Повторно јас значи јас треба да имам комбинирана кожа ,ми кажале поврќе дерматолози уназад. Е сега примеќам последниве месеци дека ми се перути кожата. Значи постојано ми е како со лушпи ситни. Пудра ако ставам ептен се познава дека кожата ми перути. Дали тоа се должи на хиперпигментацијата од бременост претходна и моментална па ми се лушти ,или имам сува кожа. Што треба да значи ова ?
Ако сѐ уште ти се лачи себум во Т-зоната + ти се лупи кожата, тогаш ти е комбинирана кожата, само ти недостига хидратација. Ако ти е сува кожата секаде, тогаш веројатно ти е сува кожата. Типот на кожа може да се менува според годишното време, а и со тек на годините може кожата да станува посува. Можеш дури и да влијаеш со производите што ги користиш (пример, ако ти ја сушат кожата). Кај тебе може влијаеле и хормоните од бременоста. Не мислам дека хиперпигментацијата има врска со тоа.
Најверојатно кожата ти е дехидрирана. Пробај да направиш пилинг (scrub). На навлажнето лице нанеси од пилингот и со нежни кружни движења триј го лицето 5-10 минути. Потоа исплакни го лицето и продолжи со негата на лице. Вметни тоник и серум за хидратација на кожата, како и побогата крема за ноќна нега.
Се надевам дека нема да ме сфатиш на лош или претенциозен начин, но последно што треба да се прави кога кожата се лупи е ексфолијација (било каква), иако тоа ни доаѓа интуитивно, да ги „изгребеме" лушпите. Еве овде убаво објаснува зошто не треба .
Сфаќам што сакаш да кажеш. Целиот процес на чекање сама да отпадне мртвата кожа кога веќе се перути е измачувачки (можеби повеќе досаден). Сепак сметам дека може да се направи нежен пилинг доколку нема никакви оштетувања на кожата. Ми се случило неколку пати да ми се перути кожата на лицето и сум пробала и пилинг + пантенол и без пилинг + пантенол. Кај мене подобри резултати имаше кога правев пилинг и се мачкав со пантенол. И тоа правев пилинг еднаш во 5-6 недели.
@Aztec @pdb123 па хиперпигментацијата ја споменав зато што приметив после првата бременост сите бременачки дамки почнаа да ми се лупат од лицето постепено, а тоа што остана до ден денес стои и го оставам за боља времена кога ќе ми заврши и вторава бременост па и доењето здравје и стварно да најдам пореално решение. За пилинг размислував и јас но мислам дека нема да ми го реши проблемов. Ми се лупи кожата на Т зоната и маалце на образите. Ужасна сум. Пр. Како со кои креми да почнам ,секако на природна база поради состојбава. Дали за сува кожа да земам креми за хидратација, мрсни , какви ?
Не мораш да користиш природна козметика само затоа што си бремена. Секако тоа е твој избор. Јас не користам таква козметика па не би можела да ти препорачам конкретни производи. Ако сакаш нешто од медицинска козметика, би ти го препорачала овој гел со хијалуронска киселина и глицерин во составот (25+): https://int.eucerin.com/products/hyaluron-filler/moisture-booster Овој гел можеш да го нанесуваш наутро и навечер и врз него да ставиш крема со пантенол. Во моментов ми текнува само на Бепантен и оној од Миволис од ДМ, ама во аптека можеби ќе ти понудат и некој друг. Со пилингот не мора да брзаш, а може и воопшто да не го правиш ако не сакаш.
Немам што друго да дополнам, еве @Aztec ти дала предлог. Јас имам нормална кон сува кожа, но не ми одговараат потешки креми, па не би знаела што да ти предложам .
Ахм, сфаќам. Има широк спектар, од блек ап на Алкалоид, околу 150 ден е кремата за лице со фактор 30,и прилично е мрсничка. Каротен е исто добра, Фрези дерм ја препорачуваат овде, Докторс, итн - поевтини опции што секако ќе завршат работа
Јас сакав истово да го пишам дека последно нешто што треба да направи е пилинг... Никако на оштетена кожа... Драга дај ми буџет доколку сакаш предлог за природна козметика. И убабо објасни ми каков ефект сакаш и освен лупењето дали имаш проблем со флеки. Поздрав
Имам проблем со флеки ,и би дала пари и за поскапи креми кои се со дозволени компоненти за бремени, во смисла без ретиноли и одредени киселини
Ок јас ретиноиди и киселини не препорачувам ни во лудило ни во нормални услови не грижи се. Дали сакаш комплетна рутина од миење до крем?
Јас го пробав и немав убаво искуство. Ме исфрла, а инаку немам проблеми со акни. Не знам до што е точно, можеби ниацинамидот кој не ми прија. И чувството после ставање ми беше лепливо, се на се не ми се допадна и го прекинав.
Дали тие што го имате користено тоникот на конопка што го има постирано една членка погоре ви прави како малку пена при чистење и дали е нормално така Јас го користев пред месец дена,па некако ми беше чудно го прекинав околу 2недели сега го почнав пак и пак истото ми се случува
Здраво девојки Имам 26 години имам сува накај нормална кожа и имам мн акни црвени суви и ту и таму некоја црнка.Шминка вадам со туферче и крема од Балеа.За против акни ставам активен кислород ама освен што ги суши не исчезнуваат.За црнки ставам од Гарниер некој гел против блекхедс и окејј ми е .Што би ми препорачале за исчезнување на суви црвени акни што упорно ме исчезнуваат а имам сува кожа. Благодарам.
Здраво девојки јас имам едно прашање. Одсекогаш сум имала лице со мрсна Т зона и доста проширени пори и одоколу ми е сува. Користам крем хидратентен за сувите зони и го користам веќе 3-4 месеци Niacinamide 10% + Zinc 1% од The Ordinary. Имам приметено дека порите на лицето ми се смалени (но не доволно) и немам/не ми се појавуваат толку многу црнки. Правам пилинг на лицето 1-2 пати во неделата и имам користено и други маски за “одстранување на пори“ но не помагаат мнногу. Имам слушнато дека Salicylic Acid помага но секогаш е солд аут. Дали има некоја од вас што би можела да ми препорача нешто за намалување и минимизирање на порите и ако знаете нешто за брчките на лицето.. имам приметено дека во последно време челото ми е полно со брчки! Тенкс ин адванс!
Не може скроз да исчезнат/да не се гледаат порите, големината е фиксна и може само изгледот привремено да се подобри. Инаку да, и салицилната киселина помага, но не знам дали има потреба да ја користиш ако немаш проблем со црнки/акни. За брчки, ако имаш рутина подолго време, веројатно користиш СПФ крема секој ден. Без неа, сè друго е џабе. Друго што реално може да ти помогне се ретиноиди, кои ќе ти помогнат и за целокупната текстура на лицето. Ако имаш особено брчки на челото, провери се дали често ги креваш веѓите и го брчкаш челото кога зборуваш, затоа што тоа повторувачко дејство со тек на време допринесува за нивно формирање и продлабочување.