Мислам дека ако веќе редовно користиш производи за акни кои и онака прават cell-turnover, не би требало пак да имаш purging. Барем мене така ми е логично .
Не сум пробала, но искрено мислам дека тоа не е трајно решение. Мислам не е мала работа постојано да одиш на такви третмани, треба време и пари. Според мене подобро е да се најде некоја рутина која ќе ти одговара и ќе ти го држи лицето под контрола.
Проблем со хормоните имав баш имав пишувано назад на темава каде одев и што ми даваа да пијам. Среќа ми поминаа зошто мака мачев години со акните. Обавезно хормони да испиташ
Џабе и рутина и се, пробав и така, се полошо стануваше. За азотот стварно сум во недоумица, не знам дали да одам по втор пат. Ќе испитам хормони па да видиме. Чекам само црвено светло @koritsaki ќе ти прочепкам по мислењата Фала ви на одговорите
Џабе е рутина ако проблемот е од внатре. Јас претходно што не ставав, ништо не помогна. Баш пиши што ќе направиш
Мислење за кремава? Веќе ги користам розевата пена и тоник од Балеа и сум задоволна, заедно со Балеа aqua гел кремата, заедно комбинирани сите ми ја одржуваат кожата супер и се осеќа хидрирана.
Девојки дали некој ги има користено на ревуеле маската и пилингот за лице? Ги користам дневната и ноќната крема океј се, ама сакам да земам и маска и пилинг да видам дали малце од малце ќе ми ја обноват кожава и малце да ме спасат од црнките.
Дали е во ред после миење со бензоил пероксид (акнефуг) да се стави сона само кај акните? Две ноќи ставам и немам иритации, но не сум сигурна дали може.
Може, сепак јас ставам прво хидратантен крем па сона после некое време. Не сум имала иритација на овој начин.
Здраво на сите, би сакала совет и помош од некој кој навистина се разбира на оваа тема. Отсекогаш имав чисто лице, сѐ до пред неколку месеци кога ми се појавија ситни "pimples" на челото. Забележав и лупење во пределот над вегите и ситни линии по челото (не брчки туку незабележливи линии). Никогаш немам користено козметика за лице и искрено се плашам од негативни последици бидејќи досега на сите мои пријателки со сериозни проблеми со лицето, при користење продукти предложени од дерматолог, лицето им станувало уште полошо. Би сакала што поедноставна и поефтина рутина бидејќи сѐ уште не заработувам свои пари, а исто така да не поминам низ некаква purging фаза или слично бидејки тоа би било кошмар. Буквално сакам само некои основни СИГУРНИ и БЕЗБЕДНИ производи. Совети? Благодарам однапред.
Можеби станува збор за дехидратација. Обрати се кај дерматолог и види што ќе ти каже, па после одлучи дали ќе ги послушаш советите или не. Бидејќи оние производи што за мене се сигурни и безбедни, како што ги нарекуваш, може за тебе да бидат баш спротивни и да ти се влоши состојбата.
И мене ми треба совет за производите на биодерма, сакам да почнам еден ред па што би ми препорачале? Имам комбинирано лице, чисто ми е..
Јас ! Не вреди ! Прво и прво лоша пипета ке се утепаш за една капка да фати , второ никаде не е наведено колку % содржи витамин Ц ! Никакви резултати , едноставно онака е , јас не го препорачувам на никој ..
@pikabu5 @Mucenceto dr.hauschka одлична е кремата за лице мелиса, наменета за комбинирана кожа, ја користев порано и бев презадоволна. Од Биодерма имав пробано мицерална вода (и таа за сува и масна кожа) за обично пребришување лице е ок, за вадење шминка не вадат ништо поготово од очи. Гелот за лице плавиот sebium е супер (за мрсна кожа). Кремата со спф 50 ми беше многу мрсна на лице , иако пишуваше дека е водоотпорна..
Биодерма па нема да правам споредба. Хаушка почнав да користам пред некое време: Млекото за миење - уште не можам да дефинирам. Убаво ја прави кожата, ама незнам дали е делотворен за тешка шминка иако на очи кај што нели има најголема концентрација убаво ми ги чисти и не надразнува Кремата за миење - одлична. Остава многу пријатно чувство на кожа, не ја суши. Ама ова е за не шминкано лице. Ако има шминка мора чекор за чистење пред неа. Тоникот (clarifying) - многу убаво чувство ка хидратација на кожата остава Мелиса кремата - исто многу сум задоволна