Ефи, таков стручен совет можеш само на дерматолог да добиеш. Не ризикувај, сепак само 80 ден е преглед преку Фонд Мене дерматолог ми ја препиша, не ја зедов на своја рака. Ако ја даваат така, тоа е веќе друго. Авене престанаа да ја увезуваат. Види на 24аптека имаат некои останати залихи од одредени линии. Ако не, ако имаш некој што оди во Бугарија, нека ти купи. Јас така правам.
Се извинувам што се мешам, само да прашам на каков хемиски пилинг мислиш, на оној ептен агресивниот што го прават на козметичар или и на оние достапни во продавниците, на пример салицилната, азелаичната, АХА киселините? Сепак се во многу помал процент овие... Ти благодарам.
Ascorbic acid 8% + Alpha arbutin 2% од The Ordinary кај мене се покажа супер во однос на дамките. Го користам околу два месеци како дел од ноќна нега и веќе се забележува дека дамките избледуваат. Сакам да пробам да го користам паралелно со дневната крема Anti-pigment од Eucerin, ама доцна ми е за купување SPF 30. Ќе остане ова за на есен. Сега разгледувам креми со SPF 50.
Не сум користела Alpha Arbutin, а знам дека помага доста за флеки, ама не сум во можност да порачам сега било што, а и некако не ми се чека . Ќе остане за понатаму . Ако ја пробаш anti-pigment од Eucerin кажи ми баш дали ти помага.
Ми треба мислење Веќе месец дена акo не и пoише ми се jави црвенилo oкoлу нoсoт штo никакo не прoаѓа...веќе ме нервира.. Да напoменам бремена сум, не нoсам маски ниту сум била бoлна па да сум бришела нoс. Штo мoжам да земам ,а се кoристи вo бременoст? Пo црвенo е дури oд сликата, oкoлу цел нoс ми е.
Штом ти трае толку долго време, најдобро е да посетиш дерматолог и да ти определи третман, како и која е причината.
Не ми се верува искрено. На мајка ми од маските и се прави вакво околу носот ама и помина.Најдобро појди на лекар
Дали ја има некој користено египетската магична крема според формула на клеопатра за акни и флеки од bioshopvita би сакала да ја купам па да ми кажете искуства
Ја користев пред година и пол-две. Многу ми беше убава. Не ми го мастеше лицето и за кратко време видов резултати. За комбинирана кожа е супер дневната крема. И мислам дека предобра би била во комбинација со Ascorbic acid 8% + Alpha arbutin 2% од The Ordinary. Гледав во Зегин имаше сет од дневна и ноќна Anti-pigment и беше прилично евтин. Се мислам дали да го купам уште сега... Да.
Искуства со Веледа скин фуд лајт? Имам комбинирана кожа која моментално ми е преисфрлена на образите и челото.. До сега немам користено креми за лице, само масло од јојоба и вит Ц серум. Не е прескапа, ама да знам дали воопшто да фрлам пари, да не ми ја влоши ситуацијата бетер Конкретно за оваа крема прашувам:
Драга мајка ми го имаше истиов проблем. Дали може да ми потврдиш дека црвенилото е пропратено со непријатно чувство на чешање? Што и да ставиш на лицето ти пречи во тој дел? Да бидам сигурна дека станува збор за ист проблем. Се појавува само околу носот додека остатокот од лицето е добро. На мајка ми и дадоа на лекар кортизон...меѓутоа и реков пред да почне со нешто толку силно да проба крем кој и го направив за кој ќе ти пишам рецепт доколку е истиот проблем. Кај неа функционираше. Поздрав. Првенствено мислам на оние кои ги прават на козметичар и дерматолог после кој се лупи кожата на лицето. Што се однесува до оние од продажба не се толку силни секако, иако доколку се употребуваат неправилно може да предизвикаат повеќе штета отколку корист. Доколку пХ вредноста е пониска (што во поголем број на случаеви е). Зависи од производ до производ секако....
Да, може да се употребува секој ден. На стрницата на The ordinary пишува дека може да се употребува и наутро и навечер. Јас го користам само навечер бидејќи е малку масно. На оштетена кожа и пределот околу очите не треба да се нанесува. И задолжително SPF преку ден.
Дали има некој искуство со оваа крема? И каде има производи на Неутрогена освен во Зегин и Космо Тинекс?