Пишуваше за нормална и комбинирана кожа затоа го купив, а од зелената линија имам пробано порано ама не ми одговараше, лицето ми се исфрли. Па сега незнам дали да продолжам со овој или да барам некој друг.
Ако не ти создава акни , тогаш зошто да го смениш? Може кремата за лице не ти одговара? по гелов за лице , да користиш секогаш тонер па крема за лице зошто ако само се миеш и толку , лицето се суши и секако дека ќе лачи повеќе себум
Здраво ! Сакав да ве замолам да ми препорачате добар СПФ за сува кожа , бидејки сум на терапија моментално сува ми е кожата.. Истотака , ве молам помош за следниве производи дали се добри: 1. Vichy Mineral 89 2. Neutrogena hydroboost cleanser 3. Vitamin C La roche posay
Драга моја за тие нема лек. Кој и да ти каже дека може да се избелат лаже. Пегите оние вродените си ги имаш и ги носиш. Дркогаш кога има сонце ја заштитуваш кожата со СПФ секако. И јас имам пеги и затоа ти кажувам. Моите се наследени од татко ми. Кај него се многу изразени кај мене за среќа не... Драга јас во никој случај не би препорачала никаков тип на киелини за оние кои имаат иритирана кожа (јас не ги препорачувам ни за нормална а не па за оштетена). Од она што гледам користиш производи кои не се природни (на пример Биодерма). Друг проблем е што правиш двојна детерзија која додатно ја ослабнува кожата. Доколку сакаш да смениш нешто од производите, јас најискрено би ти шрешорачала да змениш комплетно сѐ. Доколку сакаш ти стојам на располагање за предлог. Драга јас моментално го тестирам и морам да кажам дека е одличен. Утре ќе објавам и статија за целата колекција (моментално ја пишувам ама не знам дали вечерва ќе биде готова). Ова е единствен производ кој содржи киелини а го препорачувам. Доколку се прашувате зошто сега ќе ви објаснам. Киселините имаат различно дејтво и ефект врз кожата доколку се наоѓаат на различна пХ вредност. по природна килеините се кисели (нормално) и како такви имаат кератолитичко дејство односно прават пилинг на кожата. Доколку во еден производ кој содржи киселини се качи пХ вредноста на истиот киселината преминува во нејзината сол (која за разлика од првата е делумно хидратантна) и повеќе нема големо ексфолијантно дејство. Кога за првпат ја видов декларацијата на овој производ (уште пред да го земам) фатив дека има пХ вредност помеѓу 5 и 7. Се прашуваш како знам? Благодарение на нијацинамидот, Јас оваа состојка ја користам приватно за себе и знам дека во една формула нијацинамидот пожелно е да биде на пХ помеѓу 5 и 7 (најидеално помеѓу 5 и 6 пХ) бидејќи доколку е пониска се претвора во никотинска киселина која може да предизвика пецкање и црвенило на кожата. За да бидам сигурна ја измерив пХ вредноста на овој серум и потврдувам дека е 5,5. Доколку ве интересира утре ќе објавам статија за целата линија (гелот за миење, серумот, тоникот и кремот за лице). Ќе ставам линк и овде за почесно да ја најдете. Поздрав.
Точно е дека е за нормална и комбинирана кожа, но не е за кожа склона кон акни. Ако само замастувањето на кожата ти е проблем, вклучи и тоник, серум и дневна крема со матирачки ефект како што рече @koritsaki. Од серуми можеш да почнеш со употреба на ниацинамид. Тој го намалува лачењето на себумот. А можеби и кожата ти е е дехидрирана, па затоа брзо ти се замастува лицето. Што друго користиш за нега и чистење на лице?
За чистење го користам само гелот, а за крем користам еуцерин со 50 фактор. Сега го купив и тонерот од истата линија од гелот па ќе го вметнам и тој. Инако имам план да купам серум со ниацинамид, но ми беше страв читав дека нема секој позитивно искуство со него. За дехидрирана кожа не верувам дека е, пијам секој по 10-11 чаши течности и витамини.
Niacinamid еве мене не ми одговара. Јас го користев тој од The ordinary и напротив ми го мастеше лицето и ми создаваше ситни акни. Два пати му дадов шанси на подолг период и исто беше. Сега останува да го пробам ниацинамидот во прав исто од ТО. Не е скап , можеш да го пробаш и да не ти одговара ништо страшно
Потроши ги производите што ги имаш, па пробај производи од друг бренд. Можеби повеќе ќе ти одговараат. Инаку има и матирачки флуид од Еуцерин што би можела да го користиш за намалување на лачењето на себум. https://int.eucerin.com/products/dermo-pure/mattifying-fluid А ниацинамидот се додека не го пробаш, нема да знаеш дали на тебе ќе ти одговара. Ако се одлучиш да го купиш, пробај една недела да го нанесуваш на мал дел од лицето и следи ги промените на тој дел.
Ве молам искуство со следниве продукти. Што би ми препорачале? Имам мрсна кожа со флеки од акни, црвенило и отворени пори. Особено внимание ми привлече сапунот. Спојлер: Сапун за длабинско чистење на лице Спојлер: Конопка Спојлер: Серум/креми за мрсна и комбинирана кожа Спојлер: Гел и серум против акни @Biodevojka
Конопка кремот и лосионот се едни од најдобрите, лосионот ми е all time fav и не го менувам. Сега пак го нарачав, да го искористам попустот. Дневниот и ноќниот крем на Натура Сиберика ги имам, и од двата сум задоволна за секојдневна нега, серумот не сум го пробала. Препаратите со цинк многу ги фалат тие што имаат акни, ако имаш проблематична кожа, мислам дека ќе ти одговараат.
Ви благодарам многу! Ги нарачав сапунот, дневната и коќната крема и тоникот на Натура Сиберика. Очекувам добри резултати.
За каква терапија станува збор ако не е тајна? И нели би било подобро дерматолог да препорача соодветна СПФ крема?
Јас додека бев на Роакутан ја користев Сан денс сензитив спф 50 и воопшто не поцрвенев цело лето. Можеби не е фенси и остава сјаен финиш, но најважно ми беше да ме штити и да не ме исфрла.
Ако не пишува на самиот производ за која возраст е, најпаметно е да пишете на customer service на производителот. И јас моментално користам адапален како Сона од Белупо, речиси месец дена. Флеките ги снемува, ама почнуваат нови акни. Јас потврдувам подобро искуство со Сенсибио отколку со Себиум, а имам себореичен дерматит и екстра масна кожа. Сенсибио нема мирис и е понежен, и прави минимална пена.
Досега го користев вит Ц од белина 5%ама сега го немаат на залиха Па сакам да пробам со некој друг,ако може да ми предложите
Имам лузни од третман на акни, но не длабоки површински како пост воспалителен процес од акните. Се пробав 3 месеци од мртва точка не мрднав, акните ги нема но флеките односно лузните дека некогаш сум се борела со акни се поприсутни од било кога. Кои креми или препарати вие ги користите коишто сте имале сличен пролем? Кој дерматолог го препорачувате бидејќи ова моево е мал проблем но лично толку сум исфрлана што премногу ми пречи, бидејќи имав многу тешки акни и едвај се спасив од нив и грдо изгледа .
Драга повели мое мислење за серумот и остатокот од линијата со бреза на Натура Сиберика http://biodevojka.blogspot.com/2021/02/natura-siberica.html