Сите тоници на Конопка прават пена. Нормално е. Мене ми се омилени, други веќе не купувам. Сега пак си го зедов тој со лаванда.
Здраво, пред 2 месеци си го избричив лицето со оние бричевите за лице, и од тогаш лицето ми се нема смирено. постојано ми излегуваат акнички. Сакав само да прашам дали е потребно да отидам на дерматолог во оваа ситуација бидејќи не знам што треба да користам, валјда како испаѓаат влакненцата така и акните... Некој ако има било каков совет? Никогаш не сум имала проблем со акни.
Здраво друштво. Откако почнав да носам редовно маска, ми излезе голем проблем со акните. Благодарение на салицилна акните исчезнаа, меѓутоа ми останаа ситни црвени флеки. Сакам да почнам да користам витаминЦ серум, крем со хијалурон и азалаична киселина (ми ги препорачаа овие продукти). Е сега, може ли некоја да ми објасни како се комбинираат и по кој редослед се користат за дневна и ноќна нега. Фала ви однапред
@Biodevojka би те замолила да ми предложиш целосен третман на лице,ако можеш. Имав комбинирана кожа,нормална со мрсна т зона. После бременост мислам дека сеуште ми е нормална,ама околу носот,челото меѓу веѓите ми се прави со лушпи,најчесто после миење/бањање иако го мијам само со вода. Акни ми излегуваат само понекоја. Тоник од белина.мк порачав,ама треба ли и гел за миење,каква крема и дневна и ноќна ли,некаков серум? Можеш и од белина ако има добри да ми препорачаш,а може и од други,цена нормална. Крема со заштитен фактор,е истата како за тело што се користи или има посебна за лице и која би ми препорачала,бел тен имам. Зошто не ги препорачуваш киселините за лице,така сватив од се што прочитав? Витамин Ц има ли потреба да ставам? Извини,многу прашања,ама повеќе теми читав за лице и се испомешав,посебно со серумите.
Ги разгледував дел од кремите на Балеа, Алверде, Натура Сиберика и многу други...Проверувајќи ги состојките, видов дека сите содржат алкохол или парфем. Единствена што ми ја предложија е Неутрогена hydro boost gel cream, што најверојатно и ќе ја земам. Сепак, би сакала да ве замолам да ми предложите уште некоја крема која не содржи ни алкохол ни парфем за да се одлучам..Мака мачам со акни и знам дека само би ми ја влошиле состојбата. Ви благодарам
La roche posay toleriane ultra , не содржи парфем ниту алкохол. Јас ноќната ја имам користено и одлична е.
Најверојатно така ќе ти се појавуваат се' додека не изникнат сите влакненца. Пробај да капнеш масло од чајно дрво на стапче за чистење на уши и нанеси директно на акните. Само внимавај да не нанесуваш од маслото на кожата околу акните бидејќи може да ја оштети. Ако акните се на целото лице и би ти било потребно многу време на секоја посебно да нанесеш, можеш да капнеш неколку капки во дел од кремот што го употребуваш. Можеби ќе ти помогне тоа. За колку капки да ставиш во кремата не би знаела да ти кажам. Еве ќе ја тагнам @Biodevojka, таа сигурно знае. Најважно е да се употребува крем со барем 30 СПФ кога се користи витамин Ц и азелаична киселина. Сепак за периодот што следува ти препорачувам крем со СПФ 50. Витаминот Ц е сеедно дали наутро или навечер ќе го нанесуваш. Зависи кој ќе одлучиш да го земеш. Ако е помасна формулата тогаш подобро би било да го нанесуваш навечер. Дневна нега: гел/пена, тоник, витамин Ц ако одлучиш да го вметнеш во дневната рутина, крем со хијалуронска киселина ако имаш потреба и на крај крем со СПФ. Ако ти е доволно само крем со СПФ, не мора да се вклучи крем со хијалуронска киселина тука. Ноќна нега: мицеларна вода или масло за отстранување на шминка доколку носиш, гел/пена за миење, тоник, азелаична киселина или витамин Ц и на крај крем со хијалуронска киселина. Азелаичната киселина вклучи ја во ноќната рутина. Во случај да се решиш и витаминот Ц да го вметнеш тука, најдобро би било да ги нанесуваш преку еден ден. Еден ден азелаична киселина па еден ден витамин Ц.
Здраво женски. Дали некој има искуство како се користат Акне фугот и соната заедно, то ест, дали може и двете навечер или треба едно наутро друго навечер?
Тоа ме збуни, дерматолог ми ги дава заедно да се користат, а знам дека не треба да се комбинираат, пишува и на нив. Фала ви девојки
Може заедно. Adapalene, примарната состојка во Соната е единствениот ретиноид што се комбинира со benzoyl peroxide. И јас ги користам заедно навечер.
Здраво девојки, дали некоја од вас го има користено Glycolic Acid + 7% toning solution, 2% Salicylic Acid или 2% Salicylic Acid masque и Azelaic Acid Suspension 10% од ТО? Што би ми препорачале од Retinol 0.5% (или 0,2%) in Squalane и Granactive Retinoid 2% in Squalane? Не сум користела до сега Ретинол но сакам да го вклучам во мојата рутина. Од acid што би ми препорачале за мрсна Т зона со проширени пори и кожа со тектура и акни/брунчиња? Направив тест за да видам кои производи би требало да ги користам со оглед на тоа каква кожа имам и кои се моите проблеми и ми ги даде овие: - Squalane cleanser - Niacinamide 10% + Zinc 1% (што веќе користам) - Azelaic Acid Suspension 10% плус НА протектор што веќе користам.
Здраво, направив акк само за да ми дадете информација доколку е можно од човеков што ја прави кремава (телефонски бр било што)
Драга најнапред кој е тој што ри кажал салицилна на акни од маска? Тоа е најголема грешка. Акните под маската се појавуваат како резултат на влажен амбиент богат co CO2 како резултат на машето дишење и таму има намалено присуство на кератин. Киселините се последно нешто што треба да се нанесе. Според мене имаш потреба најнапред од убаво средство за миење кое не е агресивно на пример пената за комбинирана до масна кожа на Натуеа Сиберика или гелот зелениот за чистење пори на Натура Сиберика. Потоа спрејот со цинк на Novexpert и лрем за лице кој треба да биде многу хидратантен на пример оној на Др. Конопка. Спојлер Имам напошано цела статија за ова еве линк http://biodevojka.blogspot.com/2020/10/blog-post_23.html?m=1 Здраво драга за миење ако имаш комбинирана кожа од Белина мпже да ја земеш пената ма Натура Сиберика онаа во бело сино пакување. Кко крем обавезно м Др. Конопка најевтин е а најдобар (380 мкд ). Мпже да земеш Ц вит. на True Alchemy 13% тој е доста убав и не е скап. За СПФ моментално го тесторам она на Лавера 50 СПФ и е фантастично. Иако е за деца одлично е и за возраснио единствемо што ме остава многу бела трага (за разлика од останатите на пример Веледа). За било што слободно пишо. Кожата е иритирана не препорачувам масло од чајно децо во случајов. Земи од аптека растителен глицерин, козметички талк, цинк оксид и дестилирана вода и направи крем со сите состојки по 25 гр. (25 грама талк, 25 цинк оксид па убаво измешај и додади 25 глицерин и 25 вода). Ова одлично ќе ја смири кожата и ќе ги исуши акните без да остави флеки. Нема потреба од конзерванси со оглед на тоа што количинат на вода и глицерин се исти и глицеринпт ќе ја "зароби" или привлече цела вода кон себе (алчен е за вода) и истата нема да бисе достапна за бактерии. Поздрав Ок да размислам и ќе ти пишам. Ако сакаш прати ми слика во лична порака за да ги видам флеките.
Ти благодарам .. а да се надоврзам на прашањето што ми би препорачала зс црнки некоја маска или крем било што