Истиот проблем го имам и јас, користев салицилна на ревокс и забележав намалување на црнките, но не целосно. Моментално користам ниацинамид на ТО и аха/бха пилингот па се надевам на подобар резултат околу порите...
Ниацинамидот го ставам наутро и кога ставам пудра океј е но пак се познаваат порите. Читав за ПРХ третманот кај Биби Ризес но некако скапо ми се виде.
Внимавај со производите што ја пресушуваат кожата. Кога ќе го миеш лицето веднаш треба да нанесеш тоник. На лицето му треба хидратација пред се, гледај кремата да не ти го пресушува лицето. Мене ми се случува со гел кремите ова и потоа брзо ми се масти лицето. Јас ти ги препорачувам кремите на Натура сиберика, ако си под 28 год , Софора јапоника. Имаат и дневна и ноќна крема. Од серумите , нијацинамидот може и да не ти одговара. Многу го користат тој од ТО ама штета мене акни ми предизвикуваше. Ама и да не ти одговара, не е скап и нема да ти биде криво за парите.
Под 28год сум, ги користев тоникот и кремот на конопка Calming face cream, но лицето уште толку ми се масти.
Ја немам користено кремава, но имам читано слични коментари. Што да кажам , зависи од кожа на кожа некој производ како би одговарал. Може ете не ти одговара. Јас од лосионот на Конопка тој со лаванда сум презадоволна
Кремиве ги има во Белина или на нивната веб страна. Пред некое време имаа и попусти, ете нека каже некоја др членка , баш таа ја користи @Annath Јас во Мк не живеам па ги купувам од др место. Можеби е најдобро прво да земеш тестер доколку имаат , во случај ете да не ти одговара да не купуваш џабе
Зависи кои креми, моментално ги има само кремите со кавијар, другите ги нема. Околу 500-600 денари еден крем е, има и дневен и ноќен. Колку време го користиш кремот на Конопка? За масна кожа ти треба и измивање со некоја пена за лице, после се става тоник и на крај крем. Кремот на Конопка знае да биде тежок на почеток, ама со тек на време убаво легнува на лицето. За да се регулира себумот, потребна е рутина, барем две недели, па дури и месец дена, не може тоа преку ноќ да се случи. Преголемото лачење на себум е резултат на дехидрација и пресушување на кожата. Значи, најбитно е хидратација. И надворешно и од внатре.
Повеќе од два месеци го користам. Прво комбинирано со тоникот, па откако ми се потроши со сината пена на Балеа.
Мене не ми е премрсен, но ќе го ставам се осеќам ко да има некој слој врз кожата и да ми ја „затега“. Многу чудно, исто ко да ми се исушил врз кожата. Не знам дали е до мене или е до кремот. Некогаш ми оди да ставам уште еден слој.
Можеби е сепак индивидуално. Мојата кожа не е иста со вашата, јас сепак имам 40 години, вие сте помлади. Понекогаш зголеменото лачење себум може да биде резултат и на дисбаланс во хормоните, да не се исклучи тоа. А секако, не секој крем одговара секому.
Повеќе ме интересираше дали имаш такво чувство на лицето, инаку другово неспорно е дека на сите различно им делува.
Гледам тука ги фалите производите на биодерма, што би ми препорачале да користам сакам некој ред да фатам ..
Ако не ставам тоник или хијалурон одоздола, да, понекогаш имам такво чувство. Како да треба уште еден слој да ставам. Ама не секогаш. Додуша, ретко се случува да прескокнам тоник или хијалурон.
Balea синиот чистач, Loccitane исто син гел чистач, Cerave foam cleanser, крема - балеа сината aqua, Биодерма има исто многу добри за регулирање себум, навечер ја само ставам хијалуронска и легнувам- имам кобинирама кожа и воопшто не е мрсна од сабајле
Сум приметил дека на некои места од лицето се исфрлам повеќе од другите, што мислите да наполнаѓ пола филџан со вода и да ставам внатре 3-4 капки мадло од чајно дрво, па да се мачкам пред спиење чисто како дезинфекција да ми биде чисто лицето таму? Мислите ќе има нешто контраефект?
Ќе ти се пресуши кожата само. Подобро земи тоник со ниацинамид (има на Афродита) или серумот на Ревокс и нанесувај пред спиење.
Здраво дечки! Ми треба ваш совет. Отсекогаш имав многу чисто лице, сѐ до пред неколку месеци кога ми се појавија мали "акни" по челото кои би сакала да ги исчистам со цел да се вратам на старо. Исто така би сакала да ги исчистам ептен оние од страната на носот кои создаваат црвенило и ситните црнки, најверојатно знаете на што мислам. Имам осумнаесет години и можам да кажам дека имам чувствителна и мека кожа. Никогаш досега не сум користела ништо од козметичка за нега на лице и скептик сум околу некои производи, па ако би почнала, би сакала со наједноставна рутина. Какви ви се предлозите? По можност производи кои можат да се најдат во Македонија или онлајн на македонски страници.