1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Mucenceto

    Mucenceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Што препорачуваш природно за вродени пеги?
     
  2. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Јас користев производи од Магнолиа
    На почеток лицето ми се среди многу имав и проширени пори се собраа малку
    Но после 3месеци лицето мене многу ми се влоши
    Ги искористив скоро сите производи кои ги имав и пишав добив одговор но не ми препорача како да продолжам и уште чекам
    Жената е навистина презафатена
    Е сега сакам од овде да побарам совет
    Значи ми заврши и тоник и скоро се што имам
    Па една пријателка ми рече дека користела тоник со хлоракол и јас земав од аптека го користам веке околу 10дена
    Само од него ставам наутро и навечер
    Лицето го мијам со гелот кој уште го имам од Магнолиа и хидратантна крема потоа што и неа уште ја имам,и пред некој ден земав еден крем од Зегин на геровитал само на акните се става
    Е сега сакам пак да си воведам и витамин Ц и крема со спф
    Тоа го правев наутро,но за навечер да ми предложите што да ставам
    И дали овој тоник можам да продолжам да го користам а да користам и други производи со него ?
     
  3. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Хлораколот содржи антибиотик-хлорамфеникол што има антибактериско дејство. Тој не треба да се нанесува на цело лице, туку локално на акни. И не треба да се користи повеќе од 7-10 дена.
    Колку години имаш? Каков тип на кожа имаш и какви проблеми имаш со кожата? :)
     
    На Gi.ir.ll192, ludamaja10 и blessed.an им се допаѓа ова.
  4. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Не го нанесувам на цело лице само на акните
    Имам 25г кожата ми е нормална,но имам проблем со нередовна менструација
    Хормони испитував излезе дека е добро
    На дерматолог имам одено пред бременостите и ништо од нив не ми помогна па затоа барам совет сама да се обидам
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.809
    Допаѓања:
    202.815
    Пол:
    Женски
    Мора да се најде причината за акните, од што ти се појавуваат ако имаш нормална кожа и хормони. Малку е чудно да имаш нередовен циклус, а хормоните да се ок. Можеби имаш полицистични јајници, ама и тогаш хормоните не се во ред. Од премногу шеќери и процесирана храна се јавуваат проблеми со кожата како резултат на внатрешните промени. Затоа мислам дека прво треба да се најде причината, и да се отстрани, а после да се средува кожата.

    Хлораколот можеби привремено ќе помогне, ама долгорочно, не знам колку е паметно да го користиш, сепак е антибиотик.
     
    На blessed.an и Aztec им се допаѓа ова.
  6. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Да полицистични јајници имав пред бременостите и тогаш ми препорача гинеколог диане 35 но и тогаш лицето ми беше катастрофа
    После бременостите ми се среди но сега пак
    И да напоменам ги пијам пак диане35 со консултација од гинеколог како контрацепција
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.809
    Допаѓања:
    202.815
    Пол:
    Женски
    Од Диане35 би требало да ти се исчисти лицето. Барем такво е искуството кај сите што ги познавам, а го пијат/пиеле. Почекај некое време, не форсирај со агресивни средства, можеби ќе се среди.
     
    На koritsaki и blessed.an им се допаѓа ова.
  8. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Да тоа сум го забележала дека се средува лицето од нив
    Додека ги пиев пред бременостите не ми помогнаа во врска со лицето само што се поправи,но после бременост ми делуваат и на лицето
    Ги пијам два месеци овој ми е трет резултат досега мислам требаше да имам
    Како и да е сепак ти благодарам,но сепак сакам пак некоја рутина да си имам за лицето
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.809
    Допаѓања:
    202.815
    Пол:
    Женски
    За лицето двојно чистење навечер обавезно. Прво мицеларна вода или маслен чистач, особено ако користиш шминка секојдневно, после гел или пена, што ти одговара повеќе, после тоник, серум и на крај крем. Ама ти си млада, мислам дека немаш потреба од многу серуми. Доволно е нешто за навлажнување. Најбитно е сепак чистењето, само да не биде преагресивно. Некогаш е доволен и само гел или пена за измивање, ако не користиш секој ден спф креми и пудра.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Консултирај се со гинекологот за промена на апчињата. Обично се чисти лицето кога се пијат апчиња за контрацепција, ама можеби на тебе не ти одговараат баш тие.
    Исто така пробај да менуваш навлака за перница почесто, да не спиеш на страна бидејќи така се затнуваат порите и може да се појават акни од нив, почни да се храниш поздраво и избегнувај да го допираш лицето.
    Ако проблемот кај тебе е затнати пори можеш да вклучиш серум со салицилна киселина во ноќната рутина. Кај нас е достапен оној од Revox, а ако имаш можност можеш да порачаш и оној од The ordinary. За двата серуми е пишувано на форумов, прочитај.
    Витамин Ц во моментов го користам Ascorbic acid 8% + Alpha arbutin од The ordinary и задоволна сум. Дамките од акни ги избледува полека.
    Само не брзај, консултирај се со гинекологот прво за контрацепцијата. И немој одеднаш да воведуваш многу производи во рутината за нега на кожата. :)
     
    На blessed.an и Annath им се допаѓа ова.
  11. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Девојки, здраво. Ќе ве молам совет. Имам сува, иритирана кожа склона на црвенило, розацеа, а на делот околку вилицата некогаш акни. Бев на дерматолог, др. Бачев во Охрид,ми даде од неговите производи, тоник asquam и rosacese крема. Во Охрид нема други дерматолози. Не видов подобрување. Почнав сама, со бејзик рутина. Навечер лицето го чистам со мицеларна вода на Биотен, потоа го мијам со пена за лице на Roc розевата, за сензитивна кожа или некогаш го користам гелот на Balea med за ултра сензитивна кожа, а потоа ја користам кремата на Bioderma Hydrabio. Претходно ја користев мицеларната вода и кремата Bioderma sensibio AR. Би сакала да започнам со некој серум или да сменам некои од производи е, бидејќи до сега очигчедно ништо не ми одговара и тоа ме фрустрира, а шминка скоро и да не користам. Да, напоменам имам 22 години.
     
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Ако сакаш да користиш серуми, најпогодни за розацеа се азелаична киселина и нијацинамид (кај нас ги има од REVOX во dm) - за намалување на црвенило и смирување на кожата, но не ги почнувај истовремено, за да видиш индивидуално како ти ги поднесува кожата. Иако и двете се многу нежни состојки добри и за чувствителна кожа, сепак постои можност конкретно твојата кожа да не ги сака. Двете можеш да ги користиш наутро и/или навечер.

    Обиди се да користиш производи без мириси (parfum/fragrance или етерични масла затоа што и тие содржат мириси), бидејќи се смета дека имаш чувствителна кожа и мирисите може дополнително да ти ја иритираат. На некоја од минатите страни имав поставено табела од други мирисни состојки кои ги пишуваат посебно на производите затоа што се можни алергени, исто како и било кој мирис.

    Исто така, многу важно е да користиш СПФ крема со фактор од минимум 30 секој ден, затоа што сонцето е дополнителен агресор за секоја кожа, но особено за кожа со розацеа. Обиди се да откриеш и кои ти се други тригери за да знаеш да ги избегнуваш.

    И уште нешто многу важно: не експериментирај премногу и давај си време при користење некој производ (освен нели, ако те иритира). Пречестото менување и испробување не оди никому во прилог, но особено на луѓе со чувствителна кожа како твојата. Најчесто поедноставно и помалку е подобро.
     
    Последна измена: 25 февруари 2021
    На Dark-Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    мислење за флуидов/серумов? ми личи интересен што знам
     

    Прикачени фајлови:

  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ми се свиѓаат состојките,хујалуронска со гликолна киселина,што значи нуди чистење на порите,длабока хидратација. Го гледав и јас овој пред некој ден,речиси ништо немаше на залиха од зелената колекција.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Дали вреди зелената колекција за парите?
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.895
    Допаѓања:
    107.980
    Пол:
    Женски

    Гелот за миење лице е одличен
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ја немам пробано, вака како што читав сметам дека да.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам!:hug:
    Пишува дека ги има само во ДМ. Во друга тема ми кажаа дека ги нема за онлајн нарачка. Во мојот град нема ДМ. Така што ќе си останам на производите од Авон и во следниот период.
     
    На buba4e89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  19. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Здраво, го купив овој гел на Еуцерин и веќе 4 дена го користам. Лицето ми е стварно чисто и го чувствувам свежо, но неколку часа после тоа без разлика дали имам крем или не, многу ми свети особено кај челото и образите. Дали ова значи дека почнува повеќе да лачи себум, дали може да ми се појават акни? Инаку имам комбинирана кожа склона кон акни, ама во последно време не се појавени и сега немам активни акни.
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 26 февруари 2021
  20. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Овој гел не е наменет за твојот тип на кожа. Затоа и брзо ти се масти кожата. Повеќе би ти одговарал оној од зелената линија-Dermopure. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.