На почеток е нормално додека ти се навикне кожата мене ми се лупеа дури и капаците на очите а не ставав таму. затоа е битно да ставиш хидратантна крема 15 минути од кога ке ставиш сона со цел да спречиш лупење.
Како што ти кажа и членката, нормално е да се лупи додека не се развие толеранција. Ако многу ѝ смета лупењето и сака да го намали интензитетот на гелот, може да го става после хидратантната крема додека не развие толеранција за да го става пред неа.
Драга првата декларација е најверојатно шампон или нешто за миење...не ми се допаѓакако се избалансирани сурфактантите. Бетаинот вака сам е доста агресивен без глукозиди. Кремот (третата декларација) убава им била замислата ама сепак содржи силикони (иако во помала количина) јас сепак крем со силикони не можам да ти препорачам. Понатаму кремов сигурно е со заштитен фактор затоа што гледам хемиски филтри кои јас не ги препорачувам. Значи кога за себе лично би бирала овие призводи не би ги земала воопшто. Ти секако одлучавш за себе. Поздрав. Ми се допаѓа. Убава формула . Поздрав п.с. Од љубопитност...за кој крем станува збор?
Да тој е многу убав потврдувам... А ми изгледаше позната формулата знам дека уште една девојка пред година дена ме имаше прашано за истиот тој крем. Фала драга. Поздрав.
Даа, тој е. Се плашев дали ќе ми се погоди бидејќи имам проблематична кожа ама за сега добар е. @Biodevojka фала на мислењето поздрав Што е подобро да се користи (против акни) и поефикасно, бензоил пероксид или нијацинамид? Или може и двете да се комбинираат некако?
Може и двете да ги користиш заедно, но најубаво нијацинамидот наутро, другото навечер, бидејќи може да ти ја пресуши кожата.
Како што ти кажаа ниацинамидот во ДМ и торба.мк, а бензоил пероксид во Еурофарм и Зегин има со сигурност, под името Акнефуг.
Не знам дали да земам, дали ќе ми помогне. Лицето ми е ужас Нешто такво ми е, сликата е пред недела дена. И порано имав акни ама пред циклус ми излаваа неколку, а ова сега од пред месец и нешто почнас цело време да ми излегуваат, не ставам ништо на лицето.
Користиш ли нешто за лице моментално? Јас би ти препорачала најпрво н @magnoliaglamour да и се обратиш, жената е царица ќе видиш за 3 месеци ќе бидеш 9/10 ако не и 10/10. Значи само пиши и каков проблем имаш, прати и слики, и кажи и што користиш во моментот. Од срце ти препорачувам ова
Си била ли на дерматолог? Точно е дека многу работи можат да се решат со производи кои ни се достапни, но некои акни можат да се решат само со производи за кои само дерматолог може да ти препише рецепта. Ако често и долго време се мачиш со посериозни акни, важно е медицинско лице да ти го дијагностицира проблемот и да те упати како да ги третираш акните (да побараш да ти објасни). Не можам да те упатам кај никого, бидејќи не сум била на дерматолог, ама има тука тема за предлог на дерматолози. Ова е само мој скромен предлог, а ти секако можеш и да ме игнорираш .
Ова е посериозна форма на акни, нешто слично како мене и би те советувал ништо да не земаш на своја рака, се што ќе купиш да биде со консултација на дерматолог или некој што има искуство во вакви работи. Не би ти препорачал серуми од Ревок бидејќи се сомневам во нив дека тие ми направија проблем неодамна, избегнувај агресивни средсва за миење на лицето, алкохол во никој случај и немој да слушаш рекла казала совети од типот дека паста помагало, чајно дрво или не дај боже ракија. Пробај да користиш поприродна козметика. Сега најпрво мора да ги излечиш акните со најминимална рутина, миење на лице и ставање на производ кој ќе го излечи лицето, а потоа може да купиш производ кој помага за нивна контрола. Ако не можеш да одиш на дрматолог ете пиши и на Магнолиа или Биодевојка и ќе ти дадат добри совети, бидејќи навистина се разбираат од овие работи и им имаат помогнато на многу луѓе.
претпоставувам ќе ти ја препорача цела колекција од логона, во последно време има соработки со нив, ама ќе видиме
Помагаат ли тие производи од Логона? Кренав раце од акниве ама ете сега пак се понадевав читајки тука дека ќе може бар нешто да ми помогне
@shz направи си консултација со матичен лекар и обавезно да си провериш хормони. Комплетна проверка, полови, тироидни хормони, инсулинска резистенција. Да не ме сфатиш погрешно, но батали и блогерки и рутини. Џабе ќе ставаш креми ако проблемот доаѓа од некое жариште внатре во организмот. Прво види на лекар, па после ќе му ја мислиш за козметика.
Мене лично ми помогнаа флуидот, го купив само него бидејќи имаат доста високи цени сите нивни производи и тоа кај нас, а во Германија сите се околу 10 евра. Јас го зедов флуидот по препорака на презентерка во Зегин, по претходно потрошени 3 шишенца од Биодерма и си реков ќе пробам со поприродна козметика и да видам како ќе делува на моето лице. Инаку Биодермата ми ја препорча дерматолог, повеќето дерматолози ја препорачуваат иако како што ми кажа Биодевојка нивниот сотав се базира на силикони кој делува на лицето додека се користи производот и по престанување акните се враќаат. Сепак пред Биодермата користев и антибиотик крема на лицето која ми ја препорача дерматологот и исто и таа имаше голем удел во лечењето на лицето,а Биодермава беше повеќе за контрола, но сепак таа контрола не треба да трае вечно, некогаш треба лицето и да нема проблем со појава на нови акни. Така логоната за по месец дена користење ми го среди лицето и потоа немав потреба сеуште да ја користам, па можев да купам поефтина крема за хидратација на лицето. Но, јас почнав и многу да следам профили на инстаграм што препорачуваат разни креми и решенија и заборавив дека рутината треба да е минимална, да не се прават експерименти кога имаш проблематично лице. Си реков, го реши проблемот со акните, па ајде сега ќе користам киселини за лузните и за ситни поткожни акнички и згрешив, повторно си направив проблем. И можеш да видиш на формов Биодевојка убаво ме искара и и благодарам за тоа, за да не си праам експерименти на кожава и да испробувам разни производи