Не знам, докторката ми рече демек алергија. Како отечена ми е кожата на образите носот и челото, ме чеша и ми се лупи. Не ми кажа ни колку долго да ја користам
Не сум го користела овој но моментално розевиот го користам. Убав финиш остава, не ја пресушува кожата, мека е после миење и нема парфем.
Мене премногу ми одговара,убаво чисти и не ја суши кожата.Убава ми ја остава кожата после тоа и го осеќам лицето многу чисто
Шест месеци пиев roaccutane и додека ги пиев лицето ми беше топ. Ги пиев до пред три месеци и сега веќе три недели како се исфрлив и никако да ми помине. А исто така и кожата на лицето многу ми стана мрсна, и ми е целата со акни. Ве молам за помош.
Здраво, некој дали има користено лосион од чајно дрво од фитофарм? Да сподели искуство... Бидејќи имам земено и гледам како уште повеќе акни да ми излегоа откако го користам (една недела) @Biodevojka доколку можеш да помогнеш би ти била благодарна. ❤
Претпоставувам дерматолог ти ги препорача таблетите. И тоа ме нервира кај нив, сакаат да го решат проблемот што е можно побрзо а после си оставен сам на себе. Секако дека акните може да се вратат и бактеријата да се активира. Исто како што реков може да се хормонски. Не знам дали имаш направено испитувања но најдобро е да направиш. Исто, мора да воведиш рутина, само вода не е доволно. Мора да се чисти лицето. Јас го користам моментално Bioderma sensibio розевиот гел и сум задоволна. Не ми ја суши кожата, нема парфем што е плус бидејќи не ја иритира кожата. Исто, нивета мислам е полна алкохол. Би ти препорачала да одбереш некоја без алкохол и парфем. Знам дека е страшно да се екпериментира но мора да се најде што одговара а што не. Би ти рекола да се консултираш пак со дерматологот, да ти препорача некои производи за акни. Јас ги користев Акнефуг (ја убива бактеријата), Сона крема, исто salicylic acid е опција. Разговарај и истражи за производиве. Но, секако со согласност од дерматолог, немој на своја рака. Мислење од стручно лице е задолжително.
Девојки што најмногу помага за лузни од бубулици? Знам дека е ласер спасот ама нешто секојдневно што би можела да го користам.Или барем состојка кој помага па да барам производи на база на тоа.
Водата не е доволна за чистење, земи лосион или тоник за проблематична кожа и чисти го лицето наутро и навечер. Ти го препорачувам лосионот од Lea со сино капаче, или лосионот на Young Derm за мрсна кожа. Секако, не е на одмет да ги испиташ и хормоните.
Здраво на сите Кај мене премногу се масти кожата, проширени пори, имам стари лузни, дупчиња и флеки. Митесери по цело лице и акни поготово на брадата.. Користам чистач Vichy normaderm наутро и навечер, Efaclar duo plus na La roche posay наутро, а навечер Сона, Lactic acid 10% и Niacinamide од Тhe Ordinary (секако во различни вечери) и на крај навлажнувачка крема од CeraVe. Ситуацијата е непроменета, ги користам 4 месеци. Дали има чаре за дупчињава и лузните? Ви благодарам.