И доктори и дерматолози се поминав и ништо ми нема помогнато Имам проблем со полицистични јајници некогаш ми се чисти лицето ама ретко тоа До пред 3-4месеци ми беше океј но тој период ги прекинав диане35 и лицето ми стана ужас сега почнав пак два месеци ги пијам ама такви акни досега сум немала болни на допир чешат ужасно Користам се природно за лицето делови,тоници серуми киселини хидратантна крема,крема со спф,вит Ц и пак исто Сега сакам нешто на своја рака да пробам Некој ако имал искуство некако да го средил проблемот нека ми пише
Девојки вака, користам производи на ревуеле за нега на кожата, убаво ја чистам во два чекори, после ставам тоник хидратантен серум и крем, вака во добра состојба ми е кожата, ама ме мачат црнките.. Порано многу се стискав лом се правев, црнки имам во т зоната и малце накај образите (минимално) исто така имам и некои флеки од стискање што сакам да ги снема. Кажете дали ќе ми одговара нешто од серумите на ревокс, ниацинамид, витамин ц, што е подобро за мојава состојба или некаква комбинација.. И патем мислење зс кремава, има ли некој искуство?
Мислам дека по состав не е добра. И јас прашав за некоја ваква слична ама @Biodevojka ми кажа не е океј и ја сменив.
Јас користам клиндамицин лосион Клиндамицин гел за акни Акне Фуг и Сона крема Ова го добив од дерматолог со претходен третман на лицето. Инаку и јас имам полицистични јајници и сум пиела секакви хормони ,но досега без резултат . Со оваа терапија ми се исчисти лицето,но останаа флеки од акните.
Девојки незнам баш дали за тука ми е прашањево ама ајде Сигурно ја знаете magnоlijaglamur на инстаграм што составува рутини за почисто лице .... на своја рака сум испробала многу производи но никако до чисто убаво лице и од таа причина се решив да и пишам, поминаа веќе два месеци а одговор нема, ги истрошив сите производи што ги имав, па незнам женава дали ќе пише воопшто Прашањево ми е дали некој ја контактирал и добил одговор и дали е задоволен?
Девојки ве молам за помош! Пред некое време си го избричив лицето со обние мали бричеви за веѓи, од ДМ ги земав. Луѓе, имав КРИСТАЛНО ЧИСТО лице и после неколку дена од бричењето лицето ми се упропасти и сега имам како акни таму каде што бричев..... Ужас. Знае ли некој како побрзо да ги излечам? Не го допирам лицето и подобри се сега но мноогуу многу се плашам да не се појават нови или да ми остане вака лицето. Кој знае нека помага,ќе бидам благодарна. И да, девојки со сензитивна кожа- не го препорачувам бричењето
Ни мене сеуште ми нема вратрно, а одприлика пред 2 месеци и пишав и јас. Другарка моја користела рутина што и ја дала и задоволна е
Обиди се пиши и преку сајтот на Белина, Кословметикс, Олпео. Има како посебно прозорче, треба да и дадеш информации за проблемот и слика од состојбата на лицето (сликата и е најбитна).
Од проблеми глава не можам да дигнам само нешто ми се појавува. Имав црнка под окото односно за поточно, под подочњакот. Ја стиснав и од тогаш кожата на тоа место ми е потемна и како посува, како флека. Вчера приметив дека ми се шири малку. Стаив чувар куќа преку ноќ а сабајлево крем од невен, што би можело да биде? Ќе одам на лекар секако само до тогаш да видам што ќе направам.. Го пишав и тука мислењево може некој ќе ми помогне, ако не е за тука слободно избришете.