ги пиеле и колку време
Јас и пишав на Биодевојка во пораки и и пратив слики од како ми изгледа лицето, се што ми кажа е потполно во право. По нејзин совет престанав со серумите и ја користам само пената Оливал и кремата од Конопка. Можам да кажам дека навистина пропилен гликол се покажа како штетен за мојава кожа, бидејќи сега од кој престанав со серумите, на лицево ми се појавија поткожни акни кои сум ги немал одамна. Според ова ако имате проблематична кожа на лицето немојте да експериментирате со нови производи, колку и да се фалени, користете тоа што најмногу ви одговара, имајте минимална рутина и ако сакате да пробате нов производ консултирајтесе со дерматолог или некој кој се разбира од козметика. Инаку знам за алкохолот, алкохол избегнувам уште одамна, затоа се префрлив на поприродна козметика иако и таа содржи алкохол, но секогаш ги читам состојките и гледам тој да не е некаде на почетокот.
@Besmrten ако имаш користено салицилна можно е да ги вади се што си имал. Јас кога почнав така се исфрлив сега немам ништо
Другарка моја има пиено 3 недели. И јас сметав дека е долг период ама и се исчисти лицето, не знам дали само од антибиотикот или плус од третманите. Веројатно е некоја помала доза, помалку милиграми и слично...
Навечер, на претходно измиено лице. Избегнувај ги деловите околу устата, носот и очите. На почетокот подобро да се нанесува врз крема, а потоа може на чисто лице.
Јас ја користев навечер, миев лице, тоник, ставав сона и чекав 10-15 минути па хидратантна крема. Исто преку ден користи спф ако почнуваш со соната.