Драга јас би ти препорачала кога ќе почнеш со едно терај со тоа не мешај многу. Според мене нијацинамид.
Цел живот имам проблеми со акни. Пробав секакви продукти. Првата промена ја забележав кога ја сменив исхраната. Отфрлив се што е богато со рафинирани шеќери, брза храна, брашно, грицки. Има огромна разлика. Но, исто така решив да инвестирам и во поскапа нега за лице. И овој пат бев упорна. Претходно ќе купам нешто, ќе го користам една недела и одма го фрлам, готово не помага. Сега си направив рутина, дневна и ноќна. Преку ден го мијам лицето со природен сапун од зеолит, а потоа ставам салицилна киселина од Revox, а кога ќе се исуши, нанесувам effaclar duo la roche posay. Секој трет ден користам маска за лице, задоволна сум од fancy handy, мирисаат неубаво, ама тоа е затоа што се поприродни. Еднаш ќе ставам глина, еднаш алое вера, трет пат глина на Freemans. Навечер пак го мијам лицето со истиот сапун и нанесувам продукти против брчки од линијата на Vichy. Ќе се појави некоја акна, те тук таму, ама тоа е минорно, во споредба како беше. Дури и мм кога ќе види акна на моето лице, ми вика, ааа вчера не си ставила од кремчињата, за чудо е во право. Но верувам дека и самата исхрана има големо влијание.
@shz истото сакав да го пишам , како што ти пишала Мишела. Јас со години се борев со акните, баш такво ми беше и мене лицето. Каде не одев, на кожно, ме мачкаа со течен азот, па купувај оваа онаа крема, па лосиони и др глупости, на крај почнав со испитувања и испадна проблем со хормоните. Од кога почнав терапија ми се промени животот буквално, лицето чисто ми стана ,но те совртувам обавезно да си напрабиш проверка, ништо на своја рака да не земаш... Имам стари постови на темава, баш пребарај
Девојчето е со сериозна форма на акни, а ти и препорачуваш да се консултира со самопрогласена блогерка на интернет? И патем, типката предлага исклучиво производи кои и пуштаат поклончиња, а не производи кои реално ти требаат. Којзнае и дали знае што реално ти треба. @shz да си направиш испитувања, да се консултираш со дерматолог ако веќе не си и да го решиш проблемот од корен. А мој совет од лично искуство е да пиеш многу вода и да регулираш исхрана. Тоа нема да ти ги излечи акните, но помага, многу помага во целиот процес. Овие акни пред се се за терапија и надзор од стручно лице, особено ако си во пибертет, а потоа ќе мислиш за рутина.
Кој има акни прва работа е да се испитаат хормони, правилна исхрана и да се посети дерматолог. Пазете само кај кој идете. Мене една докторка сакаше роакутан да ми даде да пијам а не ми беше толку страшно лицето
Ќе ве замолам само да се држи дискусијата до темата. Сите идни коментари околу блогерки и слично ќе бидат тргнати. Имаме други теми во кои разговараме за нив, овде секако не им е местото на тие коментари кој каков бил и што правел. Ве молам без офтопици.
А си имала акни на грбот? Дека на сестра ми поради акни на грбот с не многу на лице , и дадоа роакутан. Во секој случај, ако не е многу лошо лицето тоа е јако да се пие
Јас имав повеќе акни на грбот отколку на лицево цела бев во акни и црнки. Тоа на 15-16 години сега веќе на 18 скоро ми се исчисти. Најверојатно пубертет исто му беше и на брат ми. Иначе да прејако е не знам колку години после тоа не смее бремена да се остане и пореметува се.
Веќе 8,9м имам проблем со лицето.. Хормони проверив, океј ми се. Имам ситни бубулички или црнки што и да се, по челото, од страна кај очите, некоја и по лице.. Пудра да ставам бетер се истакнуваат. И по брадата многу болни ми излегуваат.. Земав еден лосион ама не ми помага нешто баш. Земав активен кислород, тој така така.. Малку подобро ми беше лицето. Е во Август бев 2 недели во Охрид и таму ми стана стакло, чисто како и порано, се вратив и пак иста песна. 27г сум и никогаш во живот бубулички не сум имала, секогаш чисто меко лице.. Неможам да се гледам! Што да направам... Гинекологот ми рече да земам контрацепција некое време да пијам, зашто иако ми се ок хормоните, знае мензисот да ми касни... Ми е страв да не си направам бетер...
Не ми е нешто мрсно, нормална кожа... Чудни ситни ситни еден куп имам по цело чело... Неможам да доловам на слика, во живо ми е бетер.. И не ми е јасно зашто во Охрид ми се исчисти скроз, а сега пак.... По брадата па имам големи и болни, ама ај тие знае и да ги нема, овие на чело цело време ми се.. А под очи па тој дел до брада па океј ми е.. Кај има тоа?
Ставам една на sattwa, но не ми е цело вакво.. Само челото и кај слепоочниците од страната.. Те повеќе, те помалку, но цело време ги имам. Се мислам да не е нешто по пудрите последни што ги користев.. Па да земам да ја сменам ми е во план..
Каква би ми препорачале? @Ketchup со fruit acids е, не сум дома моментално да ја видам точно како беше. Но лицето и пред неа ми беше вака, таа од летово ја ставам... А пред неа ziaja си ставав и си го чистам со Yves Rocher лосион одамна, а вака ми е само некои 8,9м..