Јас за хидратација користам на балеа аква серумот со хијалуронска и пантенол крем и лицето ми се прероди многу ми е поубаво што и да земеш само со убав состав да е
Општо хидратантните креми може да придонесат на проблемот. Единствена крема на нашиов пазар за која знам дека е fungal acne safe е хидратантната на Hada Labo Tokyo. Гледај кога бираш хидратантна крема да има што помалку масла. А состојки кои би можеле да ја подобрат ситуацијата се ниацинамид, салицилна киселина и сулфур.
Имав многу чисто лице, немав ниту едно брунче ништо бувално, но фатив сипаници, и сега ми е катастрофа.Дали некој може да ми препорача некои креми што да ставам да си го вратам лицето како што ми беше?
Ставав од таа пудрата, но на некои места што биле гноело и пукнало, и таму имам дупчиња, но фаќа како кора, после тоа лузна останувало така ми рекоа.
Здраво девојки, во последен период лицето ми се иритира и имам црвенило и на некои места мали ситни брунчиња, акни ... што би можело да ставам за да спречам?
Да не имаш розацеа? Таа предизвикува црвенило и мозолчиња/акни. Ама за ова најдобро е да си одиш на дерматолог и да ти каже најточно, може и да имаш само чувствителна кожа што лесно се иритира. Ние не можеме да знаеме што може да ти е бидејќи не ти го знаеме лицето, а и да ти го знаеме, не сме дерматолози и не сме кадарни да те дијагностицираме. Во меѓувреме, ако користиш многу работи, намали и користи го само основното: нежно средство за миење лице, хидратантна крема и СПФ крема. Гледај да се што е можно поедноставни и без мириси, етерични масла или alcohol denat., бидејќи се чести иританти (не кај сите луѓе) и можат само дополнително да ти ја влошат состојбата. Можеш да побараш хипоалергени производи, бидејќи се направени со цел да не прават иритација. Сепак, хипоалергеноста не е регулиран термин, бидејќи секој може да се изиритира од било што и не може да се направи производ кој ќе е неиритирачки за сите луѓе, но еве да кажеме помала е шансата за иритација со вакви производи.
Доколку се работи за fungal acne, според тоа што прочитав на интернет секогаш ли чешаат? На челото имам такви ситни кои одблиску се приметуваат и ми влијаат врз текстурата на кожата (а не дека се многу воспалени), но не знам дали се fungal acne бидејќи не ме чешаат... само стојат 1-2 месеци, никако не се тргаат.
Дали случајно знаеш со кои препарати исчезнуваат? Мора со некои антифунгални креми препишани од доктор или? Јас се самодијагностицирав
Поголемиот дел од скинкер експертите што сум ги слушал се сложуваат за сулфур како состојка која има директно влијание на нив. Некои препорачуваат и ниацинамид и салицилна киселина.
Дали пантенол кремата што ја има по аптеки ги затнува порите, дали може да се користи со акнефуг? Не знам дали да ја користам таа што ја имам на purito deep see water со акнефуг или пантенол да земам, што мислите?
Imam masna koza, no dehidrirana. Na primer, ke si stavam krema pa pudra, i okolu nosot mi se lupi. A po 1saat, 2ke svetnam kako lampion. Predlozete mi nesto devojki.