Било кој од серумите на True Alchemy или пак серумот на Novexpert. Ги имам пробано, и можам да кажам дека се одлични. На сајтот на Белина ги има. Novexpert може е поскап, ама е солиден. Другиве се нешто поевтини, со различна концентрација (ти бираш кој го сакаш), ама имаат убав ефект, иако малку подолго време треба особено за флеки.
Здраво, некој да ми предложи нешто за лицето не сум имала до сега проблем па незнам и што да користам , немам црвенила немам воспалени бубулици ама целото ми е како со црнки и ситни точки, многу ситни брумчиња незнам што да користам како да го исчистам
Салицилна е најдобро за црнки и запушени пори. Има на Ревох во ДМ или на The Ordinary ако сакаш да нарачаш. Се почнува еднаш или 2 пати неделно, навечер, после миење, на сува кожа, пред крема да нанесеш. Претставува хемиски пилинг за прочистување на пори.
Здраво, некој да ми каже дали може матичен лекар да ми препише третиноин крем или мора да е дерматолог? (мислам дека може да се купи само со рецепта) Јас користам адапелен, но размилсувам да преминам на третиноин како поефикасна за превенција на брчки
Здраво девојки, дали има некој од Вас искуство со користење Сона крема подолг период? Ја користам скоро три месеци и сеуште имам исфрлување со акни (purging). Дали е тоа нормално и колку време трае тој период?
Здраво,дали имате искуство со овие производи на Revox? Сега користам на natura siberica тоник и серум за мрсна кожа,акни и флеки од акни. И ако знаете како да ги комбинирам овие серуми,кој насабајле кој навечер,и како да ги воведам во рутина.
Јас користам ниацинамид, салицилна и хијалуронска, пептиди не сум пробала. Но, ги ставам навечер, секоја вечер друг серум. Наутро само чистам лице и крем. Пробав еден период ниацинамид наутро, салицилна навечер не ми беше ок, како помрсно ми беше. А вака навечер ставам, насабајле ко ново лице да имам. Скроз ми се исчисти од акни.
А дали после серумот ставаш крема и каква крема користиш? И секако најбитното прашање после колку време на користење од серумиве ти се исчисти лицето?
Обавезно крема. На Афродита оваа. Први резултати по 3-4 месеци видов, лани во април почнав да ги користам.
Јас пред некој ден го купив овој гел за туширање како за толку кратко време добар е пола од акните што ги имав ми се повлекоа со подолга употреба сигурно ке поголем резултат, само што ја ставам и од тоникот од оваа линија и не знам кое повеќе ми помогна заедно почнав да ги користам и обавезно мачкај се со лосион/млеко јас го користам афродита лосионот со хијалуронска киселина многу е лесен брзо се впива што значи дека хидратира а не ги затвара порите што е најбитно за кожа склона кон акни
До лани летото имав стакло чисто лице (секако црнки ваму таму, ама воглавно чисто и мазно). Не знам од кога и како, ми се промени текстурата на лицето, образите на допир воопшто не ми се мазни ко порано, чувствувам испакнатини и на дневна светлина премногу се приметуваат. Понекогаш се како црвени точки но најчесто се кожа боја. Но во секој случај се приметуваат. Што можам да превземам?
Прашање до девојките со акни, што мислите за оваа крема ? Сега немам акни веќе одев на дерматолог, ама уште имам црвенила од акните. Дали е добра кремата да ја користам како хидратантна, да не ми направи нови акни? Инаку имам комбинирана кожа.