Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга некоја специфична крема немам пробано, јас би ти ја препорачала онаа на Др. Конопка која со сигурност трга црвенила од акни (тоа е веќе проверено) за лузни не би знаела да ти кажам.

    Драга дозволи ми да ти кажам дека озонирани масла се најгемиот маркетиншки трик што може да постои преку кој ти наплаќаат тродупло, а добиваш производ со понизок квалитет. Еве да објаснам зошто....
    1. При прицесот на озонирање најнапред се прави една серија на хемиски реакции, од кои поголемиот дел доведуваат до предвремено ужегнување на маслото, со оглед на тоа што ја “кинат“ односно уништуваат двојната врска С=С.
    2. Процесот на озонирање или озонизација (не знам како е правилно на македонски) е навистина многу економичен, толку економичен што голем број на фирми сами го прават. Ти наплаќаат производ со неверојатно висока цена (маслиново масло за 1.360 мкд за мене е грабеж) а со понизок квалитет од на пример ладно цедено органско масло (кое во супермаркет ќе го најдеш за многу помалку и тоа цел литар).
    3. Озонот е молекула составена од 3 атоми на кислороди има нестабилна структура, односно брзо оксидира . Кажете ми која е поентата на маслото кое е полно со вит. Е (кој е природен антиоксиданс) да му се додаде ова кое има потенцијално оксидирачка моќ (може да предизвика брзо ужегнување на маслото) . Според мене не сме направиле ништо затоа што со оглед на тоа што е нестабилен, во финалниот производ (финалното масло) ќе најдете сѐ освен озон...

    Јас лично никогаш не сум земала ниту пак ќе земам да користам вакво нешто. Обично она што го земам за рецензија се производи кои прво имаат смисла како формула, а потоа прават добро на кожата. Не сум од оние блогери кои ќе се нафатат да рецензираат сѐ само затоа што е модерно 8). Сепак стојам зад она што го говорам, а моето мото е доколку јас лично не го употребувам нема смисла да ве лажам вас нели....

    Драга моја слушај ми го зборот, за тие пари купи си убав производ крем, серум нешто што навистона ќе и направи добро на кожата.
    Бацки.:*
     
    На dayla, koritsaki и blueeparadise им се допаѓа ова.
  2. Nutri001

    Nutri001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам премногу
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Coco11

    Coco11 Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    На челото ми искочи огромна поткожна акна.Што да ставам побрзо да ми помине?
     
  4. Nutri001

    Nutri001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Пробај со паста за заби
     
  5. Elena777

    Elena777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Dobar dermatolog vo skopje?
     
  6. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    479
    Држи коцка лед, намачкај масло од чајно дрво, хидроциклин.. ова е нешто мене што ми помага за такви акни..
     
  7. QueenBeyonce

    QueenBeyonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    850
    Пол:
    Женски


    Што да не ставате на лице:
    1.Лимон
    2.Вазелин
    3.Сода
    4.Паста за заби(често се среќава овој совет).
    5.Масла
    *има убаво објаснето
     
    На PoisonIvyFatale, Gi.ir.ll192 и soffce им се допаѓа ова.
  8. rumcherry

    rumcherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Може ли некаде во Битола да најдам тестери за Uriage? Сакам да ја купам цела колекција ама не ми се даваат толку пари страв ми е да не не ги погодам. Ако знае некој да ми помогне му благодарам од напред.
     
  9. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Дерматолог ми го препиша Acne out активниот крем со ниацинамид и го ставам само локално на местата каде што имам акни. Кожата ми е многу дехидрирана, но не знам дали после овој крем можам да ставам хидратантен крем или серум. Има ли некој ваква информација?
     
  10. Nutri001

    Nutri001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Можеш слободно, после акне оут, нека поминат 15 минути да си легне масчето на лицето и слободно стави хидратантен крем... По можност ако најдеш домашна маст од невен, мачка се секој ден и ќе видиш разлика
     
    На Anod10 и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  11. Elena777

    Elena777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj koristel proizvodi na clean&clear?
     
  12. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.924
    Пол:
    Женски
    Откако сменив исхрана(строго здрава без шеќери и трансмасти) и намалив на количина, долниот дел од лицето, околу и под брадата, под образите почна да ми се прави како "cakey skin", "flacky skin", "bumpy skin" или "rough skin". Некако нерамно со ептен ситни бубулици и бели топчиња за стискање што велиме. Ептен видливи темни флеки.
    Незнам што се случува.
    Anyone?
    Лек, спас за проблемот? :whew::?::worried:
     
    На ludamaja10 и PoisonIvyFatale им се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Значи по неписмени аптекарки од Македонијава нема.
    И викам дај ми Леа бел прозивод.
    Она ме убедува ми дава жолт. На природна база бил ова она.
    Значи кога ти викам Бел значи Бел.
    Шо не е јасно?

    Некој искуство со овој производ? le-3240.jpg
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.288
    Пол:
    Женски
    Хахаах може не и се троши жолтиот.
    Не си единствена што има замерка од аптекарките. Јас нешто ќе прашам, се прави дека не ме слуша. Па зошто си дојдена тука ако ќутиш. Тоа ти е работа да комуницираш со муштериите
     
    На poppie, IamSexyAndIKnowIt, **prcla** и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Elena777

    Elena777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дали некој користи airol крема и во која аптека можам да ја најдам дали знае некој??
     
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    24.048
    Пол:
    Женски
    Нема кај нас Аирол одамна, мислам.
    Сона ти е солидна замена.
     
    На ludamaja10 и Elena777 им се допаѓа ова.
  17. Elena777

    Elena777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Користев сона и многу ми ги воспали акните
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    24.048
    Пол:
    Женски
    Да не си користела нешто друго во меѓувреме?
    Да не си користела несоодветна доза?
    Да не си ставала пречесто?
    На почеток многу треба да се внимава и количински и колку често се нанесува и дали е директно врз самата кожа.
    И двата се ретиноиди.
     
    На Elena777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena777

    Elena777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Не користев ништо друго.
    Ја ставав секоја вечер само на акните и после неа ставав хидратантна крема.
     
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    24.048
    Пол:
    Женски
    Немој на почеток секоја вечер.
    На 2-3 дена само навечер ставај, и плус прво врз хидратантна крема.
    А и можно е на почеток да те исфрла повеќе, зависи за каква иритација стнува збор.
    Ако се повеќе акни првите две-три недели, нормално е.
    Ако е сувост, чешање и црвенило, тогаш ставај само два-три пати неделно и пробај прво врз крема.
     
    На Elena777 му/ѝ се допаѓа ова.