Јас го користам AHA/BHA тонерот и Snail essence, многу ми се допаѓаат. Исто ги пробав и оние pimple patches - супер се! Ја имам и салицилната, ама сѐ уште ја немам пробано.
Женски тие што користите Акне фуг и сона крема, како ги користите, дали дополнително користите уште нешто и за колку време имате резултат?
Навечер и двата, прво мијам со гел, па акнефуг, 3 мин оставам па плакнење, хидратантна крема и оставам да се впие кремата. После сона, доволно е колку зрно грашок количина. Наутро исто миење со гел (некогаш прескокувам ако ми е посува кожата), хидратантна и плус спф. Резултати, после 2от месец кај мене.
Ве молам за препорака за крем за лице и гел за миење лице за сопругот. Лицето му е дехидрано, пресуво, а често му се јавуваат црнки и црвенила. Одеше по дерматолози, кратки или терапии без забележителен ефект. Користи флуид со фактор од еуцерин моментално, еден дерматолог вели дека е атопичен дерматит, други се работи за фотосензитивна кожа, но и покрај следење на терапии нема некој значителен напредок..
Сигурно му треба добра хидратација на лицето, најубаво да проба со некој природен хидратантен тоник и природна хидратантна крема. Еуцеринот содржи состојки кои ја сушат кожата, знам јас кога користев, кожата ми беше сува иако имам мрсно лице, па можеби треба да престане со Еуцеринот и да го замени со некој друг фактор.
Snail серумот од Iunik, или Snail essence на COSRX? Ги користел некој и двата за споредба? Се начитав рецензии, ме мачи тој на Iunik да не е малце потежок.
Може да проба да употребува Sebium Hydra во комбинација со Sensibio гелот за миење (розовиот) од Bioderma. Да нанесува од хидратантниот крем под флуидот со СПФ, па ако не одговара и така, да го смени флуидот со СПФ.
Дали тие што сте пиеле рокаутан обавезно сте правеле хормонски испитувања? Моментално сум на антибиотик и чистење на лице со препарати препишани од дерматолог Ми рече после 15 дена контрола бидејки тогаш ми завршува антибиотикот,и дека ке ми даде други апчиња кои ке се пијат подолг период и биле поскапи,но не ми спомна ништо друго дали ке треба испитување или не Па ваше искуство би ми било добредојдено
Денес видов пост за рутина за розоцеа, но мислам дека ќе помогне и за црвенило и дехидрирано лице. Рутината е цела од производи на true alchemy: да го мие лицето со масло со камилица, потоа да става дво фазен тоник, серум со витамин Е во сквалин и на крај хидратантен крем како вечерна рутина, а наутро може да се измие лицето само со вода, тоник и СПФ крема.
Најдов една крема на The ordinary, Azelaic acid suspension 10% и имаше позитивни коментари во врска со неа од тие што ја користеле, па си викам ајде и јас да ја нарачам и денес ми стигна, 800ден. Ја нарачав од еден профил на Инстаграм, се викаше skincare.macedonia, па ќе видам колку ќе ми помогне.
Здрсво девојки, дали за ваков вид пигментација и црвенило може дс помогне Азелаичната ? Да не ми напраи акни? Одеднаш само ми де појавува црвенилото па стивнува иско користам 50ка фактор и за флеките ми е. ова е по образите
За црвенило би требало да помогне, а за пигментација не сум баш сигурен. Иначе за акни, веројатно зависи од кожата. На пример јас азелаичната ја користам против акни. Ако ми се појави некоја не толку комплицирана преку ноќ ја смирува.
Ниацинамидот со цинк е одличен. Баш ми го смири и лицето и имам ував тон на кожата. За другите незнам не сум ги користела
Здраво женски, дали ви се случило да имате како некоја црнка или поткожна па да ви се активира у бубулица и да собира? Како да се решам од овие?