Дали некоја ги има користено производите за лице на herbalife да сподели искуство, ми ги препорачаа за акнесто лице.
Може остатоци од шминка, но претходно мораш со нешто да ја исчистеш било тоа мицеларна било некое масло или нешто слично. Само со пена не е доволно. Мене жената веднаш ми одговори дури и ми имаше снимано гласовна порака со детален одговор и искрено сум и благодарна што одвои толку време за мојот проблем.. Не беше баш за проблем со лицето меѓутоа сум доста задоволна од нејзиниот предлог. Пробај пиши и пак имај предвид дека пишуваат многу што значи можеби не видела дека си и пишала.
Девојки кој е според вас се покажал како најдобар производ за осветлување и добивање healthy glow на кожата?
Жемски, кај може во Скопје да најдам Аирол крема, или било која крема со третиноин. Користам долго време Сона, па планирам да преминам на аирол. Или некоја друга препорака.
Сигурна си? Знам дека еднаш те прашав, ама кога проверив во нивните производи немаа, тоа 0.1% беше adapalene. Можеш да пуштиш слика? Можеби не го гледам јас...
Овој доктор е можеби супер пластичен хирург (тоа и му е примарната професија, иако се прикажува како холистички доктор), но некои од работите кои ги кажува поврзани со нега на кожа треба да се земат со резерва, бидејќи не се баш така. Не зборувам конкретно за ова видео (вака што го ѕирнав е во ред) и не велам дека ништо не е така како што кажува, само еве мало предупредување .
Драга пеги не можеш да избелиш ниту пак да се ослободиш од нив. Јас имам пеги наследени од татко ми (кај него се многу изразени а кај мене за среќа не) ама секое лето ми се појавуваат. Треман со киселина ќе ти даде само момемтално подобрување меѓутоа толку многу ќе го уништи природниот заштитен филм што ќе си направиш други проблеми на кожата и на крај се покаеш што воопшто си го направила. Изборот е секако твој. Поздрав.
Дојдов да кажам само: Луѓето со пеги имаат посебна убавина. Не ги отстранувајте, тоа ве прави уникатни. Знам дека е ко мотавационен говор, ама ова го мислам искрено.
Почнав да користам витамин ц и ниацинамид, утрово ставив витамин ц (трет или четврт пат ми е), хидратантен серум крема и спф. На допир осеќам дека нешто ми се лупи како ронки бели, од што може да е? Сите ги ставив едно по едно, може требаше да почекам?
Најверојатно ти се лупи СПФ кремата. Мислам дека се случува кога користиш силиконски со несиликонски производи или кога ставаш полесен производ врз потежок. Пробај да почекаш измеѓу ставањето производи. Пробај исто да не ставаш премногу од витаминот ц, серумот или хидратантната крема (не намалувај од СПФ кремата). Ако пак продолжува, пробај со исфрлање на некој од производите (освен СПФ кремата) и види дали е подобро.
Мислам дека е од спф, ич не ми се допаѓа, до вчера не ставав па немав вакво лупење.. Најверојатно нов спф ќе си земам.. Предлог некој да ми дадеш само да не е цената во облаци моментално каротен mat look со 30ка го имам. Фала А да и инаку ги користам на ревуеле органските така да мислам дека не е од нив..
Не е сигурна. Адапален е, не трет. А и нема логика трет да се продава во слободна продажба, па и уште 0.1%.
Ако немаш сува кожа, пробај да ја ставаш само СПФ кремата, без хидратантната крема пред тоа. Можеби и така ќе ти е доволно, т.е. нема да го чувствуваш лицето суво. Ако сепак сакаш да купиш нова СПФ крема, разгледај ја темата на форумов, има многу предлози, ќе успееш да најдеш некоја за твоја кожа. Мене ми се допаѓа Frezyderm - 700 денари, ја има во Зегин. Поевтина не би знаела да ти препорачам, сите се некако мрсни или оставаат бели траги. Знам, затоа и препрашав во случај да не се сменило нешто, како што беше случајот со adapalene.
@Biodevojka имам пегички природни на носот и баш ми се слатки, не би ги чепкала. Меѓутоа имам темни дамки од бременост и некои флеки од акни. Воопшто не си се допаѓам. Тоа е да имаш супер лице и во една и пол година да ти се смени тотално. Затоа сакам се да пробам макар и хемиски пилинг.
Вака слушај ми го зборот НЕМОЈ ХЕМИСКИ ПИЛИНГ. Те молам погледни го видеото што го имам за флеки на јутуб се вика мелазма. Ќе најдеме чаре и без хемикалии. Во видеото е објаснето како да препознаеш каков тип на флеки имаш дали површински или подлабоки. Погледни го кажи ми какви се твоите флеки и ќе најдеме решение. Кожата е твоја и треба да те служи до крај на животот. Не ја уништувај така лесно. Еве ти линк од видеото Спојлер
Адапален на Ла рош не се продаваат во Македонија. Во Америка да, и тоа без рецепт. Кај нас е достапно како Сона од Белупо и тоа исклучиво на рецепт.