Прво да ги замолам админите да не ми го преместуваат мислењево,зошто секако прашувам за чисто лице. Дали ако добро сфатив една дневна рутина (акцент ставам на флеки) треба да изгледа вака: Наутро Мицеларна вода Миење со гел/пена Дневна крема хидратантна Крем со спф50 антипигмент Навечер: Мицеларна вода Миење со пена/гел Нијаминацид киселина / витамин ц (или и двете се користат? Кое дава подобар ефект за мелазми) Ноќна хидратантна крема Почнаа да пуштаат велигденски попусти, во зегин имаат еуцерин и биодерма, да искористам нешто од попустот. Ве молам за совет, до сега сум чистела лице со тоник,пилинг и повремено маска. Крем само хидратантен дневен користам.
Наутро немаш потреба од мицеларна, доволно е миење со гел. Јас би ставила наутро после тоа нијацинамид, а потоа спф крема. Бидејќи со маскиве најдобро е помалку производи да се користат. За навечер мицеларна, па гел, па нијацинамид, па Azelaic acid (има на Ревокс) и тие две одлично одат во комбинација за тој "проблем" и потоа крема. Доколку веќе имаш купено вит Ц искористи го прво него навечер наместо азелаичната киселина.
Немам ништо купено. Доволно е спф без дневна крема? За нијамицидот читав дека не е ок да се користи наутро заради дневната изложеност на сонце,затоа помислив подобро навечер да го ставам?
Може слободно да се користи и навечер и наутро. Има плус бенефити наутро бидејќи штити од ултравиолетовите зраци. Protects against sun damage. Niacinamide can concurrently rebuild healthy skin cells while also protecting them from damage caused by ultraviolet rays. Спф кремите може слободно без дополнителна крема бидејќи ја штитат кожата и ја задржуваат влажноста. Плус така ќе ја користиш потребната количина, а ако ставаш и крема реално би ставиле помала количина за да не ни се масти лицето.
Ти благодарам многу. Уште ќе те позамарам,од кој бренд ќе ми препорачаш да ги купам препаративе? Разгледував по нет, од Еуцерин ,Биодерма и од Вичи најдов крем спф 50 со антипигмент ефект. За ноќна планирав од Биотен со витамин ц имаа некоја да ја земам. За пена и мицеларна планирав од Балеа. А киселина од Ревокс гледав во ДМ.
Од кој од нив и да земеш нема да згрешиш. Од што сум читала најмногу пофалби има за тој на Еуцерин, а и видов имаат попуст во Зегин сега. За ноќна крема не знам искрено, не сум до сега воодушевена од ниkoja, разгледај во темата за креми, ќе каже некој поупатен. Мицеларната на Балеа не ми се допаѓаше баш, не ми ја вадеше убаво шминката, а некои тука се жалеа дека ги печеле очите од неа. Јас ја користам на Гарние сензитив (розево капаче) веќе година дена и сум презадоволна. Место пена јас го користам Балеа мед сензитив гелот, бидејќи пеите многу брзо ми се трошат и не ми се исплатливи, но ако сакаш пена земи ја розевата на Балеа.
@Sofi.ja витаминот ц многу е поубаво да се користи насабајле. Има синергистичко дејство со спф и придонесува за поголема ефективност во заштита на кожата од ув зраците. Јас би ти препорачала да почнеш со помалку препарати, ем полесно ќе ти биде, а и поефективно е најчесто. Насабајле Миење, јас мијам само со вода Тоник за регулација на пх на кожата Вит ц Спф (ќе си видиш според состојбата на кожата дали ти треба хидратантна крема пред спф или не) Навечер Миење со гел/пена Нијацинамид Ноќна крема која не мора да е стриктно ноќна, може и дневната да си ја користиш ако е побогата. Мицеларната, само ако/кога користиш шминка. За Вит Ц, имам препорака https://www.iherb.com/pr/PrescriptS...61.990808009.1619185790-1568288605.1616324368 Истиот веќе има азелаична киселина во него и јас сум многу задоволна. Не знам колку помага во избелување на флеки (во ривјус велат дека им помагал) , ама серумот како серум е многу убав. Нарачав второ шишенце некни. Бесплатна му е доставата и по мое вреди да се проба .
Здраво на сите ми се појави голем проблем јас во животов мој сум немала акни и на лицето ми се случи бум.. јас незнам што е ова, бев на дерматолог ми препиша биодерма креми и апчина ништо, бев на козметичар ме стегаше бетер ме направи.. незнам што да правам очајна сум .. доколку некој има некој знае нешто да ми помогне нека пиши.. Извинете за сликата знам дека е гадно
Не е гадно. Не се срами од својата кожа, знам тешко е ама е нормално и со соодветна терапија ќе се реши. Кај кој дерматолог беше? Најверојатно антибиотици ти препишал, дали и колку време ги пиеше?
Бев кај Маргарита , моментално чекам за кај доктор Старова имам закажано но за кај него многу се чека веќе очајна сум незнам што да правам сегде одам никој не знае да ми го реши проблемот ми даваат креми со фирми што соработуваат .. Инаку ги појави миноциклин мислам едно пакување испив..
За мелазми може да пробаш и со серумот на Еуцерин за таа намена. Јас почнувам полека да бележам разлика. Во него има две состојки, хијалуронска киселина и тиамидол (главната состојка која служи за превенција и отстранување на хиперпигментација). Уште сум на ,,почеток" не ми е потрошен, за целокупниот резултат, ќе дадам рецензија во некоја тема. До сега со вит. Ц не сум бележела разлика. Може треба да дадам шанса на La roche во тој поглед. Малце е солен во однос на цената, ама па и може вреди со оглед дека La roche никогаш не ме изневериле. Пробај со вит. Ц ништо не губиш. За Биодерма баш не сум задоволна со оглед дека нивните производи кај мене имаат спротивно дејство од самата намена. Но, секоја кожа е приказна за себе, што значи дека треба сама да се увериш што најмногу ќе ти одговара. Еден серум, една крема кај мене делува на еден начин, истиот кај тебе на друг начин. Всушност не ми е јасно зошто дерматолозите токму ја препорачуваат оваа марка, како да нема друго. А реално јас во Еуцерин, La roche, Vichy, сум нашла многу поголем ефект од самите производи. Цените се тука некаде. Но, како што кажав, секој со својата кожа. Во секој случај, ако веќе си тргнала по тој пат, користи тоа што сметаш дека ќе ти помогне. А секогаш има други алтернативи, ако не си задоволна. Ќе се погоди нешто.
Зераво, дали некој би можел да ми помогне, имал ист/сличен проблем или познава некој со вакво лице? Не можам ќе спобудалам, срам ми е да излезам пред луѓе више, ништо не помага Нема кај не отидов никој не ми го решава проблемот
Доколку не си пробал до сега, Акнефуг чување на почеток првата недела 2 мин, па потоа 5мин и миење и потоа нијацинамид (имаш на ревокс) и на крај Afrodita young and pure кремата. Првото го има во аптеки а другиве во ДМ.
Чекај кај д.Старова. Мене скроз ми ги исчисти лицето. Истите антибиотици ги пиев плус надворешни креми и лосиони за третирање. Некаде за 3,4 месеци комплетно се излечив. Треба време и трпение, ако забележуваш резултати, после некој период, не се откажувај. Верувам ќе ти ја даде истата терапија. Исто, ќе ти побара испитување на хормони, преку крв и ехо од јајници. Најдобро е да ги направиш пред да отидеш, за да не чекаш друг термин. @Java само што пишав за д.Старова ако немаш пробано кај него. Инаку се согласувам со @Elence93 акнефуг е супер, исто и ниацинамид. Јас користам комбинација акнефуг со сона кремата плус хидратантна, одлични резултати и така имам.
Затоа што имаат договор со Биодерма и земаат процент од продажба. @Malinka1$ @Java каква терапија и да добиете од дерматологот не заборавајте да ја хидрирате кожата.
Драга слободно двапати дневно наутро и навечер. Убаво си правела. Потребно е производот да биде одлично урамнотежен, тоа е она што може да предизвика сушење на кожата (доколку се користи премногу обезмастувачки производ). Јас го земав од ДМ. Единствен производ од оваа марка кој ми се допаѓа. Серумите воопшто не ми се допаѓаат лкако декларација, ама маслово е одлично. И ценаа е повеќе од одлична. Поздрав.
За мелазма би препорачала да разговарате со дерматолог за хидроквинон. Јас за темна флека од сонце по препорака на дерматолог од Америка кога живеев таму ставав крема со хидроквинон 2 месеци и целосно ја снема. Др. Дре на јутуб има одлично видео за кремот на differin со 2% хидроквинон кој го има на iherb. Ако дерматологот смета дека е океј, може од таму да го нарачате. Само имајте на ум дека не се користи долго пр. 2 месеци користиш, 2-3 пауза па, пак. И треба мнооогу спф. Кафени флеки што од мелазма што од сонце кои со години ги имало, ги вади. Знајте само дека е ова на ниво на третиноин - долго истражуван лек кој е лек а, не лабава крема. Поздрав девојки❤