После потрошени 50 илјади денари во Дерма Медика Скопје и прелошо искуство таму моето лице изгледа вака: А претходно изгледаше вака: Милиони пати полошо ми е! Правев као демек ласер ветувачки 50 илјади денари за пет третмани за на крај да е полошо и ми рекоа ако сакаш уште третмани можеш да си доплатиш и тоа е тоа, око не му трепна. Пред да платам ми ветија дека ќе се среди со тие третмани.. Докторот на слепо ми препиша ретинол(кој не се користи при ласер, сама си прочитав на нет). Не знам што да правам повеќе, најлошо ми е досега.. кажете некој совет ве молам.
Вака, после тие толку ласери , остај го да се потсмири. Само лесен гел за измивање или пена , крема и СПФ. После некое време , или оди кај дерматолог Старова , или почни со рутина која можеп да ја пронајдеш на овие сајтови на фемина и да си комбинираш или на најсаканата Магнолиа да и пратиш и таа рутина ти спрема секако и според цената која можеш да си ја дозволиш. Лоша е ситуацијата но не губи надеж! А на дерма медика искрено ако вака е работава срам да им е..
@greenday си испитувала претходно хормони? Не знам дали имаш пишувано , не сум те читала. @Biodevojka ќе ја тагнам ако може да помогне околу производи.
Знам дека за ова што ќе го кажам има поделени мислења и секако ова би ти го препорачала под надзор и контрола на дерматолог. Јас повеќе од 10 год се мачев со акни и за тој период нема крема/состојка која бија препорачана за акни да не сум ја пробала. На крајот се решив за Роакутан (или Акутан) и после 6 месеци терапија лицето ми се исчисти скрос од акни. Имав многу флеки и продолжив да го третирам со Ретинол 0.5 и ниацинамид и еднаш неделно аха+бха. Помина пола година откако завршив со апчињата и кожата никогаш не ми била почиста. Бара посветеност, правење крвна слика секој месец и постојано хидрирање на кожата, но сето тоа кај мене вредеше.
Помина месец и пол од кога правев ласери као демек ке се смири можеш да си доплати уште толку онолку. Сега користам само гел ма CeraVe за миење и ништо друго веќе месец дена. Ми направи дополнителни лузни со ласер кои за да ми ги отстрани ќе коштаа 150€ од регија на лицето ... Не прв пат пишувам, инаку немам испитано хормони пошто дерматологот ми рече бактерија е као демек, а притоа наместо антибиотици ми даде ретинол. Планирам сега да испитам.. Да многу луѓе ми ги препорачале. Ќе се консултирам и со други доктори па ќе размислам за нив. Не знам што друго... Инаку фала ви девојки за одговорите и советите
Контактрајте ја на истаграм Магнолија гламур девојката е достапна во секое време за помош и совет бесплатно. Објаснете му го детално проблемот. Ќе ви посочи производи што ќе ви поможат да го решите проблемот со правилна рутина. Не да ја рекламирам ама искрено до сега читам дека има многу позитивни резултати од девојките на кои им поможила.
Најверојатно треба да ти е блиска за да ти помогне.. Јас чекам можеби 1.5 година да ми врати.. И пишав пред некој месец и по втор пат, не ми е пријатно да замарам.
Јас го купив серумот на Еуцерин за флеки. На Амазон има одлични коментари конкретно од лица кои имаат мелазма. Јас за друга намена го земав, а рано е да кажам дали е добар. Сакам да кажам дека има препарат за таа намена.
Што се замарате со Магнолија, после мојата изјава тука дека не враќа,г-ѓа се увредила и ме блокнала на инстаграм. Кај сама се упрпа,кај увреџена. Има и други инфлуенсерки кои би ви помогнале, мене правец ми даде една членка од тука и така почнав со користење. Исто и тука има девојки што ќе ви помогнат повеќе.
Јас не би препорачала кај лица кои не се стручни во областа. Дури и од државните кожни доктори кај мене не сум задоволна, да не зборувам за останатите. Само стручен дерматолог, лице со посериозен проблем не е исто како лице кое има 3, 4 акни во месецот.
@greenday испитај тоа прво зошто и јас така се мачев со години , исто ми беше лицето ако не и полошо. Прво креми , лосиони што пари изнададов ама кога увидов дека ништо живо не помага , посетив ендокринолог па таа ме упати што да правам. Исто и на гинеколог бев да испитам јајници ама немав полицистични јајцници , хормоните ми беа проблем па пиев соодветна терапија. Веднаш ми се опорави лицето
Магнолија беше одлична, се додека "славата" не и удри во глава. Јас и имам пишувно пред година време ми даде некој производи али не ми помогна ништо од нејзината препорака, има и девојки кои се задоволно. Замерката кон неа и поентата на коментарот ми е дека препорачува и форсира производи за тоа што е платена пример оливал, пурито, "рутина со белина". Сепак постовите и се корисни ако сакаш да де информираш за состојки и со кој производ што ефект ќе имаш. Јас користам сона. Ја имам користено долг период предходно па ја прекинав бидејки лицето ми се среди.(за 4-5 месеци со фулл рутина, но продолжив ск соната уште 3м) Сега ја користам скоро 2 месеци, почнува да има видливи резлутати. Адапеленот е многу корисен за акни и флеки од акни но си бара време, од 6-8 недели ќе почнат да се гледаат резлутати, понатаму постепено ќе се повлекуваат во зависност од акните.
Белина навистина има добри продукти,лично сум ги користела. Е сега има разлика од индивидуи до индивидуи.
Никаде не реков дека нема, имаат одлични продукти белина и јас порачувам од таму, муабетот ми беше за магнолија
Имаш на страната на iherb, ама не се сите производи достапни. Исто така, ги има по аптекиве во соседните земји(Грција, Бугарија).
Да си посетиш дерматолог и да не слушаш никој друг од страна што ќе ти каже каков производ да почнеш да користиш, бидејќи пола онака кажуваат од што слушнале од други, а и не значи еден производ некој ако му е супер и тебе ќе ти биде!