Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. BOY12

    BOY12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Здраво. Имам мрсна кожа и проблеми со акни на образите. На челото лицето ми е многу чисто но на образите ми излаваат акни и подолго време незнам што да правам да ги отстранам. Дадете некој совет или некоја препорака инаку користам лосион Sensilis и крема од таа фирма. Ви благодарам однапред.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Јас би ти препорачал да пробаш со флуидот со нане на логона.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.388
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    :hai: Имам проблем со акни, дермаголог ми дијагностицира себореичен дерматит. Користев крема со кортико и ми се повлекоа за 2-3 дена.
    После тоа за време на овулација ми се воспали лицето премногу, црвено на повеќе места со многу мозолки и ме печеше страшно. Користев синодерм, исто за 2 дена се се повлече и излупи, се до втор ден од циклус бетер да ми е. Воспалено со 200 акни, ме печеше дури и осеќав како ми пулсираше кожата на образите. Исто пак ставив 2-3 пати синодерм и се се исуши и повлече.
    Докторот ми рече дека е најверојатно гинеколошки, хормони испитував летото сега уште ехо на јајници ми останува.
    Во меѓувреме не користам ништо, докторот не ми препорача ништо за нега на лице а го осеќам ептен суво и ми е страв било што да користам.

    Дали некој имал вакво искуство?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Може да се хормонски но не смееш кожата да ја пресушуваш. Нежен гел, хидратантна крема обавезно. Најверојатно е реакција од производите но мора да ја хидратираш.
     
    На ludamaja10 и flower55555 им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Лосионите за акни најчесто се на база на алкохол и може уште толку да ти го иритираат лицето. Кремите на истава фирма ако не се лажам имаат еден куп масла во нив, што може да придонесат во затнување на порите и секако акни понатаму.
    Би ти препорачал да си купиш салицилна киселина, некоја лесна хидратантна крема и спф.
     
    На Waverly Raven и Besmrten им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Како што кажа Кечо салицилна киселина во комбинација со хујалуронска киселина плус крема. Ова за навечер.
    А за преку ден можеш да почнеш со нијацинамид + хујалуронска исто плус крема со спф.
    Можеш да ги пробаш серумите на Ревокс а од креми земи на природна база како на пример Натура Сиберика.
    Исто така е важно и гел или пена за миење лице во зависност од твојот тип на кожа.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не сум имала лично вакво искуство, но зборувам од искуство на блиски.
    Тие креми со кортико ќе помагаат само додека ги користиш, потоа проблемот ќе се враќа. Мораш да откриеш што е тоа што го предизвикува проблемот т.е. да не ги лекуваш само симптомите туку и причината.
    Дерматитот е предизвикан од некакво воспаление или неподносливост на нешто. Пробај со елиминација на некои производи од исхраната, пробај козметички производи без парфем или без алкохол, и намали го стресот колку што е можно повеќе.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    12.860
    Пол:
    Машки
    Во однос на себороичниот дерматит, станува збор за дерматит шо е предизвикан од габата malassezia furfur и за жал нема комплетно излекување на состојбава, туку едноставно со соодветни препарати се става под контрола. Кај себореата кожата е црвена, иритирана и сува(се перути), така што ти треба хидратантен крем, јас веќе две години го користам кремот од bioderma, sensibio ds+ шо конкретно е за оваа намена. Доколку имаш доста изразено перутење кремот можеш да го комбинираш со 1-2 капки сквален.

    Не ти препорачувам да го миеш лицето со агресивни пилинзи, користи пена или нежен гел. Исто така, серумот со салицилна киселина и азелеичната киселина имаат поволно дејство врз промените на кожата асоцирани со себореа.
     
    На Romantic и flower55555 им се допаѓа ова.
  9. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Прочитав некаде дека можеби попаметно е неколку пати годишно да се прави професионален пилинг на лице во козметичко студио, отколку дома да се икспериментира со секакви производи. Што мислите за тоа?
    Кои козметички студија нудат хемиски пилинг за лице, колку пати годишно треба да се прави?
     
  10. ____sara

    ____sara Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Имам себореичен дерматит,
    Бев на доктор и ми даде да пијам roaccutane, додека ги пиев лицето ми беше чисто како стакло, но откако ги прекинав, целото лице ми се исфрли. Го мачкам лицето со скинорен и серум од ревокс ниацинамид веќе два месеци, но нема никакви резултати. Би замолила ако некој има или имал сличен ваков проблем да ми даде совет.
     
  11. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.388
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    Фала ви женски, ке применам дел од советите а и очигледно треба да барам и друг дерматолог.
    Мислам дека кај мене конкретно е проблем премногу сува кожа, после пораѓај ми се појави тој проблем.
     
  12. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.388
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш пушти ми слика во лп да споредам. На сликите на гугл воопшто не ми личи како мојот проблем. Можно е да ми е грешна дијагнозата, оти памтам ми даде 3 дијагнози и ми рече ке пробаме неколку креми ако не се подобри значи не е тоа :|
     
  13. kittybaws

    kittybaws Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Од каде го зема скиноренот, мислев дека го нема веќе кај нас? Јас исто користев роакутан(исотретиноин) пред неколку год и акните ми се вратија после 1 год.
    Можеш да пробаш третиноин, порано го носеа кај нас под името аирол но сега го нема бидејќи компанијата
    Pierre Fabre не го произведува повеќе. Јас го користам турскиот Акнелис (Acnelyse). го порачувам од интернет ама можеш да го најдеш и во Бугарија мислам... Друга опција ти е Сона (adapalene), може да ти препише дерматолог. Исто е ретиноид како третиноинот ама дејството е поблаго.
     
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Какви резултати имаш од третиноинот? И за колку време воочи подобрување?
     
  15. kittybaws

    kittybaws Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Го користам за акни, стари флеки од акни и за спречување брчки, имам 23 години.
    Кога почнуваш да го користиш кожата оди низ процес на ретинизација,
    ја суши и може да дојде до дехидратација и перутење и повеќе дефинирани
    линии на лицето (како брчките околу очите), исто така може и да се исфрлиш (purge period).
    Но ова поминува за брзо време и резултати има дури за 6 недели.

    Нешто повеќе за ретиноиди:
    Ретиноидот е категорија. Секој дериват на витамин А е ретиноид.

    Ретиноична киселина (ака третиноин) е биолошки активна форма на витамин А.
    Се врзува со рецепторот на клетките и го менува генот за да го зголеми прометот на клетките со што кожата побрзо се обновува.

    Ретинал (ака ретиналдехид) е форма на витамин А што треба да се претвори во ретиноична киселина од страна на ензимите во кожата, тој е природно антибактериски и треба само еднаш да се оксидира за да стане ретиноична киселина, па затоа е послаб од третиноин, но посилен од ретинол.

    Ретинолот треба прво да се претвори од ензими во ретиналдехид, а потоа повторно во ретиноична киселина пред да може да го користи вашата кожа.
    Затоа што треба да се конвертира двапати, тој е уште послаб од ретиналот.

    Ретинолските естри како ретинил палмитат треба да се конвертираат 3 или повеќе пати и затоа се едвај ефикасни.

    [​IMG]

    Ретиноидите не смеат да се користат ако си бремена или ако се обидуваш да забремениш!
     
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Јас користам adapalene па ме интересираше дали побрзо воочи подобрување дека сепак има појако дејство третиноинот. Фала за одговорот. :)
     
  17. ____sara

    ____sara Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Скинорен го порачав од германија
     
  18. kittybaws

    kittybaws Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    За акни е супер ама за хиперпигментација, флеки и лузни третиноин поефикасно и побрзо делува. За против стареење и брчки не е докажано. Не знам зошто го користиш ти ама ако немаш видено подобрување за 6 месеци можеш да преминеш на третиноин. :)
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Од кој бренд препорачувате
    Мицеларна пена
    Матирачки флуид
    Антибактериски крем
    Салицилна?

    Има милион брендови а искрено не сум многу во тек и стварно не знам што да изберам.

    Мене кожата ми е доста чувствителна и склона кон акни.
    Како тип би рекла комбинирана бидејќи некогаш ми е многу сува некогаш испушта маснотија.
    По препорака од дерматолог добив совет како да го третирам порблемот но не ми кажаа од кој бренд да ги купам препаративе.
    Секој совет е добредојден
     
  20. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    10.742
    Пол:
    Женски
    Од која страна го нарачуваш третиноинот? Обично страниве кои го продаваат имаат енормен шипинг. А баш сакам да почнам да го користам веќе со месеци. ☹️
     
    На milaa-sk му/ѝ се допаѓа ова.