Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Кога сме веќе кај хлороамфинеколот, секој нормален би приметил дека не е нешто добро. Како прво, мириса многу јако, како второ е многу ефтин - ако беше нешто квалитетно ќе беше барем малку поскапо од 90 денари, и немаше да мириса на ацетон.

    Го имам купено како тинејџерка зашто ме прелажале и мене, ама само едно шишенце потрошив и толку. И не ги отстранува засекогаш акните, туку моментално.

    Проблемот со акните (кои ги немав многу ама и тие неколку ме нервираа,) го решив единствено кога отидов на дерматолог.
    Откако тој ќе ти ја види кожата точно знае што да препише, тоа зависи од типот на кожата и од видот и количината на акните. Ми препишаа некоја крема, чинеше 500 денари, за еден месец ја потрошив и веќе немав проблеми.
    Затоа, подобро отидете и побарајте стручно мислење, отколку сами на своја рака да се правите мудреци и лекари.
    А хлороамфинеколот да беше толку добар, други средства да отстранување на акни немаше ни да постојат, и сите ќе го користеа само него.
     
    На Mila04 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    и јас сега брзо купив хлорамфеникол .. и ок е ... ама откако ќе го исчистам лицето со него .. ставам Garnier Pure Active .. кожата на лицето ми е помазна .. и почиста .. некако освежена ... а акните .. полека исчезнуваат :) ;)
     
  3. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Последно си земав Клиндацин супер е одма ги суши ... а Reaper666 ме потсети и јас после лосионот да си ставам гарниер :) :) :)
     
  4. macencetoo

    macencetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    3
    ве молам некој нека ми кажи каква крема или лусион да користам за флеки од стискање на мозолчињата ги имам неколку пресно ми се напраени т.с 1 месец и нешто,и неќат никако да поминат ај некој со има пробано нека писис ве молаааааааам
     
  5. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Хлорамфеникол или Клиндамицин, кое е поефикасно ? :^)
     
  7. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    Клиндамицин немам користено .. а хлорамфениколот мене ми е супер .. цела нечистотија ја вади од лицето ... и ги суши акните
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Штетно..па се што се претерува е штетно.Ти употребувај го хлорамфениколот да речеме месец,два не повеќе...што и да и се употребува подолго време веќе е штетно.
    А јас ќе му изградам споменик на хлорамфениколот :bow: Го користев 3месеца во комбинација со кремата и верувајте не ми ги исчисти моментално туку засекогаш акните.Сега само нивеа тоник и крема за млади.Лицето ми е стакло.Секако и на исхрана и стрес да се пази.
    Бев на дерматолог.Демек авен,најефикасно,поефикасно немало |( Купив де.кремата и гелот-1400 ден.Ок си реков,све за љубав :inlove: Ама резултат нула.Ајде појдов пак-уф,уствари Еуцеринот бил поефикасен де,грешка било :lol: Пак прежалив пари.Пак ништо.
    Трета среча-на своја рака го купив хлорамфениколот-и останатото го знаете ^_^
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    не е ок секој треба да си каже што му помогнало и да сподели искуство и секој може да каже дека се согласува или не се согласува ама не е во ред на форумиве да се мериме кој е попаметен инаку ели сакам да те прашам хлорамфениколот со што го користеше заедно во комбинација? ако сакаш да објасниш подетално
     
  10. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Оф, што се немав на лицево - акни, црнки, митесери, баш се. Менував секакви тоници, гелови, пилинзи, но се беше џабе. Го најдов лекот на козметичар. Одам веќе една година редовно, гледам да отидам еднаш во месецот. Црнките најлесно ми ги чисти, акните ме болеше кога ми ги стискаше, после третманот 3 дена бев црвена во лицето, но после 3-4 третмани се гледа разлика.
    Внимавам што јадам - да не биде мрсно, чоколади избегнувам, мајонез, салами, шунки, се тоа веќе исфрлив од исхраната.
    Секоја недела си правам домашна маска - најчесто мед, дали со цимет, со аспирин, со јаболка, имам различни пробувано.
    Ми се исчисти лицево полека, полека. Сега ми излегуваат неколку акни пред да добијам најчесто, инаку вака немам проблеми.
    Сепак не треба со се да се експрериментира, лице е. Подобро е да се обратите на дерматолог или козметичар.
     
  11. tiny

    tiny Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    devojki dali ke moze nekoja od vas sto imate iskustvo so kremata na sase da mi go pise brojot vo LP please
     
  12. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Пробајте пилинг за лице од Неутрогена, 3 пати неделно и дефинитивно ќе осетите подобрувања :)
     
  13. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Маска од глина, пилинг од шеќер и парење на лицето со чај од камилица, дефинитивно незаменливо нешто. Еднаш неделно практикувајте го ова верувајте уште веднаш ќе забележите промена. И дерматолог. Кој можа да си дозволи, одете на дерматолог луѓе! Најисплатливата инвестиција за својата убавина. Плус нели 8 чаши вода на ден, овошје, зеленчук блабла...
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    ехе така лесно да се чистеше лицето од акни сеа сите ке шетавме со стакло лице
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    ај вие што користите хлорамфеникол едно прашање до вас. подобар е оној на фитофарм или галафарм?
     
  16. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Сестра ми малку од малку го среди лицето какво и беше воспалено цело сега има само ептен ситни мали бубулчиња на образите. Се надевам и тие ќе се исчистат.
    Јас читајќи ве вас и препоачав нешто да купи и еве што користи она.
    Насабајле станува го мие лицето со ладна вода и Докторс сапун од мента (зелен е ), и го чисти со Хлорамфеникол од Фитофарм, и веднаш после тоа се мачка со сината крема од Јангдерм за акни. Истата постапка ја прави и навечер пред легнување.
    Во текот на денот става од бугарската крема Здраве (која и јас ја пробав и навистина е добра) и се мачка со Јангдерм кремата за секојдневна употреба(белата) protectivе. За излегување исто така пред да стави пудра става од кремата јангдерм и пудра јангдерм. Фала му на Бога и се подисчисти лицето за недела дена се надевам ќе и биде скроз чисто :)
    Поздрав :)
     
  17. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Здраво, феминки. Јас имам еден проблем со лицето. Имам акни, но не гнојни, како воспалено ми е, на светлина се гледа дека сум исфрлана. И, немам свежина. Сакав да знам некоја од вас да не имала нешто слично вакво да ми помогне :(
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Не знам што ми стана. Редовно си ги користам препартите и ме се намалија брумките и сега одедншка... БУМ излезеа од никаде :(

    И дома пак истото... сцени, рикање, драње... Не само што грозно изгледаат туку и ме чешат. Ќе умрам!!!
     
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    нејверојатно ти се презаситила кожата од едни те исти препарати а може ти е од стрес. јас подолго време користам едни исти производи и сега забележав дека немат повеќе ист ефект па ке си ги сменам, пробај и ти
     
  20. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Хмм и јас мислев како тебе се додека не пробав и не се уверив дека не се сите прозводи на орифлем така за фрлање. Нити продавам нити пре-продавам ниту пак нешто подетално сум запознаена. Имав голем проблем со кожата на лицето. Значи имав многу акни и мозолчиња, лузни, точки помодрени од акните кои сум ги стискала, образите ми беа катастрофа, неможам да ти опишам какво ми беше лицето. Уште што небев пробала, ја отворив и темата за да се споделат искуства со овој проблем, читав, пробував секакви производи, пробај од овој производ не помага, пробај од друг исто се додека не почнав да го користам гелот и кремата од орифлем на pure nature. На почетоко и јас не верував, а сега можеби има и година како ги користам, презадоволна сум, тие точките помодрени што ми беа ми се исчистени, имам по некое така на образите и понекоја акна ми излава за време на менструацијата и за разлика какво ми беше лицето од пред година и повеќе време и сега какво ми е јас сум презадоволна. Само тоа можам да кажам и немам причина да лажам или пак некој да терам да ми верува, сепак сите имаме иста цел, како до чисто лице.