Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. pikolin4e

    pikolin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Ти го разбирам гневот, болката и се но зашто ваков дрзок одговор кон девојката? Па не те ни силеше ни ти солеше памет.

    Си пробала ли со апчиња?[/quote]



    Само се обидувам да помогнам мн лосо од твоја страна сто вака изреагира,некогас лекот е 5 пари но не го знаеме,а ако е бугарска кремата не знаци дека не е добра,а оваа стипската крема е испитана од дерматолог,студирам медицина и не мозам да си дозволам било сто да ставам на своето лице така да...изборот е мој...фала за подрската
     
    На unique-m му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Лееле девојче, не мораше вака да се испонашаш.
    Сфаќаме дека имаш проблем и дека ти е тешко, ама не мора олку нападно, и јас имав проблем, ама си го најдов лекот во Скинорен, сега мене не ми беше олку ригорозен проблемот, ама ипак вреди да се проба ако ништо друго.
    Него, за болдираното, ако не ризикуваш, никогаш нема да успееш. Самите лекови за акни се многу агресивни како прво зошто и таа состојба/болест/како да ја наречам на кожата е агресивна, и ако сакаш да се ослободиш, мораш да ги внесуваш во организмот. Ваква форма на акни никому не прошла од природни чајчиња и слично. Антибиотиците-тетрациклини кои се препишуваат за акни се најјаките антибиотици, ама ако сакаш да бидеш светната во лицето, па и ќе се жртвуваш малку, ја искрено пре би ризикувала да имам проблем со нешто друго отколку со лицето, барем ќе ми биде мирна душава дека ако ништо друго барем убаво изгледам, колку површно и да звучи тоа. Ама реално гледано, ако правилно ја земаш терапијата и ако се придржуваш до упатствата, нема да имаш споредни ефекти или тие ќе бидат сведени на минимум. Не значи сега дека некој ако е на терапија со Роакутан дека одма црниот дроб ќе му откаже и слично. Покрај се, секој организам е различен. За антибеби пилулите е мит дека од нив нема да можеш да имаш деца, барем овие што ги препишуваат за полицистични јајници не се толку јаки и не прават до толку проблеми, да потенцирам ако се земаат правилно, со претходно извршен хормонален статус и натаму процедури.
    Значи, пак ќе кажам, ако не ризикуваш малку нема ни да добиеш ништо, ако ништо друго барем пробај (сега фала богу не нешто канцерогено).

    Инаку на темава, пред 2-3 години јас бев исфрлана на лицето, одев по козметичари каде само ми се влоши состојбата, од преголема стручност :)), потоа ме пратија на гинеколог и ми открија цисти на јајниците, па бев 9 месеца на Дијане терапија, која беше без резултати за лицево, јајниците ми ги исчисти барем, и така открив дека мојов проблем нема врска со јајниците. У меѓувреме си користев разни препаратчиња на лицево, ама ко антибиотик што делува ништо не делува. Најефективен ми беше хлорамфениколот, кога го користев имав најчисто лице на свет мислам, и флеки и се ми лечеше, ама за жал ми се презасити лицево и почнав со исфрлувања. Па сменив почнав Нивеа да користам, па Гарниер, Еуцерин, па не знам таму што и џабе, на крај отидов на дерматолог во Дерма Медика (сега да не биде ова како антиреклама ама морам да ги „пофалам“) каде прво докторката ми рече дека ваков проблем не се лечи само површински, значи мора да се пие некој антибиотик или евентуално хормонска терапија, па од после кога виде дека сум расположена за давање пари, го смени мислењето. Почнав со хемиски пилинзи и ласери, имаа ефект краткотрајно, после тоа од многу нервоза за на факултет ми се исфрла повторно лицето, и продолжив со третманите ама не беа ефективни, 25 000 потрошив за џабе, можеше барем да ми препише некаков антибиотик да ми ги скрати макиве, ама и таа не била будала. Добро од таму барем дознав дека имам преосетлива кожа и дека ми реагира буквално на се, од допир само црвенило ми останува, а не па нешто повеќе. На крај почнав да барам на интернет решенија, си зедов антибиотик доксициклин си пиев 4-5 дена, истовремено на лицето мачкав ампула клиндамицин (која беше мнооогу ефективна, 10 дена мачкав и лицево стакло ми се направи, само уште флеките ми останаа). Стигнав до форумов и прочитав за Скинорен кремата, и живи и здрави да сте ми феминки мои драги, спасот си го најдов у Скиноренот, еве сега не знам колку време акна ми излага само од кога ќе ми дојде, и тоа 1-2 максимум, а не ко порано цела исфрлана. И како што гледам делува по малку и на флеките Скиноренов, па и за тоа ми е супер.
    Значи, у кратки црти, прво антибиотик орално плус истовремено површинска примена на антибиотик, ова некое време додека не видите резултати, и после некое време Скинорен или некоја слична крема (Ретин-А), и проблемот е решен (барем за мене така беше).
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eelche

    eelche Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2

    Како бе немаш самодоверба....па тоа е најважно за да ти поминат акните....биди упорна и оди тогаш на Јадранско море...таму ќе имаш ефект.....и ОДМА ДА СИ ЈА ВРАТИШ САМОДОВЕРБАТА...МНОГУ ПОЗДРАВ И УСПЕХ
     
  4. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    A си пробала да одиш во Дермамедика кај Д-р Пешиќ? имаат многу добри ласери, мислам дека треба да пробаш...
     
  5. eelche

    eelche Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    Девојче јас мислам дека никој од такво нешто не се згрозува....тоа може на секој да му се случи и мене ми с еима случено пред 6 месеци.....Ама фала му на Господ бев многу упорна...(пробав мн работи со доктори ваму таму,на клиника во Дермамедика бев во Скопје ме одраа со пари и џабе ништо)Да ти кажам сама си помогнав еве вака и погоре имам пишано ама ке ти пишам и тебе......Лицево го миев со бебешки сапун и едно време користев мелем на природна база...една жена ми даде(го прави со свинска маст,кантарион и невен,не знам точно) и пиев таблетки рибино масло ,б комплек три пати дневно...и почна да заздравува Е сега користам Гарниер пуре актив за проблематична кожа ролончето и имам многу ефекти.....си ја вратив самодовербата благодарејќи на поддршката на мојте дома и на дечко ми.Имам флеки ама се надевам дека со тек на време ќе се исчистам.
    Поздрав и пробај со оваа терапија ако можеч д аго најдеш тој мелем...Ќе ти помогне и најважно БЕЗ НЕРВОЗИ........ПОЗДРАВ И МНОГУ УСПЕХ!!!!
     
  6. eelche

    eelche Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2

    Еее тие таму перат пари...мене ми го упропастија лицето...па кај земаат пари од третманите и згора на тоа ти препишува некој лосион и креми скапи .....немааат врска само перат пари....
     
  7. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    па мене лично ми помогнаа ласерите зашто во средно имав проблем со акни. не претерано сериозен ама доволно да ме вади од такт секој ден 4 години, ама ако си имала лошо искуство....немам што друго да ти предложам :worried:
     
  8. eelche

    eelche Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    Јас сакам да кажам дека имав проблем и одев во ДЕРМАМЕДИКА со таа киселина и со тие стисканја и со оној ласерот ме унистија ми с епросирија станав катастрофа,но за срека с еизлечив фала му на Господ..ТОА САКАВ Д АКАЖАМ ДЕКА ПЕРАТ ПАРИ И СО ТРЕТМАНИТЕ И СО ПРЕПИШУВАЊЕ НА ТИЕ КРЕМИ,МАСКИ И ЛОСИОНИ....
     
  9. b.04

    b.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ќе ми кажете и мене како да го најдам човекот за маста (Саше) ?
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Eelche јас разбирам дека си гневна и лута и разочарана и од доктори и од бајачки и од луѓе кои прават креми ,но сепак мораш да го прифатиш и тоа дека одредени доктори ,бајачки и креми на некого му помогнале.На пример мене лично многу ми имаат помогнато и др.Пешиќ и др.Николина.Јас искрено се надевам дека ти ќе продолжиш да бидеш упорна и да си го бараш својот лек и дека еден ден (а тој ден да биде што поскоро)и ти ќе го најдеш и сево ова ќе биде минато за тебе.Поздрав и среќно :)
     
  11. eelche

    eelche Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    Eelche јас разбирам дека си гневна и лута и разочарана и од доктори и од бајачки и од луѓе кои прават креми ,но сепак мораш да го прифатиш и тоа дека одредени доктори ,бајачки и креми на некого му помогнале.На пример мене лично многу ми имаат помогнато и др.Пешиќ и др.Николина.Јас искрено се надевам дека ти ќе продолжиш да бидеш упорна и да си го бараш својот лек и дека еден ден (а тој ден да биде што поскоро)и ти ќе го најдеш и сево ова ќе биде минато за тебе.Поздрав и среќно :)[/quote.....

    Го најдов лекот и не сум гневна и лута......се излечив фала му на Господ.....
    Го кажувам искуството....како не ги бива за ништо од ДЕРМАМЕДИКА.......ПЕРЕ ПАРИ ТАА ДОКТОРКАТА ЕЛИЗАБТА И ЕВЕ ТИ ПРИМЕР...МИ ПРЕПИШУВА ЛОСИОН И КРЕМА И МЕ ПУСТА ВО АПТЕКАТА СПРОТИ ДЕРМАМЕДИКА И ОДАМ КУПУВАМ И ПОСКАПОЕ Е ЗА РАЗЛИКА ОД ДРУГИТЕ АПТЕКИ ЗНАЧИ ЗЕМААТ ПРОВИЗИЈА И НА ТОА ШТО ЌЕ ТИ ПРЕПИШЕ НЕКА ТИ Е ЈАСНО И НЕ СУМ САМО ЈАС,ИМА милион пример што ги упропастиле!
     
  12. macencetoo

    macencetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    3
    ве молам некој нека ми кажи како да ги отстранам поткожните мозолки од ништо не поминват,нека пишат тие што имале добри резултати и што користевте мн ке ви бидам благодарна
     
  13. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Имам проблем ако не ставам помада лицето ми е суво ... ако ставам ми е мрсно :sweat:
    предлог ? ;(
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    ^ Значи ставаш многу мрсен крем што не ти одговара. Најди некој полесен, може и гел формула. А да не ставаш не може, на кожата и’ треба храна, макар била и мрсна. Само треба да го погодиш кремот :)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Какви се креми не пробав башка лицето ми е како со лушпи ... ужас :@
     
  16. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најдобро е да пробаш хидратантен крем кој ја навлажнува кожата.Имаш голем избор побарај во аптеките мислам дека нема да згрешиш :)
     
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    што се однесува до мозолчињата ги имам и јас..нормална побертетска појава, пробав различни лосиони и такви глупости ама озбилно се глупости се е ок првите неколку дена има дејство после ништо...братучетка ми ми спомна дека може лицето да ми е надразливо на хлорот во водата па да пробам наутро и навечер да го чистам со бекутан влажни марамчиња а пред легнување на местата каде имам мозолчиња да ставам бекутан бебшка пудра, и тоа ми е решението...најискрено пробајте не е резултатот за ден или два со тек на време се смирува лицето не сосема но кај мене има големо подобрување скоро и да немам проблем сега ако треба да излегувам негде малце пудра помага да се покрие се :D
     
  18. Bubalaska

    Bubalaska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки, да ве прашам дали некоја од вас има користено пудра од таканаречената 'камуфлажна козметика' за прекривање на недостатоци како дамки, пеги, акни, капилари и некои неправилности на кожата. Со висок фактор на пигментација е 26-40% за разлика од останатите пудри што секој ден ги користиме со околу 16% фактор на пигментација. Линијата на пудри опфаќа производи како: Coverderm classic, perfect face.... или ако се сеќавате имаше едно време на Топ-Шоп реклама за слична пудра која прикрива вакви недостатоци и трае на лицето до 24 часа и е водоотпорна (совршена за на плажа и за во вода) малку е скапичка, претпоставувам дека ја има во Cosmo дрогериите низ Скопје, а бидејќи не сум од Скопје дали би ми се исплаќало да дојдам да си ги дадам парите и пак да не ја бива!?!?
     
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Ај и тоа да пробаме :D
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    А да пробаш со Бекутан?
    [​IMG]
    И јас имам мрсна кожа, ама со Бекутанчево ми е супер затоа што кремата е хидратантна. Е сега не редам наутро затоа што ќе светам како лампион, ама го ставам како подлога за пудра и навечер пред спиење на чисто лице.
    Наутро само го мијам лицето со ладна вода.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.