Користев сона и ми се исчисти лицето малце и сега повторно ми е исфрлено,салицилна користев ништо не ми помогна,акнефуг немам користено.Сакам да пробам ниацинамид и витамин ц да ставам.
Колку време ги користеше? Треба минимум 2, 3 месеци за видливи резултати. Можно е соната да не била доволна. Јас користев во комбинација акнефуг и сона. Ниацинамид колку што знам е за регулирање на себум. Витамин ц за поздрава кожа, но ги немам користено, не можам да кажам дали имаат ефект за акни.
Јас го користев пред една година. Ми траеше доста, бидејќи ставав неколку капки. Воопшто го немаше променето изгледот. Океј беше. Инаку прво го мијам лицето со сапун на база на зеолит, ја чисти кожата до темел, па нанесувам серум, чекам да се исуши и нанесувам крем. Почна да ми се чисти лицето, но не драстично. Моментално користам друга комбинација која е феноменална за прекрасна кожа.
Девојки, дали на некоја и се има случено после терапија со контрацепција (во мојов случај Диане 35) кожата да стане екстремно масна ? Откако ги прекинав апчињата после 9 месеци земање, кожата ми е ужасно масна, сабајле кога станувам носот ми е цел масен исто така и по телото ми е масна кожата. И акните повторно ми се појавија. На нет читав за post-pill acne, дека е нормално и дека се случувало поради тоа што организмот сам почнува да ги регулира хормоните, но ме интересираше дали на некоја и се случило истото и како се справила со тоа ?
И мене ми се случи потполно истото. До сега најмногу резултат имам од акнефуг и исхрана без шеќер и млечни производи.
Што би ми помогнало за овие ситни дупчиња од страна на козметика и дали би се обновила кожата сама од себе или мора третмани? Имав акни во тој предел до пред месец дена не знам дали станува збор за процес на обнова на кожата или ќе ми останат..
Искрено мислам дека само со третмани се решава ова. Со дермоабразија, хемиски пилинзи, дермаролер и филери. И сето тоа секако во ординација за да видат која комбинација да ја применат. Подобро така отколку да фрлиш пари на креми и серуми од кои можеш да имаш некакви минимални резултати после неколку месеци.
Би ценела совет за почетник, досега буквално само Нивеа дневна крема имам користено за моето лице. Имам 33 години и умерено-мрсно лице. Не сум воопшто склона на акни, кожата ми е океј сега за сега. Би сакала да започнам со нега со цел поспоро стареење на лицето. Читам за најразлични серуми, ретиноли, ц-витамини, киселини ама не знам со што да почнам? Исто така, сакам да прашам и за хемиски пилинг - некаде во околина на Влае дали би знаеле да ми препорачате?
Веќе месец дена го користам серумот со 13% витамин Ц, и ок е. Не е wow, ама реално, немам некои проблеми со кожата. Помали и побледи флекички обледеа малце, кај поголемите и потемни нема толку ефект. Генерално добар е, ја освежува кожата, пак би го зела. Не сум ни до половина од шишенцето, така што мислам вреди за парите.
Здраво @Butterfly522 може ли убаво да ми го објасниш проблемот и како настанал? @Larahappy благодарам драга за тагот.
Имам флеки и мали дупчиња настанати од акни предизвикани од носење на маска периодов.. акни повеќе не ми излегуваат, флеките не ме плашат затоа што знам дека ќе избледат додека дупчињата се ситни и не се длабоки, видливи се само на одредена светлина односно се приметуваат само на сонце.
Драга доколку проблемот е предизвикан од носење на маска погледни ја оваа статија која ја напишав баш за таа проблематика. Во статијата ќе најдеш инфо за каков проблем станува збор, од што е предизвикан и како да делуваш и со кои производи. Еве линк https://biodevojka.blogspot.com/2020/10/blog-post_23.html Поздрав и ако треба уште нешто слободно пиши.
Ако немаш нови активни акни, дај време сами ќе се повлечат. Најпотребно нешто што можеш да го користиш и што ќе го олесни процесот е спф крема за да го заштитиш лицето од сончевите зраци а со самото тоа да не доаѓа до поголемо вцрвенување на лузните.
Женски, месец и нешто еве користам креми, гел за лице, мицерална, маска за лице од природна козметика. Сакав да сменам се надевав на подобри резултати. Ама лицево покатастрофално и понафрлано не ми било никогаш како сега
Не секогаш природна козметика значи подобри резултати. Нешто не ти одговара од производите или не се соодветни за третирање на проблемите кои ги имаш.