Добар е, вреди. Јас го користев еден период кога имав проблеми со исфрлено лице, ми помогна и за кратко време се вратив во нормала.
Здраво драга ја копирав сликата од твојот пост (се надевам дека е ок) Јас моментално го користам на тестирање и деновиве ќе напишам статија. Феноменален е, особено за овој период кога носиме маски и кожата е склона на појава на акни, Го препорачувам двапари дневно наутро на убаво измиена кожа и штом се вратите дома од работа извадете ја маската измијте ја кожата и испрскајте. Производителот вели дека може да се прска и во текот на денот ама според мене нема сврха да се прска кога кожата под маската се испотила и е нечиста (нема поента да го прскаме на нечиста кожа сметам дека двапати дневно на чиста кожа е повеќе од доволно). Како производ е уникатен не сум видела ништо слично досега. Ако не ти се брза за два дена треба да направам рецензија па ќе ја ставам во темата блогови за козметика. Поздрав
Здраво, Веќе во период од две години имам проблем со лицето, од чисто лице стигнав до лице со црнки (немав многу но сепак се познаваа). До лани не преземав буквално ништо само со пудра ги покривав, и лани во мај месец почнав да одат на третман за вадење на истите, лицето ми беше ок една недела и потоа повторно излегуваа, кога ја прашав козметичарката што да ставам на лицето ( бидејќи немам создадено никаква skin care рутина) и таа ми вели не смееш ништо само чисти го со мицеларна вода секој ден наутро и навечер.А имам мрсна кожа... Ок го чистев, ништо... И пред една недела напишав со темата за да ми предложите некој за да се советувам со него за продукти за лицето. Една девојка (ама не се сеќавам која, и испраќам илјада гушки сега моментално, можеби ќе се препознае која е) ми ја предложи @Biodevojka се обратив кај неа и ми даде продукти и јас ги купив. Луѓе, само два дена ги користам производите лицето ми е како стакло, толку е мазно што не можам да опишам. @Biodevojka ти испраќам многу бакнежи и ти благодарам многу Еве ги продуктите кои ми ги предложи: Маска за лице: https://www.bellina.mk/p/657/sophor...za-mrsna-i-kombinirana-koza-75-ml?category=56 Крема за лице: https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-lice-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml?category=41 Пена за чистење на лице: https://www.bellina.mk/p/452/radiance-energy-frimousse-pena-za-chistenje-na-lice-125-ml?category=9
Ти благодарам премногу! Све што ми препорача имаше резултат од првото нанесување! Те гушкааааам драгааа
После 10 дена користење можам да кажам дека сум ПРЕЗАДОВОЛНА од серумот. Го нанесувам на благо навлажнета кожа 2 3 капки според пипетата, чекам да се засуши и потоа јојоба масло. Имав многу флекички и црвени точки болни на допир од бубулици ( да, многу, околу 30 морам да напоменам ) и кожава многу ми се мрсеше. Откако го користам тенот ми е поизедначен ( бидејќи ми беше многу чудно лицето не знам како да опишам) , кожата ми има некој здрав сјај и изгледа добро, флеките се 80% избледени, нови акни немам што е одлично бидејќи секое мое пробување нов производ завршуваше со огромни, болни акни; Редовна цена видов му е 890 ден, јас во дм го земав 675 ден и дефинитивно би го купила пак.
Дали овие производи може да се купат само онлајн или ги има и во аптека? Конкретно за кремата ме интересира. Благодарам
Е заради вакви работи не сакам да одам на дерматолог Еднаш посетив дерматолог, како што кажав јас и немам поголеми проблеми освен црвенилото на лице и по некоја акна. Кога му кажав што користам за лице, не знаеше ни еден од продуктите. Ни ниацинамид, ни витамин ц, да не зборувам за некои од киселините. Мене ми препиша Епидуо ( претпоставувам еквивалент на Сона ). По 3 дена користење имав изгореници на лицето во пределот на јаболкниците! Се јавив да прашам за совет, ми рече мачкај наместо секоја ноќ, преку една. Баталив од тогаш дерматолози и си барам сама производи.
Стандард терапија е тоа. Не знам колкав проблем имаш но е и доста агресивна. Антибиотикот (јас Миноцин (мислам така се викаше) пиев, многу side effects имав). Можеш да пробаш со Акнефуг, еве јас и ден денес го користам. Ама не ставам на цело лице, само на акните. Соната тогаш како во пакет со се друго имаше ефект, ама колку од неа било, не знам. Воглавно не ми се допаѓа. И да, хидратантен крем обавезно.
Најдобро нешто за лицето ако не сакате дерматолози, е да го миете два пати на ден наутро и навечер со најблаго природно сапунче, да му ставите неагресивен благ тоник, и хидратантна крема исто природна без парабени и слично... Верувајте колкав и да е проблемот ќе го решите
Алкохолот и парфемот играа најголема улога кај мене. А сапун ќе прескокнам. Нема сапун што не ми ја суши кожата. Исто, природната козметика е сосем океј ама секој тип на кожа различно реагира. Затоа треба да се воочи што ни одговара а што не.
Купив Миробакт тоа што ми препишуваше претходниот дерматолог и ставам хидратантна крема сега за сега. Можеби ќе купам повторно Логона и се мислам плус за некој тоник, затоа што мислам дека ми треба хидратација на лицево, хидратантната не ми го хидрира доволно. Инаку и Сона користев претходно и не сум задоволен.
Девојки ве молам за помош Вака значи имав прилично чисто лице (понекогаш ми излегуваше некоја бубуличка, но генерално ми беше океј) и се тоа супер се додека од пред 2 3 месеци (отприлика) не почнаа да ми излегуваат мали брунчиња по лицето кои не се воспалени но српак ми сметаат. Рутината која ја користам е иста немам нешто сменето посебно освен што воведов нијацинамидот но сигурно не е од него. Ве молам доколку некој знае што би ми помогнало нека ми каже и исто така имам осетлива кожа да напоменам. Однапред ви благодарам доколку ми помогнете.
На образите ми искочија 4-5 големи акни ме чешаат и ме болат кога ке ги допрамшто да ставам побрзо да ми поминат?
Можно е да е и од нијацинамидот. Феминки се жалеа слично како тебе од него. Очигледно не одговара на секој. Пробај исфрли го од употреба, да видиш што ќе се случи.
Дали можеби си била изложена на прашина? Или си користела некој антибиотик некој апчиња? Може да се појават од тоа, или болни акни можеби нешто хормонално, прв пат ти се случува? Што користиш?