Nesti Dante од Дм дрогерии, Uriage, Bioderma, Eucerin, La Roche Posay,Vichy сите нивни производи ги имаш во поголемите и подобро снабдени аптеки, како Зегин, АнниФарм, ВиаФарм во Охрид имаат и бесплатна достава до цела Мк. Среќно и очекувам да ми кажеш како ти одговара рутината и дали има резултати
Zdravo dali moze nekoj sto se razbira dobro da mi odgovorii... KORISTAM PENA ZA CISTENJE LICE, POTOA TONIK, I POSLE TONIKOT STAVAM ANTIBIITSKO MASCE ZA AKNI... E SEGA PRASANJETO MI E DALI POSLE MASCETO MOZAM I SMEAM DA STAVAM NEKOJA HIDRATANTNA KREMA? NEZNAM DALI SE STAVA VRZ MASCETO DRUGA KREMA? ILI AKO STAVAM KREMA DA NE STAVAM OD MASCETO? VI BLAGODARAM
Можеш да ја користиш секоја вечер, после неа можеш да ставиш хујалиронска киселина. Значи,ставаш салицилна,чекаш да се исуши и после ја влажниш кожата и ставаш хујалиронска киселина.
Морам да се сложам. Тој од краставичка е доста благ и лесен, класичниот и тој како со пилинг ефект ми се покажале многу добро. После нив лицето го осеќам баш чисто. Тој со шеа е ужасен остава масен траг. А кој е овој renew skin?гуглав не можам да го најдам, ако може слика.
Пред некој месец јас така се исфрлив на челото, и открив дека ми е од остатоци од шампонот за коса... брзав и не сум го измила како што треба
Маските често ги менувам ако излагам на повеќе од два часа и по две си земам со себе. Ако може да ми предложиш некој чистач ќе ти бидам благодарна
Bioderma Sebium Foaming Gel ако ти е нормална кожата но со оглед дека ти реагира на маскиве кожата, може и да ти биде агресивен така што од Bioderma Sensibio foaming gel ќе си ја заврши работата перфектно. 777 денари е јас го користам веќе 6 месеци и сум презадоволна.
Се цитирав самата , но и останати две пораки. Како што ветив погоре напишав детална статија за киселините (за почеток салицилната а во следна статија ќе говорам за АХА и за Лактинска киселина). Статијава освен киселини содржи чекор по чекор нега на масна и проблематична кожа и како полека да дојдеме до резултати кои ќе бидат долготрајни. Доколку ве интересира секако прочитајте статијата е малку подолга, ама детално е објаснето сѐ (јас секогаш детално ги објаснувам не само производите туку и проблематиките). За било што ви стојам на располагање. Ако имате прашање и за други киселини слободно пишете ги за да знам што да вклучам во наредните статии. Поздрав https://biodevojka.blogspot.com/202...cPpM_4NPNcFB-pd880KSwn7nWHNO-rBwGmZmwP3W_h8zA
Здраво, јас сум нова на форумов па незнаев точно во која тема да прашам. Добив бесплатен ваучер за тест и третман на лице. Јас имам мрсна и проблематична кожа на која од време на време се појавуваат акни. Исто така сум алергична и на препарати од мед, прополис и слично. Треба да одам следнава недела па сакав да прашам дали имате искуство со ова? Каков третман се прави, дали е ефикасен или не?
Од пред некој ден личето како да ми е изгорено, премногу ми е црвено на образите, ме чеша а понекогаш и ме пече. Од што може да е тоа??? Како да си го смирам?? Немам никаков нов производ ставено на лицето, се користам веќе подолг период. Го измив сега повторно со вода ама многу ме пече, како да си помогнам не знам
Драга можно е ако си излегла на сонце без заштита или можеби си алергична на нешто. Јас би ти препорачала да ставаш облоги од камилица и евентуално алое вера гел за да се смири црвенилото. Одлично средство во случај на изгореници и црвенило е маслото од кантарион. Јас обично се горам од рерната и штом веднаш нанесам кантарион за саат време поминува црвенилото и не останува белег. Не знам што користиш за нега на кожата ама можно е да е и некаква реакција од тоа. Поздравче
Јас ги откажав цигарите поради апчињата. Прочитај повеќе на нет за ова, во главно не се препорачува да се пуши, ризикот од срцев удар, тромбоза итн..е многу зголемен.