Девојќи јас ја користам колекцијата на еуцерин. Пилингот за лице, тоникот за чистење(кој потоа се мие со вода од кога ќе се исчисти лицето) и кремата за акни! Презадоволна сум од неа, сега лицето ми е кристално чисто, дури се чудам дека тоа е моето лице, малку поскапо ја платив скоро 3000 ден, од зегин ги купив ама не жалам воопшто, и ќе продолжам да ги користам дефинитивно. Порано ги користев на Нивеа пилингот и тоникот, ама со еуцеринот не се споредуваат! се на се... презадоволна сум
според мене за цистенје на лицето најубаво би било да се практикува само ладна вода,никакво средство.Сепак се зависи од типот на коза...јас лицно имам комбинирана коза со масна Т зона и просирени капилари.Исто така сат пат ми се појавуваат акни на Т зоната...особено пред мензис.Наутро го мијам лицето со дел за масна коза од Гарние,потоа ставам тоник од истата марка.Крем за лице воопсто не користам.Правам повремено маска од квасец на проблематицните зони.Навецер истата процедура од сабајле.Порано користев лосион Хлорамфеникол ама мн.ми го сусесе лицето и ме пецесе па го прекинав.
Ти го препорачувам Asso derm сапунот од Алкалоид и на сите кои го имаат овој проблем (јас го користам сабајле и навечер пред спиење и задоволна сум...), пробај па ќе си видиш http://www.alkaloid.com.mk/asso-derm-100g.nspx
http://www.alkaloid.com.mk/asso-derm-100g.nspx[/quote] Фала многу за советот. А колку отприлика чини сапунот? [/quote] Па околу 90-100 ден е, го има во аптеките..скап е малку ама вреди [/quote] Ахам. Не е скап, таман е. Ќе почнам да го користам, па ќе пишам резултати.
слушнав пофални зборови за кремата авене па решив да ја купам еве ја користам 1 месец ама нема никаква промена ПА БИ САКАЛА ДА ВЕ ПРАШАМ ФЕМИНКИ ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ИМАВТЕ РЕЗУЛТА ОД КРЕМАВА?
мене ми се прават мозолки на грбот и на рамениците и многу ме нервират на лето не можам да си облечам како што сакам,дајте некој совет дали некој има нешто користено за мозолки на грбот и колку му има помогнато ама да не се некои скапи креми
Дечки пробајте со кремовите на sebamed навистина помагаат, само незнам дали ги има тука, сестра ми ги земаше од Бугарија, пробајте навистина помагаат.
Ги има и овде во Македонија и кремови и гелови и тоници и не само за проблематична кожа туку за секаков вид на кожа,и не се премногу скапи,поевтини и од Eucerin и од Avene.
Веќе е пробано и ми има поминато...користам плус и други производи од истата козметика...користи го ќе ти помине ти гарантирам!
Јас веке три месеци користам лосион CHLORAMPHENICOL и кремата од ЛЕПТЕН има многу подобрувачки резултати па можеш да пробаш
Би сакала да пробам капсули витамин Е. Но сеуште не сум доволно информирана за нив, само знам дека и даваат сјај на сувата кожа и се добро решение против акни. Од луѓе што ги користеле овие капсули имам слушано само добри коментари, но не можам да се ослонувам на нив, секоја кожа си е различна. Немам проблеми со акни, но во ПМС, кожата кај јаболчниците знае да ми се нафрли и тоа ме нервира Ме имаат советувано да ја пробам кремата ‘Здраве‘ и да ги мачкам акните, као демек утредента ќе ги снемало. Ако на некој така му делувало, мене не. Или па си наддаваат луѓето, не знам што да речам.
Помагајте!!! На целото лице ми излегоа поткожни ситни бубулици. Демек бев на третман и ми ги извади дента и после една недела пак беа тука. Ниту можам да ги исчистам ни ништо. Пробав со некои од производите кои се препорачани од другите девојки и никако не исчезнуваат, најверојатно бидејќи се поткожни. Не се многу впечатливи на собна светлина ама кога ќе излезам на сонце колку и да имам пудра на лицето тие се забележуваат бидејќи целото лице ми е рапаво. Ако знаете некој лек ве молам пишете.
Најдобри резултати добив од Вит.Е. Си купуваш 2-3 таблетки за проба, ако не ти се појават резултати не мора да се користи, но резултатите се прекрасни. Витамините не се пијат, туку се купуваат (баш и незнам од која фирма се) оние слични на Омега внатре полни со масло.Се дупнува таблетката со игла и маслото се става на местото кое сакаш, пред спиење бидејќи е мрсно.Можеш една таблета да ја користиш 4-5 пати.
Здраво дечки, веќе една година сум членка на форумов. Моето лице е бааги влошено, имам 23 години, па добро бе пубертетот го минав!!! Зимоска почна да ми се влошува десниот образ (левиот е во ред) и тоа на десниот агол од устата акна врз акна, и денес се смири тој дел од лицето имам околу 7 точки на тоа место како лузни останаа. И мислам дека тие акни ми излегоа само од мобилниот телефон! BTW од зимата ми излезе една мала лиша на јаболчницата повторно на десниот образ (и пак мислам дека од мобилниот и од другарскиот поздрав, што "мора" да се бакнеме). Беше незабележлива лиша и еве веќе денес ми е розева како руменило да имам ставено 24 часа и за поголема беља почнаа ситни мозолки да ми се појавуват на тоа место. И секој октомври мене ми се случува некој кожен проблем што по 2 недели не се појавувам надвор, минатиот октомври нема да ја именувам докторката, популарна во Скопје, на мене се тестираше и ми го копаше лицето со нејзината ел. фореза и денес брадата ми е розева, дури модра Користив од Сашо крема, не ми помогна, се распадна во фружидерот. Што да користам за белези?? И да правам ли хормонско испитување, можеби од таму доаѓаат овие ѓаволештини