Вака сега : Прво да те прашам................ дали си следела се од збор до збор што ти кажал човекот ( това је најбитно) Мене што ми кажа:............ мора редовно да се употребува,и да не се пропушта како денес се намачкуваш утре си заборавила, прво зелената,само еднашка во денот послем това навечер потемната миење пред да се намачкаш само со сапунче и со млакичка вода...............пудра дали ставаше или некој други средства ( не смејеш да употребуваш друго додека се намачкуваш со таја крема) ја додека не ми се исчисти се си слушав од зборче до зборче,јапотроши ли целата јачуваше ли во фрижидер. Значи нај битно: нема пропуштање на намачкување нема употребување на хемикалии додека ја користиш кремата,пудра што помалце или ич ( ја ич не ставав пудра тогаш) Едно друго девојче ми пишуваше, она исто викаше дека нема големи резултати па после одеднашка и се изчисти лицето,па изгледа нешто зафркна работа па пак почнаа да и излегуваат кај мене нема што пак да кажувам това је това( ептен добра се покажа) ........ја користам толку време еве со месеци дури сега сум и при крајот и више си нарачав повторно да си земам (сега се намачкувам еднашка на трети дена) ти ако си мислиш дека треба да пробаш пробај уште еднашка,ако мислиш дека не треба тогаш не зимај јависе и прашајси , човекот сије за това коректен ке ти каже,дали да ја зимаш или да не ја зимаш.
Значи вака, бидејќи не сум од Ск, тетка ми од Ск му се јави на човекот и договорија средба, тој се и објасни околу употребата и и запишал на ливче. Ги следев упатствата, тој знаеше дека јас користам пудра преку ден, после тоа ја мијам пудрата и баш 3 пати во денот ставам од таа кремата што се става директно на акната, а навечер од другата за цело лице. Стоеше цело време во фрижидер, но некако после 5 дена целата се растечуваше, и најгоре во чашката се собираше водичка, 5мм вода имаше, се одделуваше од целата смеса. Ај остави лице, си велев од пудрата го упорувам процесот, земав редовно на градите да ставам, 2 недели немаше ништо, вкупно 3 недели ја користев и се откажав. И сега кога вас ве читам се тешам самата дека е најдобро јас да одам, тој да ми го види лицето и да процени што и како треба со мојата кожа!!!
Ако мене ме прашаш, јас сигурно потврдо би ти одговорила, дека вреди да се обидеш повторно. Прво: Во мојот случај,многу убаво ги разгледав сите мислења на темава. Посветив време, но ги прочитав сите до последното мислење. Има многу мислења, има и такви кој ја кудат кремата,но сепак преовладуваа мислењата дека помага. Сите мислења ги земав сериозно, ги поставив на вага !! Забележав неколку кој што се пожалија,една членка дури напишала дека нај веројатно станува збор само за реклама.!? Но и го разгледав профилот,забележав дека има 38 години, на тие години не станува збор за акни. Продолжив понатака, забележав имаат пишано членови, кои што имаат неколку мислења до десетина, но има и стари членови со по стотина мислења, кој што се задоволни од кремата. Исто така многу битно за мене, оние кој што напишале дека не им помогнало,и тие се со неколку поста. Забележав не делува кај сите исто, кај некого е по-брзо кај некого по-споро ( во ред секоја кожа се разликува една од друга ) ниту би било логично кај секого да делува исто ! Следното нешто што го забележав, со-односот на оние кој што рекле , мислам дека едно лице од дваесет има напишано : Мене не ми помогна. Според некоја логика тоа се 5% каде што не помогнало, или помогнало минимално. Што е доста добар процент,кај „најдобрите„ ( читај нај скапите) дерматолози,процентот не е толкав.Си реков ако сум толку баксуз - да сум во тие 5% тогаш нека биде така. Се испостави не сум била, јас сум пресреќна ова го кажувам од се срце Второ : Кога отидов по кремата, човеков ми збореше најмалку половина час,како се употребува,колку се употребува,како да се мие лицето,да не се пропушта ниедно нанесување,дека треба да бидам одговорна,пудра да избегнувам а кога мора да се става што помалку или некоја полесна пудра.Освен сапун друго да не употребувам. На крајот од краиштата,одлуката е само твоја, размисли јави се направи една консултација.
За чисто лице прочитав на кафепауза веке позната страница ,да го намачкаш лицето со лемон и да постоисш долго време или да спиеш со таа течно следниот ден да го измиеш јас пробав и почна да ми се чисти лицето ,инакум од првиот пат нема никакви резултати ,и да напроменам првите 2 минути лицето ке почне да ве пецка но нема никакви поселедици тоа е само ефектот
имам пробано, дури препорачуваа да се раствори со вода бидејќи само лимон бил мн јак но јас пробав без вода и има резултати ми ги исчисти флеките ама не помага да се изгубат акните, и многу безвезе ми е чувството кога ќе почне да пецка
искрено мислам дека треба пак да пробаш но заборави на пудрата додека ја ставаш кремата значи заборави јас мислам дека тука си направи грешка голема изгржи некое време ништо страшно значи никако пудра дај боже овај пат да ти помине
А што е со ситните мозолчиња? Големите поминуваат некако, а со ситни ми е нафрлано цело лице А колку сакам да ми биде мазничко
Ситните мозолчиња се од саклет. Редовно се миј лице и мени крпи и навлаки за перници. И ставете растопен квасец на лицето со малку млеко. Луѓе јас многу се нервирам. Немам некој сериоооозен проблем, ама сепак... зошто и да имам мал проблем, кога може да имам чисто лице? Јас кај муцката имам брумки, на друго место не. Примариус доктор ми препиша лекови, јас си ги користам и се. У Охрид кога бев, лицето ми беше кристално чисто, само неколку пеѓички. И се вратив дома... пак инвазија. Не знам дали е од клима или од стрес, стварно не знам.
Стресот,многу влијае на кожата.Колку помалку нервози, толку подобро .Кај муцката ти е поради долната усна всушност долната усна повеќе се поти од горната, притоа се лепи прашина и нечистотија, која со пот-та се слева надолу на брадата. Стално носи со тебе влажни марамици, и почесто бриши го тој дел од лицето.
Ако немате некои позначителни проблеми со кожата на лицето,а од време на време ви излегуваат по некои ситни мозолчиња добра е зелената линија за проблематична кожа на Eucerin,посебно тој гел крем,ја матира кожата а и добро делува како превенција од мозолчиња,а постоечките ако се помали ги лекува,додека за некои поголеми проблеми со кожата не ми се верува дека би имала некој голем ефект.Исто така и гелот за миење на лицето е доста добар воопшто не ја суши кожата напротив ја први мека и мазна,јас ја користев оваа колекција и бев задоволна,малку е поскапа но вреди за парите. Исто така добар начин за отстранување на поситни мозолчиња и митесери се козметичарските третмани,послем третманот лицето долго време останува чисто,мазно и кожата добива сјај,така да барем неколку месеци ке немате проблеми од овој карактер..........инаку пред да се користи каков и да било крем посебно од кремовите кои се наменети за проблематична кожа односно пред да се почне со нивна терапија најдобро е да се оди на козметичар каде порите на кожата целосно ке се исчистат па послем тоа кремовите што ке се употребуваат подобро и подлабоко ќе навлегуваат во кожата па и ке бидат по делотворни.
Дали некој ја има користено колекцијата Zoe Evolution http://www.cosmetic.com.hr/index.php?pa ... Itemid=151
Вчера ги купив сапунот Аsso Derm и кремата Becutan, не сакам веќе да експериментирам со секакви прозводи, сум сменила многу, така да мислам со овие производи ќе ми се опраи лицево, многу го фалат сапунов па решив да го пробам и јас, а Becutan си е Becutan!
^ Ти пробај, ама тешко дека ќе се оправи лицето од Бекутан. Бекутанот е наменет за нега на бебешка кожа, ја навлажнува и заштитува, но нема никакви состојки што би помогнале на проблематична возрасна кожа. Исто ко што бебешка кашичка не ги задоволува потребите на возрасен човек, така и Бекутанот не може да биде соодветен за кожа на возрасен. Можеби може да го користат луѓе со нормална убава кожа на која не и’ треба посебна нега, но сепак сметам дека со возраста треба да се менува и негата, па и да е убава кожата - чисто како превенција од прерано стареење, која Бекутанот не ја дава.
рајна зависи немора да значи имаше девојки кој за проблематична кожа ја препорачуваа павловичевата маст а колку е мрсна но ете на некои му помогна лековита е така да зависи има на некои бекутанот им е погоден на некои не јас имам милион креми пробано па најубави ми се на докторс кремите од камилица др.ништо
Јас редовно користам пилинг за лице , тоник и гел ( се од ORIFLAME) и многу сум задоволна ! Ви ги препорачувам,одлични се !
И ???? Што ако се од Oriflame ? „Тиња“ производи прескапи и преценети, не вредат ни 0,00001% од парите кој што ги даваш за нив. Секоја познаничка со која што сум разговарала за орифламе, само се пожалила, една да кажеше нешто убаво,освен оние кој што ја пре-продаваат. Јас сум ја користела, и воопшто не сум задоволна. Немаат никаков ефект, нити го чистат лицето ниту делуваат превентивно. Ефтини производи во скапо пакување.