Станува збор за серумите на Ревокс, салицилна, хијалуронска киселина и нијацинамид. Прво лицето го мијам со гел од чајно дрво (на торба.мк го има), па ставам една вечер еден серум, друга друг, трета трет, па пауза, па одново. Врз серумот крем на Афродита со кокосова вода. Пред него користев еден крем со вит Ц, но приметив дека пожолте и го фрлив. Имам мрсна кожа, склона кон акни. Од исхрана само пијам по 3-4 литри вода, друго се нормално. Имав пробано се, и дерматолози, и биодерма и виши...само ова даде траен резултат. Но, ми требаа мин 3 месеци за приметлив резултат, а еве скоро 7 месеци ги користам.
Оваа пена мене ми е прекрасна. Можно е да е тоникот, овој на Балеа има алкохол. Јас сум со комбинирана кожа. Не сум го земала баш поради алкохолот, го земав розевиот за сува и осетлива, тој е без алкохол.
Можеби на некој одговара на некој не, и јас имам комбинирана кожа пената ми го исуши лицето почна премногу да ме чеша, и од кога ја прекинав е све супер... Кажав на мојата кожа како реагира не значи на секој
Здраво, некој совет што да ставам на челово за да го намалам ова? Ме фаќа паника да не остане вака. Многу јако изгледа на допир
Ќе ти помине нема да ти остане така, тоа е најверојатно внатрешна бубулица... Ставај некоја антибиотска крема само на тоа место или земи патлиџан и држи го колку можеш повеќе во текот на денот ќе извлече све најбрзо
Матичната ми ја препорача кремава за црвенилото на лицето, но не ми даде никакви конкретни информации како се користи.. ја има ли некој од вас користено?
Здраво мрсната кожа треба да ја избалансираш со чистач- а потоа да нанесеш крема. Јас користам од балеа пена- и убаво ми го остава лицето таман како треба- ниту мрсно ниту суво. Потоа- од балеа AQUA крема (сина) користам и до 8-9ч не ми светнува лицето.
Оваа маст е кортико и не смее да се користи долго. Ако по терапијата пак ти се врати црвенилото, барај нешто друго. Од што ти се јавува црвенилото?