Кремата под ниацинамидот е одлична. Искористив едно пакување и сум презадоволна ама ја препорачувам за навечер затоа што е густа и треба време да упие.
Да јас вака имав мала црнка на чело иако најчесто црнки имам само на носот, после некое време почна да се прави како бубулица и почнав да ставам патлиџан на местото по неколку пати на ден и се собира за брзо време дури ни лузна нема да остани. Незнам која членка беше овде на форумот, вака ми предложи и јас почнав патлиџан на чело да ставам како маска двапати неделно и челото ми е сега стакло.
Сквален кленсерот е просечен, суптилен чистач, ништо посебно. Нијацинамидот е супер, најкупуван продукт им е на TO, го регулира лачењето на себум, дава незначителен сјај на кожата и помага во справување со хиперпигментација после акни и сл. Кремот е исто добар, ма да не ме импресионира. Очекував нешто подобро но, за парите тоа е. При нанесување дава чувство дека е мрсен и дека потешко се размачкува но, на моето лице прилично брзо се упива. Го користев и наутро и навечер, имам комбинирана кон сува кожа. Млечната киселина ја немам користено но, мислам дека имаше некој пишувано за неа поназад во темава или во темата за The Ordinary.
The ordinary Има кратка анкета за кои проблеми ги имаш со кожата и ти дава предлози за купување, мене овие ми ги даде.
Од носењето на маската ми се прават многу акни на брадата и ме чешаат..да ми препорачате нешто ефикасно?
Мене искрено цинк најмногу ми помогна. Ако можеш да го нарачаш ниацинамидот со цинк на ТО или во дм има на q+a серум со цинк. Само овој вториов не е за сува кожа, а инаку одличен ми се покажа мене
Потврдувам за ниацинамидот со цинк од Ординери. Види од ДМ некоја замена за тоа, има гледам носат нови добри брендови
Која и да е причината за појава на дамки, може да се употребува целата линија Anti-pigment за избелување и превенција. Само што серумот има и anti-age дејство, па не се препорачува негова употреба пред 26-27 год. возраст.
Кажете ми нешто повеќе околу Сона, дерматолог ми ја препиша. Ме интересира како се употребува дали треба да се користи хидратантна крема, дали се лупи лицето, дали се користи секојденевно, и ваши искуства со тоа.
Го купив, ама комплициран е за користење, има две комори, а едната не работеше, всушност таа со главната состојка. Среќа на амазон прочитав во reviews финта да се извади капачето и да стискаш да го одзатнеш. Се надевам дека ќе има позитивен ефект наспроти заебанцијата со самото пакување
Супер што си се снашла. Гледам на страната на Еуцерин пишува дека има ново пакување серумот. Изгледа го направиле со една комора. Најверојатно голем број на луѓе го имале истиот проблем па решиле да го променат пакувањето. Ама кај нас додека да стаса во тоа пакување... Се надевам дека ќе ти се допадне. Јас дневниот го користев од истата линија и навистина бев задоволна. Пиши за резултати по некое време.
Девојки, дали може од промена на крема за лице , да ми се направат акни, неколку се, во долен дел на лице, поткожни,големи и болни? Како сега да избиваат. Или пак е хормонално. Не знам дали да ја фрлам кремава, на ЦераВе е ноќната крема конкретно.
Може да биде од многу фактори, маска, хормони, кремата... Пробај недела-две не ја користи, ако немаш подобрување значи не е од неа.