Здраво девојки, дали некој имал искуство со роакутен но после неколку месеци пак му се вратиле акните? Исто така дали некој од вас си нашол чаре после тоа и кај кој дерматолог... Исто така да напоменам ги пиев само три месеци и цело време бев на 10 мг и докторката ми ги прекина можеби не е тоа добро и поради тоа е но сепак ми треба мислење пошто незнам веќе што да правам. Безпомошно се осеќам.
Не знам како можела докторката да пристапи така несериозно. Минималната доза (која ја пиев и јас) е 20мг секој ден, 6 месеци. И тоа е далеку од кумулативната доза, но многу доктори не се водат по неа, па ајде. Кога ќе ја прекинеш пред време терапијата ти е исто како да не си ја пиела, се враќаат акните, а си потрошила време, пари, одење по доктори и сл. Мене се уште не ми се вратиле акните после една година, се надевам и дека нема и понатаму. Не пишувам кај која докторка бев бидејќи и јас маки мачев додека се разбравме. Јас првите 3 месеци и немав некое уау подобрување, но последните два ми се исчисти скрос.
Мора и надворешно да ја третираш кожата. Зборувај со дерматологот за продукти кои би ти помогнале да се одржува состојбата, после прекинување на оралната терапија.
Давав се од себе и после роакутан што го прекинав крајот на септември потоа ласер правев што ми препишуваше докторката да мачкам тоа, редовна на контроли. Пиев и колаген, потоа и collacare. Не сум пропуштила рутина ни насабајле ни навечер ама ете.
Stiskanje NIKAKO. Ako sakas da si go osakatis liceto. Jas eve ke ti kazam so davaat za terapija: bioderma za mienje, aknefug, sona, scinoren biraj so sakas. Mene ic ne mi pomogna dermatolog zali boze pari sama se izleciv
Истото го мислев но и верував, на секоја контрола додека го пиев ја прашував зошто ми е дозата цело време 10 зошто знам дека се почнува од 20 а после може и да се накачува и дека најмалку 4 месеци треба. Мене уште во првиот месец ми се исчисти незнам зошто. И потоа кога ми рече да ги прекинам ја прашав нели е рано.. А да не зборувам за ласерот од 10 000. Ми ветуваше дека акна нема да ми се појави и сега кога воа се деси сетив дека престана да се замара со мојата ситуација и сакам кај друг дерматолог. Се сум пробала мила, се, пошо имав проблем со лицето од 13 години а не ми се такви акните па да неможе да се среде незнам кај да си го барам више чарето. Се е на привремено и после истата приказна.
Јас пиев антибиотици и локална терапија (акнефуг, сона, лосион и уште една крема од сулфур и салицилна), па ми се вратија акните по година и нешто откако прекинав. Па почнав само акнефуг и сона, и веќе огромни резултати има. Не знам што користиш, но мора некој производ за cell turnover.
Користам моментално тоа што ми препиша докторката до пред еден месец: насабајле мицеларна пена на логона, потоа обавезно хидратантна на roche possay, spf а навечер исто логона па смирувачка крема на еуцерин па сона ако имам акни. Рутината е таква за да не ја иритира кожата со посилни супстанци барем тоа докторката ми го кажа. А соната некако и не помага еве моментално вака ми се нема влошено од лани пред да почнам роакутен. Често ги миам и сунѓерчињата за пудра, навлака, маската, пазам и на храна. Незнам веќе.
Соната не е spot treatment, со неа се третира цела област за да не доаѓа до појава на акни. Затоа нема никаков ефект кај тебе. Би ти рекла да побараш и друго мислење или да сменеш дерматолог. Мене кога по втор пат ми се појавија, дерматологот ми рече одма пак да почнеме со антибиотици, но јас не сакав, поради големите нус појави, ужасни вртоглавици имав. И решив да пробам само со акнефуг, кој е benzoyl peroxide и ја убива бактеријата и сона т.е adapalene која врши cell turnover. Плус гел за миење, крема и спф. Еве 4ти месец веќе, одлични резултати имам. Среќа што не се одлучив пак за антибиотиците, многу лошо ми делуваа. Едит: мислам дека рутината ти е океј, но можеш прво да зборуваш за да почнеш сона на цело лице, па види што ќе ти каже дерматологот во однос на тоа.
Ti blagodaram, daj boze Да и јас мислев дека не е доволно, инаку за антибиотици и јас не сакав роакутенот лошо ми делуваше и кога докторката ми рече ајде пак роакутен викам нема шанси и решив кај неа толку, како експерименти да си праве со лицето. Еве затоа одма и сакам да реагирам да закажам кај друг. Инаку фала ти за мислењето..
Здраво. Лицето го исчистив од акни, е сега имам останато ситни белки и црнки. Некој што знае повеќе, што да додадам во рутина? Моментално: Сабајле : Гарниер (гел со глина) за миење лице, витамин Ц серум( Ревокс), СПФ крема, Навечер: Ако не сум користела шминка само истиот гел, салицилна киселина (Ревокс) преку една вечер и тоа, и потоа крема. Маски користам 1 неделно различни видови зависи во моментот што ми е потребно од состојбата Што мислите?
Да и мајка ми ми кажа за МТВ, ама јас не успеав да се видам . Слободно прочитај и за било што прашај ме тука сум. Поздрав.
Девојки, сакам да почнам да ја користам кремата AIROL со третиноин, но бидејќи имам осетлива кожа и никогаш не сум употребувала ретинол, ретиноиди итн. не сум сигурна како и кога да го користам. Некоја препорака? Имам флеки од акни конкретно сакам да се решам од нив.
Дали си сигурна дека сакаш да почнеш со третиноин со оглед на тоа што тој е најјакиот ретиноид, а ти имаш чувствителна кожа? Мислам дека подобро ти е да почнеш со ретинол, да изградиш толеранција (ако воопшто можеш) до максимумот (1%), па дури потоа да размислуваш за третиноин. Што и да одлучиш да користиш, ова се препораките за почетници: - почни со ниска концентрација - почни со еднаш седмично, па постепено зголемувај - почни со ставање после хидратантната крема, па кога (и ако) ќе развиеш толеранција ставај ја пред неа - не го комбинирај со витамин Ц и AHA/BHA за да избегнеш можност за иритација (може со хијалуронска и нијацинамид) - нема потреба за ставање на голема количина (за третиноин доволно е зрно грашок за цело лице, сѐ плус е само беспотребно трошење на кремата) Препорачливо е да се користат навечер затоа што некои ретиноиди се разградуваат под дејство на сончева светлина. Во секој случај, преку ден мора да користиш СПФ крема (во доволна количина, 2 цели прсти крема за цело лице + врат (дебели линии)) и да ја реаплицираш на секои 2 часа доколку се наоѓаш надвор и особено ако си директно изложена на сонце. Патем, каде ја наоѓаш кремата и дали може да се земе без рецепта кај нас? Или веќе имаш рецепта од дерматолог?
Кремата ја најдов во аптека Хигија во Кавадарци, штом ја има таму претпоставувам дека почнале да ја носат пак во Мк Фала ти на исцрпниот одговор!! знам дека треба да почнам со понизок процент, но треба да порачувам од The ordinary итн. Ако знаеш случајно со што можам да почнам а е достапно кај нас ако сакаш сподели, не напоменав имам 24 год.
Не знам ништо со пристапна цена, баш овие дена се распрашував во темата за крема за лице затоа што и мене не ми се чекаат порачки ако може да се најде нешто тука. Види таму кои креми ми ги кажаа. А дали може да се земе без рецепта? Тоа е многу важно, оти вака џабе ја има ако единствен начин да ја добиеш е преку дерматолог. Знам низ цел свет дека третиноинот се издава со рецепта, ама потајно се надевам дека има некаков loophole кај нас оти сме таква држава . Не дека не ја препишуваат во странство, ама кај нас не знам дали би ти ја препишал дерматолог на пример за анти-ејџ причина, поверојатно ми е дека би ти ја препишале само ако имаш акни... Ако знае некој повеќе, добредојдена е секоја информација .
Без рецепта ми ја дадоа мене. Мислам дека и кога ја имаше порано ја даваа без рецепта, околу 280 ден и е цената.