Здраво девојки. Јас цел живот имам чисто лице и никогаш не сум имала проблем со акни, но во последно време почнаа да ми излегуваат од оние големите што зреат со денови и што болат многу, само на челото. Немам наеднаш по многу, по една,две, ќе ми поминат и за некој ден пак нови.. Лицето со години го мијам само со "dove" сапун и ставам нивеа хидратантна (ама само кога ми е посуво, зимно време). Знаете ли нешто да ми препорачате да пробам да го средам, не ми се оди по лекари со ситуацијава...
Купи салицилна, и на тие големите ставај ја ( само на тие места ) дека така ќе видиш дсли ти одговара, за 1-2 дена та ги суши
Драга ако ми дозволиш да те прашам зошто си користела azelaic acid кога имаш кожа со црвенила? Потоа многу важно од што се предизвикани црвенилата како резултат на што се појавиле... Ако сакаш прати ми слика во приватна порака за да видам. Поздрав
Драга само што се вклучив имај трпение имам 200 пораки. Не сум стигнала до твојата, ама еве полека почнувам да одговарам на сите. Секако дека ќе ти одговорам. Поздрав.
Крема обавезно после миење на лице. Ќе си земеш некоја во зависност од тоа каква кожа имаш. Нивета не верувам дека има добар состав. Сапунот може да ти ја суши кожата, подобра алтернатива ти е некој нежен гел за лице или пена. Исто согледај дали имаш некои измени во исхраната, и тоа може да е причината. Најважно, не ги пипкај.
Јас имам црвенило само на пределот во образите, и тоа не е константно, туку пример на ладно, промена на температура, ако јадам луто, ако нешто се засрамам одма се појавува на образи. Иначе не е многу изразено. Откако знам за мене е вака, не е некоја нова состојба. Читав дека се препорачува azelaic acid за црвенило, затоа и ја користев.
Денес бев на дерматолог и не ми направи никаков детален преглед на лицето туку со еден поглед заклучи дека немам голем проблем. Кога се обидував да му раскажам што се имам користено тој ме прекинуваше и носеше свои заклучоци и на крај ми препиша Далацин антибиотик, за ова не знам немам користено, Лосион Клиндамицин кој нема шанси да го купам, бидејќи е на база на алкохол, а алкохолот ми го прави партал лицето, Акнифуг и Сона да ги користам во исто време, а јас знам дека Соната е ретиноид, а Акнифуг бензиол пероксид и тие не се мешаат и на крајот некој пробиотик. Дали сакаше да ми го доуништи лицето?
90 posto od dermatolozite ova go prepisuvaat, jas bi ti kazala da istrazis sam/a koi produkti najmnogu bi ti odgovarale i da si napravis rutina
Се мешаат, сепак не ги мешај како за почеток. Инаку стварно партал ќе го направиш лицето ако почнеш да користиш се што ти препишал. Јас би избрала акнефуг прво, па ако не бива би додала и сона. Секако и добар хидратантен некомедоген крем.
Дали некоја го има пробано GIA roller??? https://gia.mk/product/gia-jade-fac...ObLLKfFS-FAAJdC0596E5JZ6IfDZLqpW55SjimaGAFr5A
Имам проблем со акни, и тоа не само на лицето туку и на вратот, рамењата. Не сум била на дерматолог но сакам да видам ваше мислење, дали вие сте имале ваков проблем? Во главно се ситни, се појавува и по некоја крупна, но проблемот е што немало ден да ми е чиста кожата (без акни). Хормони гинекологот ми препорача да не проверувам се дури не престанам да дојам.
Во последно време забележав ситни акни на челото. Не се многу, но бидејќи одеднаш се појавија некако ме вознемирија. Не се ни со гној, ништо, некако поткожни се. Некоја препорака што да употребувам?
Повеќето дерматолози го препишуваат ова, не е до него. Пробај со Сона и Акнефуг, а врз Соната крема, види ја на Биодерма себиум сензитив. Скоро истата терапија и ја имаа препишано на Зои Блажевска и имаше големи резултати кај неа. Види го видеото на јутуб ако се уште го има.
Незнам кое ЧУДО се случува ама моето лице е скроз скроз исчистено од сите можни проблематики. Не ми се мрси ич, порите ми се намалени, црвенила и ситни бубулици немам. Значи СТАКЛО! А, што направив? Престанав да ги користам сите можни средства за миење лице, и престанав да го мијам секој ден. И кога го мијам, само со Dove сапун, нежно. Спијам на перница со "свилена" навлака. Не излегувам толку често од дома, и после миење ставам крема. Само ова крема. Резултатите се драстични дури ни самата неможам да си поверувам. А, да, и сменив скроз начин на исхрана. Се хранам далеку поздраво од било кога. Без шеќери, без трансмасти, без преработени и конзервирани храни. Строго зготвено дома. И исфрлив 98% млечни производи. Освен јогурт и кисело млеко, друго ништо.