Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Далу е отворена како рана или само црвенило? А сега да ве искарам зошто стискате? Сами си отварате проблеми? Ако не е отворена рана стави веднаш кантарионово масло мене ми е тоа SOS за сите проблеми и обично по два часа се повлекува црвенилото. Ако сакаш пиши ми приватна порака со повќе информации ќе се обидам да ти помогнам.
     
  2. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Не е отворена, денес е веќе подобро
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.940
    Допаѓања:
    18.197
    Па кожата претрпела траума, си ја стискала нормално е да има црвенило.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што е подобро ако треба помош пиши слободно.

    Апсолутно се согласувам со тебе драга антолина кожата претрпела огромен стрес. Немојте да ги стискате црнките ниту сами ниту на козметичар. Немате појма каков стрес е тоа за кожата.
     
    На poppie и Antolinaa им се допаѓа ова.
  5. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.400
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми дневен и ноќен крем што помага при акни и отворени пори.
     
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Ја стиснав еднаш, а ова е неколку дена после тоа.. Не е сликано одма после тоа, затоа и прашувам и дека е суво одозгора
     
  7. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли колку нерви има под окото? Не дај боже некој да погодиш при стискање, не би сакала да ти кажам што може да се случи.
    Јас за ова би одела на дерматолог.
     
    На koritsaki, Biodevojka и Antolinaa им се допаѓа ова.
  8. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.940
    Допаѓања:
    18.197
    Не битно дали одма или 1 недела. Стрес и траума преживеала кожата, нормално е да има реакција.
    Зависно од кожата може 3 дена може 1 недела да е црвено. Плус под очи како што те разбрав ептен е нежно местото и 300 компликации можеш да си накалемиш.

    На крај од играчка- плачка.
     
    На poppie и Biodevojka им се допаѓа ова.
  9. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.384
    Па и мене така ми гледа дека нема да одговори на инстаграм, и супер што е на форумов, барем нека не прима пораки, зошто стварно се понадевав дека ќе добијам одговор, а и доста чекав, сите креми све потрошив и не купував чекајќи одговор :D но ете постоела и друга опција да ја контактираш па и таму пишав, се надевам на одговор и сигурно ќе купам се што ќе ми пише и ќе споделам 8)
     
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Чекај си... :D
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, се надевав дека нема да имам потреба да пишувам во темава но ете ме.
    Имам проблематична кожа, комбинирана ми е на лице и општо стрес орган ми е кожава,се ми излегува на неа,но вака така се справувам. Сега сум 5ти месец со втора бременост и ужассс ми е лицето, како со ситни акнички, црвенило, ми излегуваат и флеки темни како пеги ,по катастрофа никогаш не ми било.

    И сега проблем ми е што сум ограничрна со користење на продукти. Дали може да ми предложите конкретни продукти за акни што смеам да ги користам ? :hug:
     
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Можеш да користиш azelaic acid, се дава како третман за акни за бремени жени. Има од REVOX во концентрација од 10%, но ефективноста за акни е испитана кога концентрацијата е меѓу 10 и 20%. Не знам кај нас дали има таков производ, но знам дека во странство тие производи одат со рецепта и мора да ти ги препише дерматолог. Друго за акни баш и не се препорачува за време на бременост, така што ако можеш да посетиш дерматолог, би било идеално.

    Во краен случај, и да ја земеш обичната azelaic acid 10% од REVOX, би требало малку да ти помогне за црвенилото, а и за флеките, бидејќи има таков ефект. За флеките ќе ти треба многу време конзистентно користење за да видиш резултати: ако не ти се повлечат сами после бременоста, ќе треба активно да ги таргетираш долго време, можеби и години, во зависност од нивната „тврдоглавост".

    Не го кажувам ова за да те разочарам, само сакам да ти кажам дека се случува кај многу жени, да не очекуваш чуда преку ноќ и да се разочаруваш зошто веднаш не делува некој производ. Јас имам флеки од сонце и иако веќе една година секојдневно ги третирам, сѐ уште не ми се исчезнати, НО се избледени.

    Понатаму, особено сега за време на бременоста, но и да не си бремена, важно е да користиш СПФ крема со фактор од барем 30. Како што споменав погоре, имам флеки од сонце (кафеавите точки што ги имаат и постарите луѓе), и тоа значи дека ако веќе ти се јавуваат флеки поради бременоста, сонцето уште толку ќе влијае негативно на нив и ќе ги „влошува".

    За да го намалиш тој ефект, препорачливо е да си многу конзистентна со употребата на СПФ крема, односно да ја користиш секој ден (и да ја реплицираш на секои 2-3 часа доколку поминуваш време надвор, особено во лето). Иако во зимно/облачно време нема УВБ зраци, сепак има УВА зраци кои не се гледаат и не се чувствуваат. Особено кога има снег, зраците се рефлектираат од него и уште повеќе делуваат на нас (затоа се случува скијачи да се исончаат). Доколку поминуваш време покрај прозорец, повторно поради рефлексијата навлегуваат УВА зраците низ прозорците. А со оглед на тоа што не живееме во подрум, секаде има прозорци и секаде ќе има зраци, затоа и најлесна опција ти е секој ден да ставаш крема.

    Може звучи чудно и несекојдневно, но работата е што ефектот од сонцето (освен горењето во лето) не може да се увиди веднаш, туку по долги години. Брчки, т.е. предвремено стареење, кафеави флеки што се карактеристични за постарите луѓе најмногу зависат од изложеноста на сонце и се прикажуваат дури тогаш бидејќи дејството на сонцето е кумулативно, т.е. се „собира" низ текот на годините. Се разбира, ако поминеш многу време сончајќи се ќе ги видиш тие ефекти и многу порано (особено ако имаш природно светол тен), како еве јас што уште сега имам флеки, а сум во 20-тите години.

    За крај, доколку одлучиш да користиш СПФ крема, важно е да знаеш дека не можеш да ја ставаш во толку мала количина како хидратантната крема, туку мора да ставаш многу повеќе, бидејќи факторот напишан на производот се постигнува доколку ставиш одредена количина. Така на пример, ако имаш производ со СПФ 30 и ставиш тенок слој, можеби сега имаш заштита 10 (затоа и шминката со СПФ не е доволна: не ставаш голема количина на пудра). Како би знаела која е доволната количина? Скоро па никако, но добра техника е правилото на 2 прсти, односно да ставиш од кремата долж показалецот и средниот прст, и таа би требало да е количината за цело лице плус вратот. Се разбира, немаш штета ни од повеќе. Исто, важно е да се реаплицира - го напишав тоа погоре.
     
    На Larahappy, Luminary, M_a_Y_a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    @pdb123 ти благодарам за добро објаснетиот одговор. Мачам мака со пегите, сум била и на дерматолог ,коростев линија на биодерма за избелување ,но како што кажа треба голема упорност. Спф не користам и ете тоа е најголемата грешка и ке почнам. Сакав да правам хемиски пилинг тоа ми беше понудено но доев. Иако е агресивен метод би сакала да направам кога ќе можам. Што мислење имаш за тоа ? Патем ќе земам и azelaic на ревокс па колку толку... нарачав и на пурито серуми Niacin и hyaluronic пишува на страната дека се прегнант сејф ... :wasntme: со надеж дека можеби општо ќе ми помогнат иако за ефикасноста на нивните производи сум читала само на нет:?:
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. M_a_Y_a

    M_a_Y_a Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Со што ги третирате флеките од сонце?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Супер е ако можеш да правиш третман(и) со хемиски пилинг, тие можеби и најмногу ќе ти помогнат. Само да знаеш, тогаш особено ќе треба да внимаваш и да користиш СПФ крема, дури и опсесивно. Ова важи секогаш, но особено тогаш не штеди на СПФ крема (како што кажав, тенок слој прави многу малку), бидејќи многу ќе ти е чувствително лицето на сонце.

    Не знам колку си запознаена, но можеш да правиш хемиска ексфолијација (и е најчесто подобра/понежна од физичката ексфолијација - скрабовите) и дома со AHA (glycolic, lactic, mandelic acid - за изедначување на тен, подобрување на текстура, помагаат и за хиперпигментација како во твојот случај) и BHA (salicylic acid - за акни). Ова не е баш исто како хемискиот пилинг кај дерматолог/естетичар: може да ги користат истите состојки, но во многу поголема концентрација (30-60%), додека тие за домашна употреба се во помала концентрација (треба да се внимава да не се започнува веднаш со превисока концентрација и да не се користат пречесто, инаку во ред е да ги користиш). Ти го кажувам ова како опција по бременоста, мислам дека повеќето можат да се користат и за време на доење (да не мора да чекаш до престанок на доење), иако најдобро е секогаш да се консултираш со доктор.

    Хијалуронската киселина е поразлична од другите киселини кои служат за ексфолијација (AHA, BHA, PHA). Служи за хидратација - слично како глицеринот, затоа и е безбедна за употреба кога сакаш и колку што сакаш, освен ако не си алергична на неа, што е многу ретко. Нијацинамидот е исто така супер за регулирање на себумот (доколку имаш мрсна/комбинирана кожа, а вака индиректно можеби и ќе ти помогне за акните кои зависат од количеството на себум; некоја членка некаде имаше напишано дека не ѝ помага за веќе активни акни, но ѝ помага за превенција), а исто помага за изедначување на тенот или за хиперпигментација, како и за обновување на нарушената кожна бариера. Всушност, веројатно можеш да го најдеш во листата на состојки и на Биодерма производот кој го користиш.

    И нијацинамидот како азелаичната киселина помага за намалување на црвенила, односно иритации. Инертна состојка е и им одговара на повеќето луѓе, иако се случува некои луѓе да не можат да ја толерираат во високи концентрации како во серумите каде е 10%, но немаат проблем доколку е во други производи во помала концентрација (пр: 2%, 5% итн). Во голем дел од производите на Purito го има нијацинамидот, само во помала концентрација.

    Моментално користам витамин Ц наутро од Purito, кој е 5%: сакав да пробам пониска концентрација, иако наредно би користела концентрација над 10% бидејќи се покажало дека најдобри ефекти има кога концентрацијата е меѓу 10 и 20%. Мислам дека следно би го пробала серумот од True Alchemy, кој е 13%. Сепак, ако имаш чувствителна кожа можеш да почнеш со пониска концентрација (од True Alchemy мислам дека има и пониски концентрации) или да земеш некоја крема која содржи витамин Ц (кај нас сум видела од Purito, иако мислам дека има и кај аптекарските брендови).

    Кај витамин Ц серумите е особено важно да ги чуваш на темно, суво и поладно место и добро да ги затвораш по употреба, бидејќи брзо оксидираат (пожолтуваат: може да се користат ако имаат жолта боја, но се неупотребливи кога ќе добијат портокалова боја). Јас мојот го чувам во паковката (хартиена) во фрижидер. Исто така, идеално би било да земаш производи со чист витамин Ц, т.е. L-ascorbic acid, бидејќи антиоксидативното (и сите други) дејство е покажано за оваа форма на витамин Ц, додека за дериватите нема толку (цврсти) показатели дека делуваат, или барем дека делуваат исто толку добро. Чистата форма на витамин Ц значи и дека е понестабилен и побрзо оксидира, па тогаш се особено важни препораките кои ти ги напишав погоре.

    Користам и lactic acid (од The Ordinary, 10%) еднаш седмично (имам и други третмани, инаку може да се користи 2-3 пати седмично) навечер. Lactic acid e AHA (alpha hydroxy acid) и иако е добра за секој, особено е добра за луѓето со посува кожа, бидејќи има и хидрирачко дејство. Уште подобар ефект би имала glycolic acid бидејќи е појака (има помала молекула од lactic acid, што значи дека повеќе навлегува во кожата), но тоа значи и дека можноста за иритација е поголема (особено ако имаш почувствителна кожа). За разлика од lactic acid, glycolic acid најчесто се препорачува за луѓе со помрсна кожа, бидејќи ним им е најчесто попотребно подобрување на текстурата на лицето, а и може повеќе да го суши кај луѓето со посува кожа.

    Ако не можат да се поднесат овие две, има опција за mandelic acid, која е најнежна (има најголема молекула) од сите три, или во краен случај PHA (polyhydroxy acids), кои се многу нежна верзија на AHA и се препорачуваат за луѓе со многу чувствителна кожа. AHA се препорачува да се користат навечер (може и наутро, само да внимаваш да нанесуваш СПФ крема доволно и често), а PHA можат да се користат било кога.

    Ја користам и азелаичната киселина од REVOX скоро секоја вечер. Од скоро воведов и нијацинамид (исто од REVOX) наутро, после витаминот Ц. Имам и претходно користено само нијацинамид, но не во комбинација со витамин Ц.

    Други опции се ретиноиди, производи со alpha arbutin или tranexamic acid (не ги користам моментално, ги наведувам само како пример, би ги пробала во иднина; не мора ни од овие брендови, од било кој ќе најдеш, иако тешко да најдеш кај нас производи со тие состојки).

    Знам дека се повторувам, но повторно ќе нагласам бидејќи е најважно: сè ова би било џабе без СПФ крема, џабе трошење на пари за производи против флеки, бидејќи сонцето секогаш ќе го повраќа сè она што се подобрило; во најдобар случај, ќе има стагнација, т.е. нема да се подобруваат флеките. Всушност, и само со употреба на СПФ крема ќе почнат да избледуваат флеките, само веројатно многу побавно. Ако мора да одберам само едно нешто, тогаш тоа би било СПФ крема.
     
    Последна измена: 15 февруари 2021
    На soffce, Mucenceto, IM.TMKQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.130
    Пол:
    Женски
    Kade vo Mk gi ima proizvodite na Cerave?
    Blagodaram
     
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.567
    Допаѓања:
    13.617
    Пол:
    Машки
    Официјално во продажба ги нема, но има неколку профили на инстаграм кои ги препродаваат(за значително повисока цена).
     
  18. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    10.905
    Пол:
    Женски
    Ретиноиди не се користат за време на бременост. :^)
     
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Не се однесуваше тоа на NewMama, туку на M_a_Y_a.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gunmans9999

    gunmans9999 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    22
    Би ги замолил админите да не го преместат овој пост во Дерматолози, бидејќи таа група е слабо активна, ве замолувам да ми дадете мислење и искуства со Др Весна Бришкоска од 8ми Септември.