Јас лично го користам овој Мало пакување практично и комплетно е природен. Најдобар од сите други мали пакувања кои ги имам видено кај нас. Само за надворешна (козметичка) употреба. Ако сакаш поголеми пакувања во тој случаj во аптека побарај го овој (кој за разлика од првиот може и да го пиеш) или Botanicals Aloe Vera Gel (исто го има во аптеки). Поздрав.
Јас би ти го препорачала пвој на еси. Има и чајно дрво и витамин е во себе, одличен е за повеќе намени
Салицилната или било кој друг препарат нема да си ја врши работата ако веќе имаш запушени пори. Чистото лице произлегува од инвестирање во добар чистач зошто само тој може да ти ги исчисти длабински порите. Салицилната киселина нема никаков ефект кај тебе веројатно бидејќи не користиш чистач воопшто, или имаш изберено погрешен чистач. Прво се чисти шминката доколку имаш нанесено со мицеларна, потоа со чистач (најдобри се од Bioderma, Uriage, Eucerin ) па потоа веќе можеш да ставаш креми против акни,митисери и серуми.
Од мое искуство има многу чистачи со многу поприфатлива цена. Не дека овие што ги наброја ти не се добри, но едноставно се многу скапи а ја вршат истата функција како одредени производи од Балеа.
Навечер шминка вадам со оливал мицеларната,или балеа масленото средство,а потоа мијам со балеа гелот кој е доста нежен а вади и шминка. Лани користев на биодерма гелот и крема нивна,лицето лом ми се направи со бубулици,сега имам само комедони и митесери. А како тоник користам активен кислород.
Зборам за проблематична кожа, на проблематичната кожа и треба далеку од обични состојки во чистачите. Многу е битен редоследот на состојките во самиот чистач. Пример моја другарка користи чистач од 300 денари, но нејзината кожа и онака е нормална , чистачот само и го оддржува нивото на себум. Бидејќи членката кажа погоре дека не може да се спаси од митисери и комедони , за тоа треба редовно оддржување и длабинско чистење и пред се чистач што регулира лачење на себум. Јас препорачувам работи што јас на своја кожа сум ги испробала тоа не значи дека е морално истите да се користат, или дека 100% гарантирам дека ќе си ја одиграат улогата перфектно, сепак не сум дерматолог. Веројатно некоја состојка од чистачот или генерално од линиите на биодерма не ти одговара на кожата , дали имаш некоја алергија?
Едно време плавиот со краставица од Балеа ми помагаше,после го сменија и го упропастија. Не дека не вршеше функција туку подобро врши Биодерма неголи Балеа. Од козјо млеко ја имам,првото пакување одлично ми се покажа,втор пат кога купив не знам зошто многу ми го мрсеше лицето. Во принцип,ако немаш мрсна кожа ќе ти биде одлична бидејќи дава добра хидратација.
На овој мислев, restore, го згрешив името. Предобар е, за разлика од другите Dove овој го издвојувам дека најубаво ми го прави лицето.
Иако многу внимавам наочарите за сонце да ми се секогаш чисти, забележувам дека ми се појавуваат акни на местото на кое се допираат рамките, ако ги носам подолго време... А обично е така Има ли некој вакво искуство и што да преземам?
Најверојатно ти се поти лицето од рамките што се допрени, а може и пластиката да ти создава еден вид алергија...
Zemi si losion na lea so klindamicin i na cisto lice nautro i navecer so tuferce pomini gi aknite... Isprobano i mn brzo deluva I ne gi nosi naocarite za sonce, ako nemas potreba od niv...
@prominent, јас не би ти препорачала да не ги носиш очилата за сонце; не само што ти го штитат видот, туку и нежната кожа околу очите. Искрено, не знам кое би било решението, можеби би видела дали со други очила истото ми се случува или конкретно само од овие. Можеби и можеш да користиш очила со пластични перничиња на носот ако ти ги држат рамките подалеку од образите, иако тогаш ќе имаш отисоци на носот од нив... Ама тоа е, you win some, you lose some .