После втората половина на вториот месец. Првиот месец користев секој втор ден и Сона и БП а од вториот месец почнав три дена па еден ден пауза. Кога го направив зголемувањето забележав поголем purging, до 2от месец траеше. После веќе средина на вториот почнував се повеќе и повеќе да гледам подобрување, од ден за ден. Еве сум 4ти месец сега, огромна разлика има, повторно ми излегува по некоја акна оти хормонски се кај мене, но разликата е преголема од старт и сега.
Ги имате користено,некакво искуство да споделите? Имам проблем со мрсна кожа ,пори и акни,па ги земав од ДМ сега..
Може да се комбинираат нели? Не би требало да претставува проблем,серумот е на база млечна киселина,ниацинамид и гликолна киселина и цинк.
Може да биодевојка има пишувано за производиве http://biodevojka.blogspot.com/2021/02/natura-siberica.html?m=1
И јас го купив Лосионот, но бидејќи има млечна киселина дали може како нормален лосион секој ден да се користи и наутро и навечер?
Не знаев во која тема да го поставам прашањево. Aко треба нека се премести. Дали некој ги има пробано производите на Novexpert? Ги гледам цело време по парфимерииве каде што се движам, па некако ми привлекоа внимание. Ова е официјалната страна: https://novexpert-lab.com/collections/catalogue-produit?lang=en @Biodevojka можеби би можела да ги погледнеш производите? Благодарам
Со овој памет да го вратам времето никогаш сумамед не би зела Ех што се нервирам, па што доктор ќе беше тој бе да дава така сумамед без испитувања? Па нека си ја скине дипломата веднаш, извини на испади, али тој сумамед желудникот ми го оштети
Немам ваков проблем и не сум стручна, ама пред скоро време пријателка ми спомна за Pѕcnogenol серум (конкретно таа го користеше на ТО). Кога се обидов да истражам за оваа состојка (може да се користи и орално и како серум за кожа) една од придобивките од нејзино користење е токму и мелазма. Истражи и можеби би ти помогнала за оваа состојба.
И мене ми фатија око. Особено откако ги пробав тестерите, флуидот со цинк и флуидот со магнезиум. И други производи ми фаќаат око. Чекам попуст, па обавезно нарачувам нешто.
Здраво на сите од Novexpert може да ви ги препорачам следниве производи кои ги имам пробано и се фантастични според мене 1. Серум вит. Ц 2. Пена со вит. Ц 3. Серум со хјалуронска киселина 4. Крем за лице со хјалуронска киселина 5. Спреј со цинк за акни Првите два веќе ги имам рецензирано повелете линк http://biodevojka.blogspot.com/2020/12/novexpert-vitc.html?m=1 За оние со хиалурон подготвувам статија за некој ден ќе ја пуштам За девојката со мелазма потребно е најнапред да сфатиш дали е површинска или не, зошто се појавува итн. Погледни го ова видео.
Дали некој ги има користено овие производи од Оливал, да сподели искуство? Дали би одговарале на комбинирана и масна кожа?
Ја користев мицеларната, добра е, вади се (со напомена дека не користам водоотпорна шминка), не пече, не ги иритира очите (што ми е многу важно). Оваа пена не ја користев, користев пена за нормална и сува кожа иако имам комбинирана, повеќе ми одговара оти не ми остава чувство на затегнатост како пената за комбинирана кожа. Ги препорачувам производите на Оливал од оваа линија, убави се, и со поприродни состојки.
И од мене препорака за мицеларната вода. Веќе долг период ја користам и не би ја менувала. Ја вади целата шминка и не пече на очи(што е чест случај кај мицеларните).
Здраво девојки, дали знае некој како се употребува салицилната киселина од True Alchemy, односно дали се измива или се остава на кожата преку ноќ?
Претпоставувам зборуваш за серумот со 2% салицилна киселина, не, не се измива. Се става на чиста и сува кожа, неколку капки, потоа оставаш да се впие, неколку минути и продолжуваш со друго(пр. хидратантен крем).