Прочитај го ова https://labmuffin.com/purging-vs-br...se it’s sensitive to something in the product. Види како е кај тебе, ако е осетливост прекини ги, ако е чистење, продолжи, наскоро ќе имаш убави резултати.
Колку пати дневно го миеш лицето со гел? Верувале или не, кај мене секојдневното миење предизвикува иритации. И тоа благ, органски гел. Веројатно кожата ми е по осетлива, природниот заштитен слој многу лесно ми се уништува и резултатот е тој. Стварно не знаев што ми се случува и зошто и покрај сите церемонии лицето ми се иритира (а никогаш порано не било така). Престанав два дена, без гел, само мицеларна навечер и после миење со чиста вода и лицето си дојде одма при себе. Едноставно, колку и да е добро и правилно чистење со гел и дупло чистење, кај некои не функционира и тоа е тоа.
Два пати, наутро и вечер. Порано го миев еднаш на ден со гел. Ќе пробам пак еднаш со гел, да видам дали ќе забележам нешто.
Пробај еднаш, ако продолжи да се исфрла, пробај како мене. Ако нема подобрување, после ќе му ја мислиш што може да е.
Јас не користам гел за миење, користам пена. За сува и осетлива кожа, иако мојата не е таква. Повеќе ми одговара ваква пена отколку гел кој ми ја пресушуваше кожата. Ама секако е точно дека секој треба да најде рутина што му одговара.
Инаку од срце ви кажувам НИКАКО двојна детерзија на лицето!!! До пред година ипол и јас мислев леле супер двојна детерзија, ама во последно време се посветив на изучување на физиологијата на кожата и сфатив дека е Убиство за кожата. Убаво средство за миење е она кое благо измива само нечистотии а не да измие комплетно сѐ и да направи алтерација на заштитнит филм. Поздрав.
И мене од природна козметика лицето ми стана уште полошо, мислев нели природна па подобра за лицето ама се обратно беше. Ми искочија акни на места кај што никогаш не ми излегувале, едвај се оправив и уште го средувам лицево. Ама кај секој е индивидуално, познавам многу што се задоволни ама еве кај мене не е случај
Тие со нормална кожа можеби нема да воочат проблеми, можеби и бенефити ќе имаат. Ама лица со чувствителна, проблематична кожа мора да внимаваат повеќе. Затоа имам трауми од експериментирање.
Го мијам лицето со гел му се посветувам многу и сега моментално состојбата ми е катастрофална Имам нередовен циклус и сега докторот ми рече да испитам хормони Истото го правев и пред неколку години пиев диане35 до пред 4месеци и од тогаш немам добиено а лицето до тогаш ми беше прилично добро и мислев дека е од природната козметика која почнав да ја користам ама сум згрешила не е било до тоа Ве молам одкако ке испитам хормони и почнам со терапија после колку време би ми се средило лицето Некој искуство ако имал вакво
@СуперДевојка не извини грешка си ме разбрала до пред 4месеци пиев диане35 тогаш ги прекинав и немам добиено 4месеци Хормони испитував пред неколку години Сите ми велеа дека после раѓање би требало да се среди но јас имам две деца и пак имам голем проблем со лицето
Најверојатно таблетите ти ги држеле хормоните под контрола. Испитај хормони, да се осигураш дали тоа со сигурност е проблемот. Ако почнеш повторно најверојатно кога ќе почнат да делуваат ќе воочиш и подобрување на лицето (ако хормоните се изворот). Покрај терапија добро е и надворешно да ги третираш акните. Би ти препорачала да посетиш и дерматолог па да ти посочи што конкретно можеш да користиш.
Почитувани, Користев пред две-три години од Avene Triacneal, немам користено од тогаш, денес бев во зегин да си купам меѓутоа ми рекоа дека година ипол немаат донесено ништо од Avene,прашањето ми е каде може во Скопје да се најде козметика од Аvene поточно Triacneal? Фала однапред Горан.
Ок, лошо формулирана ти била реченицата. Тогаш, јас сепак би играла на карта да го слушаш докторот, да испиташ хормони, и да следиш терапија. Штом додека си пиела диане ти се решил проблемот со лицето, тогаш е хормонски и можеби треба да ти дадат пак терапија. За надворешно третирање, според резултатот, консултирај се со дерматолог.
Здраво, не знам дали е за тука, но сакам да прашам. После излегување на бубулици почнаа да ми остануваат флеки. Прв пат ми се случува ова, што да правам?
Можеби не треба да го миеш лицето со гел, јас имам масна кожа со акни и кој било гел ми прави проблеми, имам пробано многу гелови (avon, oriflame, nivea, clean&care, neutrogena, eucerin, bioderma). Сите овие ми го исфрлаја лицето, почнав да се плашам од гелови...хахах, па сега ја користам само пената од Оливл, многу е воденсета и имаш чувство дека лицето не ти е доволно измиено, но можеби и тоа е добро.