Ано , млекото за чистење на кожата не делува кај тешка шминка. Ако имаш малку маскара и пудра ок вади , ама нешто повеќе не. Го имав лани купено и дефинитивно не ми вршеше работа за вадење потешка шминка. А и ако влезе во очи , малку пече. Од Хаушка друго што имам пробано е и маската од глина и хидратантната , таа од глина се продава во ќесички , ама јас ја имав купено од една германска страна цело кутивче. Убава е за мрсна кожа. И тоникот и кремот со бадеми за чистење лице се супер @Mucenceto
Фала Дачи можам тене да те прашам дека не ми одговорија тука сеуште Се плашам да користам Витамин Ц бидејки мислам би ме исфрлило и создало акни. 2018 користев Витамин Ц и МНОГУ лошо ми стана лицето, НО бидејќи истиот го користев долго- може бил оксидиран па ми создал акни. Што мислиш?
Искрено и мене ми се случи со витамин Ц од TheOrdinary , толку ме нафрли ужасно Го пробав и тој на Ревокс , не ми се допадна толку оксидира , стана портокалов и ми беше тежок на лицето и леплив за витамин Ц единствено нешто што препорачувам на сите е НЕОГЕН од ДМ тенот ми го направи изедначен , како бб крема да имам за две недели , воопшто не ме нафрли...
Затоа пишав дека не можам да го дефинирам. Исто особено ако имам и спф го чувствував како недочистено лицето и сега практикувам прво да исчистам со мицеларна па потоа мијам со него. Инаку за на очи мене напротив многу ми прија, воопшто не го чувствувам, дури и со отворени очи кога проверувам до каде сум со миење. Ама за потешка шминка дефинитивно не е. А маската ми е следно нешто што ќе пробам. Кај нас само кесичките за една употреба ги има. Да дотрошам сега таа на натура сиберика што ја имам, па ќе купам да ја пробам.
не се сеќавам ама не беше долго, али сега од маските ми се прави лом и редовно го користам, за неколку денови ми се смирува.
Здраво девојки. Овие ролериве за лице некако многу актуелни се (барем кај мене на инстаграм цело време ми се појавуваат). Па се мислев да земам еден. Па наидов на некој текст дека немало врска тоа што викаат за нив и биле тотално непотребни. Па се откажав. Па сега еве пак некоја понида ми се појави па викам да си прашам тука. Некоја со искуство/мислење?
Убаво е да се прави масажа на лицето, но ако очекуваш некој ваш видлив ефект тоа нема. Се забрзува циркулацијата и можеби побрзо се се впиваат производите. Поврќе придонесува за целиот "ритуал", да уживаш ти повеќе а да не го гледаш како терет.
Луѓе што мислите за овие производи и оваа рутина, плус пантенол спреј? Т.е наместо онаа кремата на балеа, гелот од истата линија.
Според мене е ок доколку немаш никакви проблеми со лицето. Само не знам зошто би ти требал пантенол спреј, освен ако имаш баш сува и чувствителна кожа. Јас би ти препорачала за навечер наместо тоа да земеш некоја ноќна крема, мислам дека Revuele имаат од истата линија