Акните се последица од преголемо присуство на бактеријата Cutibacterium Acnes (која природно си постои на кожата), па можеби затоа препишуваат антибиотици.
Никакви испитувања немам направено Докторот ми рече дека е инфекција и ми рече да не одиме со ретиноиди ке сум почнала со сумамед по шема Плус користам и препарати за лице но многу ми се суши кожата и ми се перути но тој ми рече дека е ок Незнам дали да продолжам па затоа сакав мислење дали некој користел сумамед
Јас искрено не би ти препорачала таков јак антибиотик. Подобро прашај го дали може Миноцин или некој друг послаб. Посебно во овој период последно нешто што ти треба е ослабување на имунитетот.
Пиев 15дена доксицилин до вчера и денес на контрола ми ги препиша овие Мислев дека ке ми препише рокаутан но не Незнам дали да почнам ке разговарам сп него сепак ви благодарам
Здраво, сакам да ве прашам вие кои сте ја користеле Соната. После колку време од користењето сте имале целосно подобрување на акните и на флеките од акни?
Користам и бензоил пероксид наутро, околу 1ипол месец, има мало подобрување, знам дека треба подолго време за да се реши состојбата, само ме интересира колку
Мене не ми дава да нарачам ништо од Cerave на lookfantastic. Кога иде на чекор shipping ми се покажува дека не може да се достави производот.
И мене вака ми има направено за друг бренд. Мислам дека некои брендови што се продаваат таму се ограничени само за ЕУ.
се е по препорака од дерматолог, кога почнав со соната пиев и антибиотик, а сега на последната контрола ми даде локален антибиотик клиндамицин, барем еднаш во текот на денот да го ставам Можам да кажам дека дури денес забележав мало подобрување, но свесна сум дека е подолг процесот околу 3 месеци барем
И јас бев голем песимист, многу ми влијаеше проблемот врз самодоверба, од дома не излегував. Но мора позитивно да мислиме. Секако зависи и до проблемот, на другарка за месец дена и се среди лицето :,D
Јас соната ја користам во комбинација со акне фуг. И таму кај што немав ми се појавија ептен се нервирам.
Тоа е нормално се излегува на површина.. истото ми се случи и мене. Ако за некое време немаш подобрување закажи си контрола на дерматолог
Имам чисто лице, комбинирана кожа . Во последен период ми се појавија ситни брунчиња на образите, и некоја акна.Што би можела да користам за брунчињата и акните?